Не дека сум од Охрид ама мислам дека Охрид и охридското крајбрежје е несто најубаво што го имаме во Македонија А дефинитивно најубавоп ми е Св Наум таму е прекрасно и се осеќам најотпуштено кога сум таму
Прво Скопје Потоа Кавадарци:големиот парк,кејот кој е преубав,костурницата,Фест Фуд Мерлин и уште многуу други работи Од Ваташа ми се допаѓа споменот за 12деца и браната
Ма Скопјево ми се допаѓа, никогаш не е монотоно тука. Од останатите, ми се допаѓа градот Велес, пријатно се чувствувам, сите се смирени, пријатни, но сепак ми недостига, брзото темпо на живот, на којшто сум научена. Охрид, исто така ми се допаѓа. Не поради езерото, туку убаво е пријатно, има многу интересни места за посетување. Крива Паланка е исто добар град.
Jaс сум пристрасна тука, би рекла источниот дел, сите мали градчиња му даваат многу душа. Би ви го препорачала Лесновскиот манастир, рибникот над Злетово, делот кај Куклици , Крива Паланка, Штип.... убавини. Факт е дека западниот дел е понаселен, посреден, позелен, го сакам секако, но истокот го доловува баш она магично чувство.
мене многу ми се допаѓа струмица и водопадите покрај неа,и смоларските и водопадите на колешино...прекрасни се!!! исто и над прилеп манастирот и кулите кај крстот...таму кога се шеткам мммммммм....уживам и стоби во близината на неготино(кај нас )е прекрасно местенце како во грција да се наоѓаш и таму има вакви историски рушевини
Мене лично југот,...самиот мирисот ,чистотата..рамното тло..овошките кои се карактеристични за овие делови и подрачја,...зеленилата мххх како би тркнала до Кожуф планина ееееее
Берово,Маврово...Ама пред се Охрид.Ептен го сакам.А и Скопје не е лошо.Па сепак тука си живеам. А, и да еднаш сум била во Гевгелија,летно време и не знам ама нешто волшебно ми има во градот.Имав чуство ко да сум на море когаа бев таму.А и не бев долго 2-3 саата и се воодушевив.
Еј Ирена...баш ми е мило што ти се допаднало Берово...ајде сега почнаа жештините па ајде пак навака, кај нас е прекрасно кога во Скопје не се дише...ќе си се покриваш со јорганче Инаку во право си за апартманите на Аурора...тоа ќе бидат ептен луксузни апартмани, дури ги нарекуваат "претседателски", така да тешко дека ќе можеме да си дозволиме престој таму...ама штое важно битно ќе може да си се сликаме прех комплексот поздрав и поминете си уште поубаво ако доаѓате наваму пак
јас сум од Берово..па можам да ти предложам престој Разгледај ја страната, па ако нешто конкретно те интересира, може да ми пишаш лп, па ќе средиме нешто Инаку цените ти се различни за секоја вила...ги имаш на страната http://berovobooking.com.mk/
Целата Македонија ја обожувам!!! Секогаш одбирам да патувам рано наутро или навечер т.е. за време на изгреј/зајдисонце. Во тие мигови мислам дека може да се види вистинската убавина на природата. Еве една фотографија од кејот на Вардар сликана во текот на минатата недела. Убавина!!