Охрид се разбира, потоа Пелистер, Смилево и Демир Хисарскиот регион, Маврово ми е преубаво! Има кај нас убави места, само треба да се заинтересираме и да ги пронајдеме!
Не знам дали имате слушнато за селото Куклица во Кратово.Вистинска атракција со кукли направени од камења а легендата вели дека тие настанале кога некој дечко им ветил на две девојки дека ќе се ожени со нив во ист ден без тие да знаат.Едната од горно и едната од долно мало.Прво била свадбата од долно мало па девојката од горно мало се слимнала да види што се случува.Кога го видела својот вереник со друга го проколнала него и сите гости на свадбата да се сторат камен како и таа.И навистина куклите се наредени како сватови на свадба.Многу се интересни ги имам посетено.
Ова е само мал дел од убавите места во нашата земја кои сум ги посетила и ми оставиле убав впечаток а има уште мноооогу други
Преспанската област,посебно селото Брајчино.Потоа Маврово,Галичник,Гари,Лазарополе,Смоларски водопади,Крушево,Галичица,Мариово...
Градот Охрид многу ми се допаѓа и западниот дел на Македонија, како што се : Маврово, Бигорски, Радика и многуте села кои го красат овој крај
Охрид ама овој град е шема само во лето а Битола е најубавиот град во шема е секогаш најубави ''чупина''-казано на битолски најубави машки браво за Биотла и уште е познат како ниќен живот
Вевчани и Охрид од југозападна Македонија, Бигорски манастир западна Македонија, Осоговски манастир североисточна Македонија, Велес имам најмногу роднини и Скопје бидејќи е најголем и најдинамичен град во Македонија.