Секој си има своја убавина,но дефенитивно сум за западниот дел...Почнувајќи од Маврово,Галичник,Дебарско,се имам искачено на Кораб и Стогово.Бев фасцинирана,нема поубаво чувство од тоа да стапнеш на врвот на планината и да ја имаш целата околија на дланка .Охрид,Струга,Вевчани и манастирот СВ.Јован Бигорски,се места кој мислам дека секој македонец треба да ги посети.
Aх најмногу ми се допага Охрид премногу спомени имам од таму и исто така многу го сакам и Скопје каде што имам поминато многу незаборавни денови.
За Македонија барем лично за мене важи познатоно, мало мало - ама техничарче. Со други зборови, навистина мала земја ама толку убави предели имаме, што и големите земји би можеле да ни завидуваат. Да, да не ме тепајте знам дека звучам како вовед во учебник по географија од времето на комунизмот, ама мене нашата државичка многу ми се допаѓа затоа што никогаш не знаеш со што ќе те изненади. А предноста е што, барем според мене, имаме некоја сурова, недопрена природа, која изгледа прекрасно и неповторливо а не како нешто веќе видено. Сепак јас ги сакам посебно: Демир Капија - заради прекрасната клисура и ако продолжам понатаму не можам да не го спомнам и Дојран. Западниот дел од Македонија почнувајќи од падините на Шар Планина (тетовскиот регион, Лешок ми е посебно драг), продолжувајќи преку Маврово, па до Дебар, и секако, завршувајќи во Охрид. Во Охрид на некој посебен, магичен начин душата ми се смирува во секунда кога ќе седнам покрај езерото, ах бе да можам со лажиче ќе ви го исркам езероно Охриѓанчиња мои Исто така Курбиново ми е посебно, дефинитивно вреди да се пешачи толку. Мариово, прекрасен регион - но за жал тој дел не сум го истражила толку добро а планирам еден ден. Од источна Македонија - кривопаланечкиот регион поточно Св. Јоаким Осоговски е мелем за душа. И за крај не можам а да не го спомнам Скопје. Вистински локалпатриот сум во тој поглед. Матка. Водно. Зајчев рид. Хром и делот кој се протега до Вардар. Дебар маало. Маџир маало...итн да не набројувам, има друга тема за Скопје. Знам де, шугаво, валкано, смрдливо, ама мое, и мерак ми е да се сопнам со штиклиштана во некоја скопска дупка, затоа што ако не се сопнам - како да не сум во Скопје
Нашата мала Македонија е убава има прекрасни места кој можат да бидат туристичка атракација да не посетуваат од цел свет ама за жал не се вложуваат средства вечно пари се нема. Малешевијата е една од убавите дестинации во Македонија. Малешевските планини со густата шума и надморската висина придонесуваат да има чист воздух. За одмор уживање и полнење на позитивна енергија само во Млешевијата ке го добиете. Пехчево,Берово,Смојмирово,Чифлико,Владимирово,Будинарци,Негрево одлични места за прошетка пешачење,дознаваш за нивното живеење,традиција и култура. Малешевци се едни од најгостопримливиот народ во Македонија. Пишувам и си ги оживувам спомените моето детство,младост летата поминати во тој крај. Пехчево мое ми недостасуваш те сакам имаш посебно место во моето срце. Ветувам наскоро ке те посетам.
1.Битола!Магичен град,град кој ме потсетува на детството,градот со многу убави моми а уште поубави момчиња!Градот во кој ја имав првата љубов...градот во кој секое нешто е поврзано со нешто.. Пелистер^ 2.Скопје!Моето Скопје.Ма какво да било секогаш ќе си остане во моето срце каде и да одам! Нашата улица Македонија^ 3.Охрид!Градот има посебен шарм...Иако се наоѓа 3 на мојата листа,исто е убав како и предходниве 2. Па другиве земји можат вода да ни носат покрај ваква убавина!
Да,сум била во Хрватска и преубава е.Крка,островите,Дубровник.Не викам не. Ама самото население во Македонија не сфаќа во колку убава земја живееме. Ги набројав само градовите кои мене лично ми се допаѓаат а Македонија има толку убавини што ни самите не сме свесни.Само сакам да си ја засакаме државичкава,без оглед на економската ситуција во неа. ^Матка ^Пелистер ^Мавровско езеро ^Смоларски и Колешински водопади