Тоа прашував погоре има ли цифра колку? Досега на прегледите не ми кажа ништо, а последно се договоривме да ме пораѓа кога ќе дојде моментот, рече нема да ме остави на друг/а. Пари таква работа бар мене не ми спомнала, стварно сега сум збунета ќе почастам нешто како и да е затоа барам совет од членките породени кај неа да ми кажат
На контрола кога отидов кај неа ,исто така ми рече. Јас ќе те породам не те оставам така а пари не спомна никаде За два дена отидов пак на контрола (зашто бев веќе 40недела) ама друга докторка беше тогаш и замисли мене ми бил "пукнат" воденикот т.е мало дупче имало ама горе некаде странично а не доле. Тоа се го пишувало во извештајот коа ме прегледуваше она и не ми кажала,зашто очигледно чекала пари да и понудам. Цела среќа што сум имала повеќе плодова вода па на бебуш ништо не му беше. Искрено она е врвен доктор,сите ја фалат ама ова со тарифиве за плаќање не ми се допаѓа. И ова со плаќањево не ми е јасно искрено ... Зашто да плаќам коа нели плаќаме здраствено... Ако веќе давам пари барем на приватно ќе одам.
Истиов муабет, Адела го имаше направено на другарка на другарка ми. Ќе те породам кога ќе дојде време ич немај гајле. И доаѓа времето, иде женава во болница , ја бара Адела и оваа и се дере по телефон, као што си замислуваш ти, јас треба ли да бидам за тебе достапна 24 саати, јас немам ли приватност. А пред тоа си лапнала 500 еврики.
А зашто бре ја плаќате. Ако веќе фрлате пари одите приватно. Бар знаете дека е регуларна цената. Не е само она докторка...
Секоја со своето, здравје да биде се како што треба тоа е најважно. Па ќе пишам како сум поминала кај неа или кој и да е како ќе се погоди