најмногу ми се допаѓа Западна Македонија , на прво место Струга , па Охрид , Преспа , потоа Кавадарци , па Струмица . Инаку јас сум од Штип и искрено не ми се свиѓа , највеќе поради ветерот и народот е за никаде...
градови Oхрид (само народот не ) Cтрумица, Kрушево, битола, велес не е лош, а најмалце од се, штип, воопшто не го сакам тој град, дури и ќе кажам го мразам, не народот, туку градот
Мене цела Македонија ми е убава! Незнам дали е моја, наша, ама во сите градови, каде сум била сите ме оставиле некаков посебен вечаток. Последен беше Велес, јас го доживувам како град еден од моите најомилени писатели, и го доживеав ваш така поетски Штип си ја има таа убавина на град на многу големи интелектуалци, на убавите стари песни, на многу борјните конфенкции и на луѓе кои секогаш наоѓаат за нешто да се насмеат и расположат. Битола ми е град на боемите, убаво шеталиште. Охрид го сакам заради убавиот чист воздух наутро. Како струга нависитна нема друга, луѓето се најпозитвни и многу љубезно настроени. Скопје, моето родно место, какво и да е, мене секогаш ќе ми биде убаво, замижувам на новиве статуи и споменици, и длабко во себе го чусвтвувам мирисот на старо Скопје, на чаршијата, на калето, на водно, на строто дебар маало.
Како градови ми се допаѓаат Охрид, Крушево, Скопје ( не дека живеам во Скопје, ама се има тука кога ќе видиш)
Прво Скопје, а ако се збори за природно богатство, високи, млади верижни планини, брзи, палави реки, прекрасни пејсажи и убавини, дефинитивно Западна Македонија! Често одам таму, едноставно прекрасно е. Најважен од се е чистиот, свеж воздух збогатен со чиста природа што на човека му влева живот! На лето богати шуми, пасишта, диви, брзи реки, дрвја во сите бои па на прв поглед изгледа како насликан, разнобоен цртеж, бујна вегетација едноставно прекрасно. На зима пак, СНЕГ. Снежна белина, идила, зимзелени дрвја што ги има безброј, некогаш сивилото што зимата го ствара, некогаш пак ѕиркањето на Сонцето зад острите планини. Воодушевена сум, мир и спокој. Природата била многу дарежлива во Западна Македонија
Мене цела ми се допаѓа, нема место што не е убаво. Ама кога веќе мора нешто да издвојам ,тоа е Охридско - Струшкиот регион...па Преспа, Демирхисарско, Прилеп...
До сега најмногу ми се допаѓа Берово! Одлично место за вистиски одмор. Пејзажот прави да се чувствуваш посебно. Нуркаш во боровата шума и одвреме навреме длабоко вдишуваш, се препушташ во рацете на природата и таа те носи во царството на мирот. САКАМ ПАК ДА ОДАМ
Западниот дел.. Кичево, Охрид, Битола... А од источниот дел само кај Крива Паланка, кај смоларските водопади
Секој дел од нашава мала државичка си има своја убавина. Западниот дел го красат Охридското езеро како и самиот градот Охрид, Попова Шапка, Маврово.... Источниот дел го красат струмичките водопади Северниот дел го краси, еден од најубавите манастири, Св. Јоаким Осоговски Додека пак во југозападниот дел се наоѓа и преубавата Битола
Скопјето наше и Охрид Секој град си има своја убавина, но сепак родниот град за мене е најубав, и луѓето кои живеат таму, но исто така и Охрид, сме оделе секоја година таму на лето, таму се случиле најубавите нешта... И другите места се убави, поготово Леуново во Маврово, таква тишина, таков видик и таква природа каде ќе има? <3