Источниот дел од Македонија-мистичен,неистражен,крие многу приказни кои сакам да ги чујам,крие вкусови кои сакам да ги пробам,воздух кој сакам да го вдишам.. А западна Македонија ја имам повеќе посетувано-преубава е. Едноставно нема дел од Македонија кој не ми се допаѓа..богата историја,стари манастири,ископини-се тоа е вредно да се посети и возвишува,а ја издвоив источна бидејќи поретко сум одела а и на многу малку места..
Охридот мој ама не си го менувам за ништо !! така да си знаете... Скопје бев саботата на концерт и кој ѓавол ме натера да останам 5 дена... дебил со еден збор ауууу колку вредел најмногу си го сакам
Неможам да издвојам некој посебен дел целата наша земјичка изобилува со прекраси места за уживање еве манастирот св Јоаким Осоговски посебно ми се допаѓа
Цела Македонија ми е убава, секое место си има нешто специфично, нешто убаво... но, на врвот ми бил и ќе остане Охрид - толку мистичен, полн со енергија, ух убавина
западниот е поубав-маврово дебар, охрид,стуга, галичник лазарополе,радика...но јас сум понаклонета и ги сакам повеке лугето од источна македонија,западњациве ми се поладни..
Западниот дел ама некако од мала посебно ме фасцинира со својата убавина,недопреност. Шар Планина...тие делови
Паа што да кажам сите се убави освен секој град си има своја убавина, и најмногу го сакам Охрид, Скопје и Битола. Сакам да си го прошетам тие градовите што ги кажав добро де сум бидена ама со друштво сакам јас. Не велам дека сите градови не се многу убави и тие се убави освен тие мене ми се градовите што ги сакам
Охрид поради многуте цркви и богатата историја на градот Крива Паланка и Струмица градови во кој има преубави места кој треба да се посетат особено Смоларските и Колешинските водопади.
Источниот дел. Скоро во сите градови сум бил, но мислам дека сеуште не ми е истражено како што треба. Има уште многу што да се види. Многу тајни крие Источна Македонија.