Моментално учам по историја за стар Египет и од таму сум инспирирана за да ја отворам темава. Постојат многу луѓе кои велат дека пирамидите се изградени од вонземјанци, што не ми се верува или дека се изградени од египјаните. Јас верувам во второво и сум цврсто убедена дека љуѓе ги изградиле пирамидите, а не вонземјанци. Сега некој што верува во првата работа, сигурно ќе праша, е како луѓето ги изградиле во тоа време, од каде толку камења и сл. работи. Па дајте луѓе ви се молам! Египјаните и општо, човештвото тогаш било каде, каде попаметно од денес. Ние денес отупуваме од времето губење на интернет. Како што напоменав погоре, моментално за пирамидите учам и во книгата пишува како ги граделе, си имале посебни начини. Со јажиња, па камења носеле од не знам каде, па ова-она. Што мислите вие на темава?
Јас мислам дека се изградени од некоја „виша сила“ ако можам така да се изразам. Не сум многу запознаена со овие мистицизми, но сметам дека основното го знам. Сега како што гледате се откриваат „нови“ работи, кои всушност биле откриени уште пред илјадници години. Вака знам понекогаш да прочитам книга за овие работи и гледам дека уште во пирамидите на древните фараони биле најдени скици на авиони, хилихоптери, па дури и нешто што наликувало на компјутер Не сум многу заинтересирана за копање по минатот и откривање на некои „мрачни“ тајни, па затоа се задоволувам со она што го знам. Е сега за тоа дали ги изградиле луѓето или „луѓето“ мислам дека никогаш нема да бидеме целосно сигурни,но сепак можеби некогаш ќе се најде некој доволно паметен да ја расветли и оваа мистерија..
Are you kidding me... робовите ги граделe за да ги погребаат фараоните... пирамидите се всушност гробници
Ете јас ви кажувам, мислам требало професорот да ви каже, пирамидите се граделе баш за таква да речам намена. Робовите верувале дека нивните господари засекогаш ќе останат запаметени, по нивната смрт и ги погребувале во пирамиди. Инаку пирамидите се лавиринти, има еден вистински пат до кој се стигнува до гробот на фараонот, каде се верува дека има и злато. Има и лажни патишта и нивната цел е да го збунат тој кој го бара богатството. Иначе забранета е посетата внатре во пирамидата зошто се лачат некои киселини кои може да предизвикаат гушење и смрт.
Пирамидите се гробници , и не ги граделе робови туку луѓе што си биле платени за таа работа . Задгробниот живот на еѓипјаните е составен дел од религијата нивна што била политеистичка се до доаѓањето на Екнатон кој ја создава монотеистичка , т.е. култот кон сонцето и еднинственото божество Ра.Додека била политеистичка , се верувало богот на подземјето Хорус ги пренесувал душите на оној свет и дека на фараонот му биле потребни сите благодети од земниот живот . Збриката од движни и недвижни наоди се состоела од семејството , слугите , органите на самата почината личност складирани во посебни вази , се до мебел , прибор за јадење , оружје , за жените накит. Се состоеле од сложен систем на градење од мермерни блокови што биле со иста должина и ширина , на крај биле премачкувани со специјален премаз кој на сонце создавал отсјај , што буквално пирамидата изгледала како огледало. Нема никакви киселини оставено , туку тоа си се бактерии и микроорганизми што се развиле во воздухот што бил со години таму , туку со самото отварање навлага нов чист воздух да речам и тие бактерии ги вдишуваат археолозите, барем во последните 100 год нема починато никој што ги отворил гробниците некако повеќе се смета и за мит таа теорија , испоумреле од што се испотепале кој да ги земе златните наоди не за друго .Единствени потфати се користеле само за балсамирањето на човековото тело , и течностите во кои се ставале органите во вазите.Интересен е фактот што мозокот го ваделе со вид на кукаста направа и тоа преку носот , а предходно одреден број на денови го сушеле телото од секаков вид на телесни течности. Голем удел во откривањето на пирамидите и останатите гробници има Артур Еванс . За јазикот дознаваме од Каменот на Розета , благодарејќи на него се дешифрирани и хиреоглифите од страна на Шамполион , самиот камен на себе содржи три писма старогрчко , хиреоглифи и демотско писмо ( упростено писмо од страна на египетските свештеници( тој период важеле за најучени луѓе) кое се користи за записи за администрацијата во тој период ) И таман работа да ги граделе вонземјани ! Кој го интересира повеќе имате бајааги статии за Египет , јас лично ви го препорачувам да го чиатате блогот на д-р Захи Хавас , кој им беше и министер за антиквитети на Египет , многу работи ги има убаво објаснето (линк во споилер) Мада површно се учи во основно и средно за Египет , и некои информации се лошо изнесени , што е жалоосно за оваа династија и сите нејзини споменици на културата е созададена една цела научна гранка, што и јас лично за време на студиите немав доволно време да навлезам Спојлер http://www.drhawass.com/blogs/zahi-hawass
сериозна си па баш можеш да се едуцираш преку интернетот али за некои интернетот за жал се состои од фејсбук,фејсбук и фејсбук... но нејси гледав документарец на дискавери у врска со пирамидиве каде што имаше одлични пресметки за неколку пирамиди од која до која година биле изградени , збореа исто за тоа дека не било возможно да биле носени блоковите од луѓе (да можеле да бидат пренесени од луѓе али ке траело мн повеќе и немало шанси да се изградат пирамидите во тој временски период, да речам 20 години). ми остави впечаток што рекоа дека блоковите (каменот) биле толку прецизни сечени за во тоа време со примитивни алатки така да се обработи мало сутра и да не должам многу земете гуглајте малце и ке најдете многу информации у врска со тоа дека е невозможно да се изградени од човек у тоа време
Подобро прашање е како. До ден денес излегуваат различни теории за тоа на каков принцип се градени. Првично беа прифатени тоерии дека најпрвин биле градени од надворешната страна, ама баш пред еден месец читав нови теории дека градбата била започнувана од внатрешното јадро со помош на цик-цак рампи. Има истражувачи и археолози кои целиот живот го посветуваат на анализа на пирамидите, ама нема некои утврдени факти. Не се ни знае со сигурност дали робови ги граделе, или слободни работници.
Едно време имаше емисии на странските канали, со Захи Хавас, интересни работи спомнаа, а особено она што ме импресионира кај пирамидиве е тоа што во горниот дел од самата пирамида направена е мала просторија, чинам ја имаат снимено и со камера внатре за да се види каква е просторијата, дали има нешто во неа. Инаку, да, гробници се на познатите фараони Кеопс, Кефрен, Микерин, од кои најголема е Кеопсовата пирамида.Да додадам, се сметало дека откако бил погребан фараонот, неговата душа како Феникс се издигнувала од телото и поминувала низ два отвори, поставени странично, продолжувајки го својот пат кон небото/универзумот и на тој начин фараоните биле поблиску до боговите.Чинам Хавас, го имал кажано ова, плус тоа што го споменав за просторијата, претходно.И исто, точно дека имало бактерии внатре.Имаше и такви констатации, за местоположбата на пирамидите, односно зошто се уште до ден денес постојат, а тоа да ти било нешто во врска со Земјата, поради рамнотежа...ова е повеќе шпекулација, што ја имам слушнато, отколку што е потврдено. А далеку од тоа дека биле градени од вонземјани, како што гледам сега во оние новите емисии за вонземјани, спомнуваат такво нешто.Додуша според нив се е вонземјанско За тоа имам спомнато во другата тема за вонземјани.
Епа сега ние учевме дека робовите ги граделе, јас така си знам иначе да има многу документарни филмови за пирамидите, каде археолози кажуваат зошто, што како
^^ сите тие се само тероии и претпоставки , бидејќи нема пишан запис за како точно се изградени , не може да има и тврдење . Јас кога го слушав предметот што ја обработуваше оваа тематика Професорот тврдеше дека се слободни работници , последно што читав дека се отфрлени сите заклучоци па така теорииве и висат во воздух , за сигурно уште никој неможе да каже
Ова ми го кажа чичко ми. Пирамидите претставуваат совршено геометриско тело, кое започнува од повеќе точки а завршува во една. Тоа е единственото такво геометриско тело. Како што знаеме пирамидите се користеле како гробници. Нивната форма ја претставувала поврзаноста на Господ со луѓето (мртвите во овој случај). Горната точка каде се се соединува го претставува Господ, а потоа надолу („разгранувањето“) поврзаноста на Господ со луѓето. Не знам дали ме разбравте
Во врска со ова, сега се сетив, според други, горната точка која го претставува Господ, има поврзаност со бројот 13, тоа место не е за човекот одреден.Како и тоа дека во нив имало многу енергија, ова инструктор по јога го има кажано.Причината за нивното опстојување се должи на енергијата која пирамдите ја содржеле.Ова е плус, како шпекулација од други кои се интересираат околу оваа тематика.Настрана, научното тврдење. Интересно пак што ништо не им штети, не се разурнати, па да се види нивната внатрешност, туку така цели стојат :geek:
Чудно ми е прашањево.. Па општо познато е дека пирамидите всушност, биле гробници за фараоните во тоа време. Плус уште во шесто одделение се учи ова.
Учевме и дека Кочо Рацин бил наглув, па не го слушнал предупредувањето на стражарот и затоа бил смртно застрелан. А всушност бил ликвидиран. Не е се онака како што не учат во школо.
^^ Дечки, дај не се заебавајте. Пирамидите се едно од најголемите светски чуда, т.е едно од седумте најголеми. Теории има милион, никој со сигурност не знае како и од кого се изградени. Затоа се до ден денешен една од најголемите светски мистерии. Ццц... што сè нема по денешниве учебници значи.
Сум гледала емисии за пирамидите и за многу други градби кои се од многу оддамна и ги издржале сите временски непогоди, војни и сите тие се градени само од човекот ( од робови ) сите си имаат некое посебно значење зошто и како биле градени, а во врска со пирамидите, да тие се гробници на фараоните и се правени од многу големи камења изрежани од карпите најчесто од пештери, вешто и многу прецизно поставени благодарение на умните луѓе од тоа време
Во една од Божјите објави примени преку Неговата пророчица за денешницата (1980/81 год.) кажано е дека пирамидите пред повеќе милениуми ги граделе фараоните кои вообразувале дека се божества со ним послушниот народ. Пирамидите според својот облик и распределба одговараат на негативните зрачечки полиња кои се наоѓаат длабоко во земјата и негативно влијаат особено на блискиот исток и други источни земји (особено долината на Јордан, Египет, Палестина и пустината Гоби во Монголија). Пирамидите имале за задача да ја наврзаат душата на починатиот фараон за мумифицираното тело и подрачјето на владеење како тој би можел во наредните генерации повторно да се врати (реинкарнира во ново тело) во регионот и повторно да стане владетел. Такво нешто на долгорочен план меѓутоа е невозможно бидејќи секоја душа и секој народ порано или подоцна мораат да положат сметка пред каузалниот закон, законот на причина и последица (што си дробиш тоа ќе си сркаш). Овие негативни зрачечки полиња и ден денес имаат штетно влијание врз човештвото (на пр. додатно ги поттикнуваат агресиите и насоченоста кон материјализам) и можат да бидат неутрализирани само доколку поголемиот дел од човештвото почне да живее според законите на божествената љубов кон ближните, што еден ден навистина и ќе се случи.
јас мислам дека пирамидите се изградени од вонземјани дека прво тие дошле на оваа планета и тие сега ја посетуваат оваа планета и се лоцирани од тие пирамиди
Пирамидите се огромноо издание, на одмор бев летово во Египет и бевме и кај пирамидите, толки се добро направени и големи што дури неможам да си поверувам дека ѓи правеле луѓе, служеле како гробници на фараоните, сега внатре нема ништо се што било пронајдено се наоѓа во музејот, влегов внатре многу беше загушчиво, тесно, и треба да се симнеш 20-30метра за да влезеш до долната просторија каде што всушност била гробницата. Имаше и други помали пирамиди одма до другиве три, меѓутоа не ги довршиле.
Постојат 138 пирамиди откриени во Египет до 2008 година. Повеќето биле изградени како гробници за фараоните на земјата и нивните сопруги за време на периодите на старото и средното кралство. Иако е општо прифатено дека пирамидити биле погребни споменици, сеуште постои несогласување на посебните богословски принципи кои можеби довеле до нив. Една од теориите е дека тие биле дизајнирани како еден вид на ``воскреснувачка машина``. Египќаните верувале дека темната област на ноќното небо околу која се чини дека ѕвездите се вртат била физички портал за во рајот. Еден од косите зраци кој се протега од главната гробница низ целото тело на големата пирамида се упатува директно кон центарот на овој дел од небото. Ова укажува дека пирамидите можеби биле дизајнирани да служат како средство за магично испраќање на душата на покојниот фараон директно во живеалиштето на боговите. Сите египетски пирамиди се градени на западниот брег на Нил, кое како место на заоѓањето на сонцето било поврзано со царството на мртвите во египетската митологија.