Струмица, Берово, Охрид, Маврово... и еден куп други помали местенца. Сум имала прилика да посетам многу од нив, штета што премногу малку сме развиени и воопшто не се инвестира во некои местенца. Па после зошто сите бегаат надвор. Има уште мнооогу да се работи кај нас за да почнеме да ги цениме и посетуваме местенцава низ Македонија
ја имам прошетано цела македонија и верувајте ми дека за мене поубав дел од западна македонија нема (иако јас не потекнувам од таму)
Вевчани. Многу ми се допадна. Такво мило, мало, мирно. Баш ми беше фино некако. Не сум многу прошетана низ Македонија, но ќе си кажам дека многу си го сакам Скопје. Воедно и Струга ми се допадна премногу! Штета никој не сака да ме дружи таму.
Цела Македонија ми еубава освен Скопје. Тој град нема дух нема ништо Македонско во него (статуата на александар не го прави македонски). Единствено кале и чаршијата се убави ама знаеме сите под чие водство се и колку е сигурно за шетање. Вие пак Скопјани тепајте се за кој да живее во Центар кој во Аеродром а во најубавиот дел од градот оставате да живеат ________.
Охрид,Битола...инаку за љубителите на планина им ги препорачувам селцата над Гевгелија кои се наогаат на прекрасната Кожув планина Ума,Серменин,Смрдлива
Офтопик : Колку само коментаров не ти е на место, тука не кажуваш кој дел ти се допаѓа туку го навредуваш за тебе може Скопје нема дух, но за нас , кои сме родени и живееме во него не е само парче асфалт, туку многу повеќе, и Скопје има дух и те како, само некои не се способни да го увидат и само напразно зборат . Патем скоро секој ден поминувам низ чаршија, јас ,САМА и види ништо не ми е, жива и здрава сум Онтопик : Од градовите во земјава ми се допаѓаат Битола и Струмица Од нашето ни убаво Скопје , Водно и Матка
Има уште многу време да пројде додека јас ги запознаам сите убавини на Македонија а ги има многу! Скопје си го сакам затоа што секој ден се повеќе се разубавува и за среќа некако успева да си го задржи оној стариот дух кој го прави да е прекрасен! Матка,Калето,крстот и мн.др работи само ја надополнуваат убавата слика..Охрид се разбира,наш бисер со огромен потенцијал уште повеќе да се развие но,народот нека се подзамисли малце! Струга;Вевчани исто така прекрасни,со преубава природа! Берово да не зборувам..пејсажи чист воздух,најубавото сирење! Крушево..со посебен дух и убавина..убава е и Битола,Струмица се изгради многу...убава е Македонија,мала ама со посебна магија!
Најмногу Струга.. За прв пат таму на одмор бев пред некоја година и се заљубив. Кога се вратив дома уште бев под импресии и плачев од што сакав да се вратам. Толку ми беше пријатно таму, атмосферата, прошетките попладне, преубаво..
Секаде секаде баш и не сум била иако Македонија не е голема, ама од тоа то сум го видела ќе кажам: Стругичка, Охридче, убава клима, убави градови, езерце, рекичка...мхмхмх, милина. А од селата би го издвоила Вевчани. Мирно место, тивко...изворите.. Изгледа водава ме влече...
Кога сакам да ги наполнам батериите и да се одморам од се околу мене одам во Берово . Таму имам први братучеди , ако сакам и цело лето можам да си седам . Обично ми се доволни 15тина дена за да се вратам во колосек и да бидам како нова . Летово посебно добро ми дојдоа . Единствено што понесов со мене беа маички на куси ракави и 6 големи книги да не ми биде досадно . Интернет се разбира немаше , а од програмите фаќаше само сител и мтв1 Посебно задоволство ми беше кога одев насабаље на езерото . За тамошниот воздух да не зборувам , како лековит да е. Одвреме навреме и струја снемуваше па неможев ни телефонот да си го наполнам ама ми годеше сето тоа , што ако бев цело време сама .Kомшии таму нема , на планина бев. За средување мисли е супер. Уствари не бев сама , Лаки кученцето ми правеше друштво се галеше од мене секогаш
Некако источна Македонија мене ми е поубава. Најубав ми е Струмичкиот крај кој има многу убави знаменитости и прекрасна околина, единствено на лето ми пречи што е премногу топло. Ама затоа на некои 60 км. од Струмица се наоѓа Малешевијата (Берово-Пехчево) каде човек може да се одмори да се освежи дури и во лето и да ги наполни батериите до максимум. Ми се допаѓа Охрид но не баш на лето дека ми има премногу гужва а јас кога одам сакам да се одморам, убав ми е Охрид за шетање ама гужвата ми пречи. И за крај кога сум во Скопје ја мразам гужвата ама затоа тука е Водно кое ми е прекрасно. Убаво ми е и на Матка само што за превоз некако Водно сега повеќе ми одговара кога пуштија линија до средно Водно. И последно кога бев на Матка имаше премногу нецивилизирани Албанци- Шиптари кои беа премногу вулгарни (збореа се и сешто мислат никој друг незнае Албански и плус нивното понашање беше многу неандерталско )
Неможам да издвојам некој дел или град посебно. Секој е убав сам по себе Еве некои од нив, Берово - за преку лето кога сакаме да избегаме од горештините и да се разладиме во планинскиот воздух Сега мислам дека е пуштен и Аурора Спа ресортот па е одлично место за викенд рекреација. Охрид, Шарпланинскиот предел (иако нема одено никогаш, ама сум гледала на тв, колку е само убаво зеленилото ) Вевчани...И таму е преубаво кај тие изворчињата студени во шумата. има и др убави места, ама мене овие ми оставиле посебен впечаток
Не сакав да навредам никој само кажав кој дел од Скопје ми е најубав и баш мака ми е зошто така се случува на Кале и на чаршијата.Една погоре пишала на Матка како поминала па никој не е навреден. Минувам и јас најмалку еднаш неделно на чаршијата и здрава жива сум ама баш оти најубавиот дел од Скопје го избегнуваат сите за живеење е ме боли да ти кажам. Странци кога идат ретко во Дебар маало кој оди да шета сите на Кале одат гледат што има таму и после да не ве чуди политиката на другите земји спрема Македонија. Еве во Скопје сум толку време немам осетено дух на град, во Прилеп уште првиот пат кога појдов одма го забележав мајтапџискиот дух по кои е препознатлив градот, во Струмица со првата купена мастика ке ги забележиш нивните ’’трговски вештини’’ и начинот на кој сакаат да те излажат , во Париз гордоста на Французите и романтичноста на местото. Не можеш ни ти мене ни јас тебе да те убедам и не знам зошто си ме цитирала. Ако си ме цитирала дека си навредена еве се извинувам ама што да правиме вистината боли.Мене како македонка ме боли зошто е тоа така а не ти таму што живееш. За секој родното место не е парче асвалт ама јас ти зборам за дух на градот кој би го забележал некој кој не живее таму.
Охрид и Струга , бидејки се наогаат покрај езеро,а обожавам вода. А Пелистер е најубаво место за релаксација и чист воздух