Желба ми е да ја прошетам цела Македонија, верувам дека секое место е преубаво. Имаме навистина прекрасна природа и убавина. А за луѓето, не би рекла баш. Луѓето се скрос друга приказна, друга тема за дискусија.
Аеродромот во Скопје, Охрид, па и тој во Битола. А ако зборуваме за природа, секаде каде што сум била ми е убаво, Пелистер ми е посебно во срцето, штета...
Целата Македонија ни е прекрасна, само треба желба да се посетат некои места, онака нај релакс ми е Марков Манастир, ем тишина ем природа, ем рекичка, онака за опуштање мозок ми е топ, Матка исто така, Здуње, Самоков, Говрлево црква св.Илија, Кузман и Дамјан, Јаболци а онака за прошетка и утриско кафенце на воздух и убав поглед на Скопје ми е секако нашето мезаменливо Водно..
Природните убавини се нешто што треба да се гордееме, поготово западна Мк каква природа има човече. Урбанизацијата во градовите за жал ни е на најниско ниво и тоа што беше убаво и малку средено се уништи.
Куманово(Бидејќи сум од таму),па Смоларски водопади,Скупи,Куклица,Охрид,Дојран,Струга,Берово,Кратово,и Крива Паланка
Прекрасното Охридско езеро, метрополата Скопје, Берово и неговиот чист воздух и на крајот Дојранското езеро.