Другарките и дечко ми ме сметаат за луда . Јас воопшто не гледам филмови ептеееен ретко, ама не ги гледам од причина дека седнувам (или легнувам не е битно) да гледам, гасам светло и после 15-20минути од филмот јас заспивам Не еднаш, не два пати илјадници пати ми се има тоа случено, а претходно и сум наспиена и се. И кога треба да гледаме филм со друштво јас подзадремувам а некој редовно ме контролира и ме буди за јас после ништо да незнам од филмот. Кога некој филм ептен ќе ми фати око го гледам на тури Луѓе и на комедии заспивам
Имам симнато десетина филмови во последните два мес. но ниту еден немам изгледано...Почнав еден до пола и немав време за повеќе...И сите се од тука, по ваши препораки, кога ви ги читам рецензиите веднаш симнувам, само за гледање уште си чекаат подобри времиња...Порано многу гледав, немаше филм што не ми беше гледан, а сега нема бебешки сајт што не го знам напамет...
Гледам доста многу филмови , симнувам од интернет , купувам цедиња во денот морам 1 да изгледам без разлика дали е комедија,акционен,хорор,романтичен .. Голем обожавател на филмчиња сум
Обожавам филмови, посебно хорори. Само да нема многу крвови, масакри, се друго се прифаќа. Комедии - сакам, но не толку многу. Не ми прават некој посебен мерак, плус не се смеам многу на филмови. Ама затоа плачам на филмови како луда, тие ми се еден вид на лек. Гледам кога имам време, најчесто за викенди и најчесто еден филм во две недели, за жал. И гледам филмови кога ми треба време за себе, кога сакам да си го разбистрам мозокот.
Секој ден си гледам филмови.Досега имам изгледано многу филмови.Гледањето на филмови ми стана хоби...
ooo да...обожавам филмови... најубаво ми е кога си сум сама дома...ќе си најдам филмче кое што ми одговара само мене ( комедија или романтичен ) пуканки ии уживањееее
до пред една година воопшто не гледав филмови,ама никој филм не знаев,освен титаник дечко ми неможеше да ме убеди да изгледаме некој заедно, а сега-не заспивам без филм. Морам да пуштам и да гледам некој.Преку лето пак кога сум слободна по 2-3 филма на ден гледам,па и сега кога имам малку по слободно време гледам по 2 дневно. И добро е,успеав да надокнадам се она што е познато а го немав гледано
Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија ЗНа4и секад ко имам време гледам филм.Зависна сум од филмови.Најмногу хорори.Денеска баш гледав еден хорор не беше кој знае шо хансел и гретел (ивица и марица).Слично како во цртанот,се губат во една шума,ја наоѓаат колибата на вештерката.А таа ги 4ува во подрум, заедно со уште некоти други де4ки,некое време ги 4ува,ги храни со слатки и благи работи да се здебелат па ги пе4е со моркови пиперки патлиџани магданос хахах ... Ама они пошто беа главни улоги нели останаа си живи
За филмови ич муабет не правам. Време секогаш наоѓам, и да имам милион обврски, на ден можам да најдам час и половина барем за еден филм. Понекогаш и три часа
можам да кажам дека сум зависна од филмови ,секогаш кога ќе најдам слободно време си гледам.Nајвеќе обожавам да гледам хорор последен што го гледав беше House At The End Of The Street .
Четири до пет пати во неделата си гледам некој добар филм дали сама или со де4кото сеедно,обожавам.Се опуштам,на ништо не мислам мн ми е кеф ко си изгледам така некој добар хорор,од кој подоцна не би можела да заспијам
Гледам почесто. Искрено секакви ги сакам, освем каубојските. Тие ме нервираат некако Само хорор гледам поретко дека ако гледам цел месец нема да заспијам
Зависник сум од серии и од филмови. Порано повеќе гледав филмови од секаков жарн, но сега немам баш многу време за филмови, дека постојано гледам некоја серија и неможам да најдам време
намногу гледам комедии и некои акции со пукање со тепање(онака интересни ми се) а хорор нема шанси да гледам, ке треба памперс да си купам 2-3 пакети и сите перници да си ги соберам околу мене
Филмови гледам значи премногу Многу сакам а посебно оние со авантура , бокс или пак некоја добра акција
Јас многу гледам филмови и серии.Секогаш кога најдам слободно време си гледам по некој филм или некоја епизода од серија.Секакви филмови гледам, зависи од расположението..