Обожавам да гледам филмови порано кога немав интернет тогаш купував, а сега само симнувам имам преку 250 филмови, па чим го наполнам компјутерот со филмови одма си ги преснимувам на цедиња па пак додека не ми се наполни компјутерот. Најмногу сакам да гледам психолошки, романтични и комедии.
Порано многу почесто, еднаш месечно (на интернет) гледав некој нов филм. А на тв, почесто оние кои веќе сум ги видела. Кога и да гледам реклама на некој добар филм, заборавам да го гледам. -.-
Уфф тешка тема...филмови...и јас незнам колку филмови изгледав од 20ти мај па наваму..а на компјутерот имам толку многу што почна да кочи и нема место за ништо друго..и сега се мислам кој е на ред за симнување
Летово се спремам да изгледам 120 филма Ќе ви се пофалам крај на септември дали е успешно завршена мисијата И јас порано купував, ама откако ни покачија интернет не сум се приближила во двд-тека. Повеќе се исплати да си го симнеш зашто можеш да го најдеш со многу поубава слика и со македонски превод. Башка и не се многу големи да ги симнеш Симнувајте си, зашто да ви пропаѓа интернетот кога како и да е на крај на месец мора да се плати
Порано редовно си глдаев, најмалку 5 неделно (филмофрик) Ама сега со факултет и се остало нема време. Летово маклимално ке се посветам и тоа сум им удрила мерак на италијански филмови, да си го повежбам јазико
Редовно си гледам филмови, неделно гледам по неколку, една од омилените занимации ми е. Убав начин за пополнување на слободното време. Гледам од скоро сите жанрови, а најмногу сакам комедија и психолошки филмови.
Моја љубов се хорор филмовите. Гледам редовно, посебно во лето, се случува да изгледам и 3-4 дневно. Кога сум позафатена во текот на годината, давам се од себе за да гледам почесто, затоа што како што кажав моја хорор филмовите се мое најголемо задоволство.. Тешко ми е да гледам филмови од било каков друг жанр, се чувствувам како да губам време. Call me crazy, but.. horror. <3
Сакам филмови. Ги сакам сите жанрови освен хорор За мене филм е релаксација, еден вид на уживање па и по малку фантазирање Летово ако не друго се изнагледав филмови На вакви горештини всушност и нема што друго да се прави
Сакам филмови...Уживам да гледам...Штета што немам многу време... Но не е исто кога филмот го гледаш во кино или дома на ТВ....Во кино еуфоријата е поинаква ... Али денес кино еднаш на 100 год :/
Порано стварно многу гледав, сега не толку многу, но сепак гледам. Најмногу гледам некои комедии, романтични комедии, романтични трагедии , акции, авантури ... Само научно фантастични, некои ептен забегани психо-драми и хорори не гледам.
Ја глеам многу филмови, неможе ден да ми помине ако не изглеам барем еден филм или една епизода од некоја серија, но не шпански и турски срања