Пораснав гледајќи филмови обожавам да гледам филмови така кажано зависен сум од нив на работа мислам дома кога ке дојдам што да симнам од нет за д агледам.Највеќе гледам акција или трилер денот не ми поминува ако не изгледам по 1до 2 филма без разлика дали е постар или од поновите нема добро филмче што не сум го гледал. Дома преплавен сум со CD филмови ги имам преку 150-тина од времето кога се гледаше на DVD можам слободно да ги изнајмувам кој сака нека пише а имам доста и во PC не познавам некој таков што одвојува толку време гледајќи MOVIES .
Гледам филмови. Се опуштам со нив. Најчесто ги гледам навечер. Не сакам акции, историски филмови и научна фантастика.
Годината ми е поделена на 3 поголеми периоди кои траат сериозно =) 1.Негледање филмови ама ИЧ 2.Гледање серии и САМО серии 3.Глеање филмови, МНОГУ филмови, дење-ноќе! =)
Не гледам турски серии ама филмовите им се врв. Гледајте го филмчево, плачете и многу е убаво. Стварно екстра филм.
Филмови гледам редовно, серии не гледам. Глуп ми е тој концепт на 10 епизоди годишно, а и веќе ко да нема интересни серии како порано, ретко нешто да вреди.
Се согласувам за концептот околу сезонската дистрибуција на сериите, ама затоа има доста добри мини-серии. Кај нас дома се редовни на репертоар. Според мене Русите и Британците слободно може да се издвојат како едни од подобрите во овој дел од филмската индустрија.
Јас пак, на нек.периоди ми е поделена годината. Во едниот не сакам ништо, само трагам по уникатни, мистериозни книги . Од тука ќе се улетам по мини серии - адаптации на истите. Завршува тоа, па започнувам со режисери или актери, цела филмографија, и се тие па тие што ми се допаѓаат, новиве нешто не ме бендисуваат. Еве неделава сум на Дејвид Линч “закотвена“...и убаво ми е.