Па ти кажа ќе пријавиш. Каде? Адела во здив ја знам. Во собчето кога и влегов, јасно како бел ден ми стана се. И за неа не ми требаат приказни, она и сама ќе ти каже ако малце повеќе се знаете.
Сите се супер за кого и да се одлучиш јас бев кај др Златко Палчевски, и кога не беше на работа доаѓаше да ме види
Памучни улошки, мрежа гаќи, подлоги за пресоблекување за тебе, папучи, четка за коса, земи си сапун нема, пешкир за лице, можеш и за тело не знам колку ќе можеш да се бањаш, четка за заби, паста, полнач за телефон, за бебе памперс и марамици, крема не ми побараа, се друго можат да ти донесат качуваат на секои 3 саати.
Јас не би менувала доктор со кого веќе имам одлично искуство, само поради пријателска препорака. Болница – да, но доктор – не.
Пред 4 ипол години Докторката Адела ме водеше 9 месеци во многу ризична бременост и фала богу родив здраво живо детенце, сега повторно сум бремена и повторно она ме води. Јас сум презадоволна, премногу памти и е посветена на пациентите. Сите ми збореа дека ќе ми бара мито да спремам плик и слично но Докторката во ниту еден момент не ми побара ниту и дадов плик со пари. Во многу ситуации бев сведок и на дрскост од страна на пациенти кои и ѕвонат на сред преглед на телефон и очекуваат веднаш да бидат повикани да влезат бидејќи се трудни и неможат да чекаат.
Истото мислење го делам со тебе, корекна е и со мене и позитивна жена бар мене таков впечаток ми остави. Во такви гужви незнам како искача на крај со сите, лудница е на гак буквално и секоја трудница своја приказна