Вевчани ми е врвот. Сто пати сум била и никогаш нема да ми се здосади. Се губам кога одам таму, посебно кога ќе залутам накај подлабокиот дел кај изворите. Има некоја многу посебна енергија ова место и мислам дека колку и да сум напната, секогаш ќе пронајдам мир и спокој тука. Без сомнение би избрала да живеам во Вевчани, ако одлучев да останам во Македонија. Ми се допаѓа Охрид заради тесните улички кои му даваат на градот необичен изглед, особено оние уличките кои водат до калето, вклучувајќи го и самото кале. Маврово е местото каде комотно можам да избегам од сите. Она што најмногу го сакам е природата. Преубаво е во пролет и лето. Исто ми се допаѓаат симпатичните викендички збутани помеѓу дрвја на повисоките места. Истото важи и за Берово.
Мене некако највеќе ми се допаѓа северниот дел, така кога ќе тргнеш накај Австрија, Полска, па кога ќе стигнеш до Норвешка и Шведска најубаво е таму и да останеш.
Западен дел. Посебно од кога открив дека и корените ми се од таму, јасно ми е што ме влече натака. Галичник го издвојувам.
Па има повеќе места што ми се допаѓаат. Би го издвоила Охрид, посебно стариот дел од градот. Свети Наум исто ми е убаво. Старата градба на куќите, тесните улички, пристаништето. Исто и Маврово. Ми дава некој мир природата, посебно во пролет.
За мене западниот дел е убавината на РМ. Зеленило, планини, изворска вода, чиста средина, верски објекти, градби во духот на старата архитектура специфична за нашето поднебје, дрвена резба, плочник од камен... Неописливо волшебство. Самиот поглед ми создава чувство како да сум во друга земја. Спокојство исполнето со звукот на птиците и жуборот на водата далеку од урбаноста и секојдневната динамика. Маврово, Галичник, Лазарополе, Радика, Преспа, Охрид се местата кои го чуваат древниот исконски дух. Во контекст на ова на програмата на МТВ секоја недела се емитува документарен серијал со наслов Македонија од воздух каде се промовираат природните убавините на конкретно место.
Па можам да кажам дека ми се допаѓа секое место кое го имам посетено. Секој град си има по нешто убаво. Сакам планински предели од каде има преубави глетки, сакам реки и езера, сакам тесни улички со многу куќи една до друга, сакам исто така и големи булевари. Секаде има убавина.
Моето Скопјенце секако, и Охрид сум била во повеќе градови во Македонија ама овие два ми се највеќе во срце Вака од планини и природа Маврово, Вруток и Козјак
Од градови, Скопје и Охрид, а од планински места и природни убавини, Маврово и реканскиот крај, вклучително и велелепниот Свети Јован Бигорски, вистинска убавинаа! Свети Наум и езерото, не постојат зборови да се опише оваа волшебна природа, убавината и мирот што го презентира целиот манастирски комплекс. Ми се свиѓа и Берово, иако еднаш сум била, ама ми е ок. Лесновскиот и Лешочкиот манастир, заедно со околната природа, вистинска убавина! Пелистер со својата посебност, Преспа и уште многу други значајни места во нашата држава.