ОБОЖАВАМ флмови, бидејки, како што веке некои знаат јас и Фејсбукот сме скарани, па откако завршивме засекогаш, се изнагледав филмови. Од ептен стари до најнови кои неможам да дочекам да излезе добра снимка па гледам кино-снимка. А, заборавив да споменам дека единствено мразам филмови кои се лесно предвидливи, и они акциони во кои 200 души бркаат еден кој на крај останува жив, и куршумите во пиштолот едноставно не сакат да му се потрошат.
Може да се смени прашањето?? КОЈ НЕ ГЛЕДА ФИЛМОВИ? ОБОЖАВАМ ГИ ФИЛМОВИТЕ Секоја(скоро) недела одам на кино....
Јас искрено не сум некој голем Фан за филмови ,, ама затоа деЧко ми .... он обожава филмови . НајЧесто коа заедно гледаме филм се слуЧува да си заспијам
Ретко глеам пошо интернетот не ми е доволно брз па не сум многу стрплива... А сакам да глеам комедиии и романтични
Од пред две-три години како манијак сум за филмови Речиси секој ден пред спиење си симнувам и гледам по некој колку и да ми се спие, па си ги внесувам и ги оценувам на имдб, а на крај на секој месец бирам од препораките и симнувам.Моментално во компјутер имам 30тина симнати и неизгледани филмови
Oткако почнав на факултет, најпосетена страна ми стана замунда Најсериозно! Се ми стана поинтересно од учењето И секако во компјутер си имам колекција од филмови за црни денови Еднаш без интернет останав 4 дена депресија ме фати. Среќа филмови имав еден куп, па истуркав некако. И сега одвај чекам некои добри нови филмови да излезат... Некако се овие новиве во последно тапа ми се...
Отсекогаш сум била, сум и ќе останам манијак за филмови. До пред некоја година незамисливо ми беше да гледам Војна на ѕвездите, Матрикс, Дистрикт 9 и други sci-fi филмчиња, сега со задоволство ги гледам и таквите, а да не почнам да зборувам за филмови базирани на стрипови... Зависно од периодот, сакам да гледам добри акции, трилери и драми, а некогаш и глупави тинејџерски лимонатки. Не знам ни самата навистина колку филмови имам изгледано, слично како Фемина90 во моментов имам над 30 симнати на хард диск и уште симнувам. Во состојба сум да изгледам и по 5 филмови на ден. После секс и добра книга, гледањето филм за мене е најдоброто потрошено време. Ако филмот е добар де, нормално. Обично филмовите ги проверувам на IMDB, moviefone, rottentomatoes... и други слични странички, па си ги оценувам, па им барам ситници и грешки... манијак!
Мене ме интересира каков интернет користите? Јас ќе симнам неколку филма и после интернетот за никаде
Јас имам од t-home 60GB.Е сега за моите апетити не стигнува, ама затоа последните денови од месецот ќе навалиш и ќе имаш залихи
Јас имам од Телекабел 50 GB и дефинитивно не ми стигнуваат. Гледам и спуштам и прилично многу серии и имам брз интернет до кај 20-ти во месецот. После се симнуваат со некоја гревна брзина од 25-30 mbps , ама го оставам компјутерот вклучен ден и ноќ и додека спијам, за 7-8 часа ќе се спушти филмот. Бавно, бавно, важно тука е на крајот.
Jaс сум имала ептен гревни моменти од по 4-5 kb/s, а вообичаено е 1mb, па уште од страна ми пишува дека ќе се симне за една година Исто гледам филмовите да се по околу 700mb, не летам по тие од над 1gb, а сепак се со добар квалитет.
Па и мојот е 50гига, си мислев да не користите некој неограничен, ама можеби дека јас имам рутер и интернетот се дели на 2 компјутери, што знам Сега наредив неколку филма демек да се спуштат за два дена и само еден се спушти за жал, па затоа не се нафаќам и серии да симнувам, оти знам која нервоза е бавен интернет. Значи таа е тактиката, филмови на залиха, а јас пак користев just in time систем, мислиш Јапонија е ова Фала ви девојки, ќе симнувам последните 3-4 дена од месецот
И уште нешто, гледај филмовите што ги симнуваш да се со што повеќе сидери и откако ќе се симне стисни на стоп, не оставај seeding.Нехуманмо спрема други што сакаат да симнуваат, ама хумано спрема твојот интернет Батали JIT систем, Македонија е ова
Иих, гледам и јас! Иако последно време се вртам повеќе кон серии, траат пократко па можам да си ги вклопам во распоредот. Не сакам хорори, друго се гледам. Хоророт ми е многу патетична филмска насока, повеќе ми е смешен отколку страшен. Јас симнувам многу, по цели сезони, епизоди, филмови во блуреј. Имам дома во Велес 200гб на располагање, Кејблтел се закон. (пу пу да не ги урочам ) Овде во Скопје, ни мртво ни живо пиле не пее на јутјуб, а не па филм да симнам. Цел месец ќе ги блокирам цимерките. Совет за симнување. Последните 5 дена од месецот компјутерот ви стои вклучен 24/7. И го искористувате последниот, проклет, БАЈТ кој сте си го платиле.
Не сум многу по филмовите. Не сум имала навика уште од средно, немам ни сега, освен ако некој ми го препрорачаат. Дома додека бев компјутерот ми беше во дневната соба, па требаше да ги чекам моите да си легнат кон 11 и пол/12 па дури тогаш да пуштам филм... па не ми се исплаќаше да пуштам филм.. не седев многу касно на нет... А овде сега во Ск, прва година гледавме со цимерката ама не често. Сега веќе конечно имам лап топ и многу филмови, ама ајде кој да седне и да ги гледа... порадо би шетнала...
Баш вчера броев колку вкупно имам филмови во компјутер од летото па навака. Едно 150 филма , плус кај дечко ми во компјутер, плус на цд-иња снимени, бидејќи немам место ниту кај мене ниту кај дечко ми. Сега го полнам и персоналниот што ми е дома . Си сметунвам речиси секој ден или пак, ќе сметнам повеќе и после си ги гледам. Дома имам мах адсл од 30 GB, а во Скопје го користам пакетот на Телекабел од 50 GB од кој не сум задоволна. Мах адсл се најдобри. Среќа што дечко ми има неограничен па си сметнувам без контрола, инаку каде ќе ми е крајот со сметнувањето на цели сезони на серии . Гледам се, од трилери до лимонади , само овие трансформерс, халк и сличните не ги можам, се друго поминува. Филмоман сум и тоа голем, редовно и на тв фаќам по некој филм, глуп не глуп, битно филм да е . Како мала, ај да не лажам до скоро си се замислував дека глумам во филм и тоа како агент на фби . На серии уште од мала сум навлечена, од шпански, турски и американски . По секоја завршена работа јас си се наградувам со филм, а богами и пред испит си се почаствувам. Е тогаш ми е најубаво и најмногу уживам .