Мајки некоја да сподели мислење за Адела на ГАК за пораѓај, царски ќе ме пораѓа здравје така морам. Не ме интересира каква е како личност, стручноста нејзина за операцијата тоа сакам да знам
Toj doktor bara i zema pari. I ne se cudi. A tebe znaeme zosto te tintral. I ne e samo on, po drzavnite kliniki osobeno. Shto se cudish ko da si od Mars padnata?
А зошто на пример договарате породувања? Зошто бирате денови? Зошто плаќате? Да е во приватна ајде разбирам, таму плаќам па ќе бирам богами, ама во државна, да бирам... Отидов на слепо, ништо немав договорено, ниту пак знам кој ме породил реално, знам дека на дежурство ме прими една прекрасна докторка, дека беше најфина на свет, дека исто во сала беа сите фини па кога видоа дека сум заспала ме разбудија да си го видам детулето и дека од доктори во Чаир сум презадоволна од прв до последен. Не сум задоволна од сестри, болничарки и остали персонал, од докторите сум презадоволна. Немам дадено ни еден единствен денар!
Ама чекај малку, второто ти е родено таму? Ти веќе на договорен царски отиде (дека првото ти беше), знаејќи дека нема да те мачат со саати.....?
Јас како падобранец да се убацам во муабетот, колку пари отприлика бараат т.е. очекуваат докторите? Т.е. да ги частиме... не знам како да го именувам митото веќе... ама баш ме интересира некој од прва рака некој колку дал, во случај да треба и јас да давам да не се посрамотам со помалку, или па да го претерам.
Не, отидов зошто прокрварев, чекаа 13 саати да се отворам, не се отворив и ме породија царски зошто ниту еден прст не се отворив за 13 саати а имав одлепена постелка и пукнат водењак веќе.
Здраво женски, Имам читано коментари за неколку доктори од Жан Митрев али пак да ве прашам за искуство кој би препорачале за пораѓај. Се мислам за др. Ирена
Затоа што едноставно ти кажува самиот доктор декс мора да си царски,и коа ќе влезеш у 39та,ти кажува ден кога да одиш на прием. Не е тоа дека јас сакав да бидам царски,напротив сакав да родам нормалано,и ич нема да ми беше гајле кој доктор би бил на смена ако ме фатија породилни болки
Еве на пример со првото коа одев на цтг денес ме гледал еден доктор и ми вика дојди наредена недела пример во среда а он не е ни таму, само ми кажува временски кога да отидам пак, не е важно кај кого. Оваа бременост почнав кај Илиевски дека он случајно ме породи со првото на смена беше, и ми закажа кога ќе биде пак он за кај него да продолжам цело време. Му реков дека ако неможам баш тој ден ќе дојдам друг ми рече како сакаш, ако сакаш пак кај мене тој ден сум таму верувај не ми е до гужви да си правам. зборот ми беше, не му е до гужви да си прави ама сепак ти закажува он кога ќе е таму може така треба сите да прават ама јас му кажав дека он случајно ми се погоди на смена да не очекува некаков си договор па ќе видам сега дали ќе ми се чека толкав ред за обичен преглед секако нема да договарам никого и овој пораѓај
Гнаса гнасосана. Тоа не е жена. Таков однос селски и насилен. Поради неа никогаш нема да раѓам пак. Таков однос дали е стручен не знам.
Како доктор е добра, мислам првиот пат природно успеав да се породам поради нејзе, ама односот ако не и плаќаш е малце ужас. Иначе ако се договориш со нејзе и планираш да и платиш, ќе те тинтра. Јас со 2 деца не платив, на среќа одев, па не поминав така лошо. Ама за договорен царски не знам како оди, јас имав план 2 пати природно па не излезе така. А за кај Адела кешот спремај.
Ако ти си презадоволна не значи дека и другите се. И дај малку не се прави дека не знаеш како се договара царски на државно. Не договараш сам ништо, кога мораш царски докторот договара. Колку само да пишете некогаш е. Еве јас сум па презадоволна од ГАК, но тоа не мора да значи дека и некој друг е. Јас без врски супер поминав, другарка без врски во Чаир па прелошо помина. Не знам зашто мора да се водат луѓето по вашите искуства… секој различно поминува.