Кој дел од Македонија најмногу ви се допаѓа?

Discussion in 'Општи дискусии' started by Saraa, Feb 5, 2010.

  1. barby

    barby Популарен член

    Joined:
    May 22, 2010
    Messages:
    831
    Likes Received:
    8,452
    Галичник дефинитивно
     
  2. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Joined:
    Jul 20, 2011
    Messages:
    1,703
    Likes Received:
    1,924
    Gender:
    Female
    Денес баш гледав една емисија, посветена на градовите и селата во Македонија. Ми одзеде многу внимание делот за Кратово и за селото Куклица. За Куклица знаев уште одамна, но за приказната како настанале куклите не знаев.
    Кратово е интересен град, целиот во зеленило, со многу мостови и кули. Со стари градби. Мал град, со тесни улички. Не сум се интересирала многу за Кратово, но сега ми стана многу интересен град. Штета што патот никогаш не ме водел натаму..
     
    Buttterfly likes this.
  3. LinaMcCalebb

    LinaMcCalebb Истакнат член

    Joined:
    Sep 30, 2011
    Messages:
    20
    Likes Received:
    5
    Од градчињава фаворит ми е КРУШЕВО.
     
  4. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Joined:
    May 10, 2011
    Messages:
    1,637
    Likes Received:
    3,742
    Западна Македонија, Гостивар, Маврово, Галичник, Дебарско Езеро, Струга итн :)
     
  5. myst

    myst Истакнат член

    Joined:
    Sep 8, 2011
    Messages:
    59
    Likes Received:
    36
    Битола ми се допаѓа најмногу. Често сум одела таму, мајка ми е по потекло од Битола, и да можам таму би си живеела. На второ место ми е мојот роден град - Скопје.
     
  6. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Joined:
    Jun 24, 2011
    Messages:
    1,308
    Likes Received:
    881
    Gender:
    Female
    Западен и јужен ....
    Значи најмногу Битола, Охрид и Прилеп ;)
     
  7. Hiii

    Hiii Популарен член

    Joined:
    Apr 5, 2011
    Messages:
    1,427
    Likes Received:
    1,563
    Југоисточниот регион Прдејци и околинта :D Втор на листа југозападниот дел :)
     
  8. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Joined:
    Sep 13, 2011
    Messages:
    1,072
    Likes Received:
    621
    Скопје :) Охрид и Крушево :P
     
  9. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Joined:
    May 1, 2011
    Messages:
    1,508
    Likes Received:
    3,880
    Мојот Охрид :D...
    И целиот југо-запад, селата... :inlove:
     
    Hipica likes this.
  10. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Joined:
    Oct 4, 2011
    Messages:
    3,898
    Likes Received:
    4,903
    Gender:
    Female
    Ја сакам цела Македонија :l:
    Иначе прво ќе си почнам со моето мило најсакано Кичево...Не нешто посебно,малечко градче...ама како за родно место си го сакам највеќе...Нема некоја посебна убавина,двата манастири Св.Ѓорѓија и Свeта Богородица Пречиста вредат да се посетат,после Крушино...место за релаксација,убаво е.Порано беше поубаво,ама сега го запустеа.
    Потоа ќе продолжам со Маврово.Убаво место за одмор и релаксација.Искрено повеќе го сакам на зима. :)
    И Охрид.Охрид,Охрид убав мил ти за мене рај си бил.Ех,овај Охрид.Си има своја културна-историска вредност.Го сакам повеќе на лето,има повеќе луѓе,на зима некако пуст ми е :lol:
    И тука е моето најсакано Крушево.Место на кое го наоѓам мирот во душава.Манастирот Св.Преображение,ми е особено драг.Преубаво е Крушево.
    И ќе завршам со Битола :) Ја обожавам Битола,посебно ми е драга.Атомсферата која владее во градот е посебна.Исто така местото Хераклеја го обожавам.
    Немам шетано по градовите низ Источна Македонија и незнам какви се,сум била само во Кочани.И другите градови само успат ги имам поминато.Се надевам еден ден дека ќе ги прошетам и тие делови на Македонија ;)
     
  11. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Joined:
    Jan 10, 2011
    Messages:
    1,221
    Likes Received:
    1,936
    Охрид и Поречкиот дел. :)
     
  12. interesna

    interesna Популарен член

    Joined:
    Jun 7, 2010
    Messages:
    1,919
    Likes Received:
    674
    Охрид, Струга и Битола убави стари градби, во Охрид како да сум на море, што чудо од езеро ќе беше, кристално чисто, поготово кога ќе го осветли сонце, а навечер месечината, аххх романса како од приказните. Во Битола низ тој широк сокак како да си во некој аристократски град... преубаво, на друго место освен Скопје не сум била, во Скопје кањонот Матка непроценлива убавина, особено реката, езерото кое води до пештерата аххх со саати би уживала во погледот.
     
  13. veri

    veri Популарен член

    Joined:
    Jan 14, 2010
    Messages:
    3,061
    Likes Received:
    1,480
    Го прочитав овој интересен податок за рудник со редок минерал во Македонија, па мислев дека е најдобро да го споделам во оваа тема. Колку богатства имаме во нашава земја, а не си ги знаеме.


    '' На територијата на Република Македонија постојат богатства кои ги нема ниту во една друга земја.

    Ова мало парче земја својата убавина и вредност ја потврдува гордеејќи се со сето она што може да се најде на нејзино тло.

    Алшар е рудник на планината Кожуф во кој за првпат е откриен талиумовиот минерал лорандит.
    Денешното име на рудникот е кратенка од првите букви на имињата на луѓето што управувале со него во првата половина на 20 век: Алатини, француско банкарско семејство и Шарто, рударскиот инженер.

    Во 1986 година, тогашната југословенска власт го почнала проектот „Лорекс“, во кој биле вклучени десетина научни институции од Словенија, Хрватска и Македонија.
    По распадот на СФРЈ, сите активности околу рудникот се запрени.

    Денес, Министерството за животна средина се обидува за Алшар да издејствува статус на заштитено подрачје.

    Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е токсичен. Употребуван е во електронската индустрија и за изработка на стакло.
    Исто така е употребуван и во отров за глувци и инсектициди.
    Лорандит или талиумов арсеничен сулфат (TlAsS2) е минерал и за првпат е пронајден во Алшар. Крстен е по унгарскиот научник Лоранд.
    Лорандиот е редок минерал со кој се смета дека би можело да се дојде до бесплатна енергија.

    Се смета дека го има само во Македонија а можеби и во Шри Ланка.
    Во 1978 е одржана тајна седница на владата на СФРЈ на која се разговара за тоа дали рудикот Алшар да и се препушти на НАСА за да врши истражувања која наводно би го користела лорандитот за вселенески истражувања.

    Во македонскиот рудник Алшар на Кожуф има и лорандит, минерал на талиумот, кој служи за да се детектира, да се лоцира неутринот, кој пак има директно потекло од Сонцето и единствено на планетата го има тука.
    Талиумот во Алшар, а со тоа и неутринот, по своето количество е светски, планетарен раритет. Ако се успее да се одвои неутринот од талиумот, нашата планетарна наука ќе ги разбере процесите со чија помош се генерира енергијата на Сонцето.

    Футурустички, ако во тоа успееме, човекот, буквално, ќе може да произведува мали сонца, кои по негова желба, ќе можат да се палат и да се гасат.
    Овој рудник во светската наука е извор за проучување на минатото и на иднината на вселената.

    Рудникот Алшар се наоѓа триста метри од малото село Мајден, во длабочината на Кожуф, во Општина Конопиште.
    Во неговата внатрешност се влегува низ осум широки отвори во земјата.
    Во него, над пет илјади години се копа злато, талиум, кристали на лорандитот, антимон кој служи за легирање на тешкото оружје и други минерали што ги има само во овој рудник.
    Два од осумте отвори на јамите од подземните копалишта се долги шест илјади метри со калдрма, денес многу оштетена.

    Познати светски геолози овој рудник го нарекуваат најчувана тајна на нашата планета. Некои него го вреднуваат и како најголема тајна на човештвото, бидејќи во неговата утроба, наводно, се криела тајната на постанокот на космосот и на Сончевиот систем!

    Рудникот "Мајден" го добил името Алшар според презимето на првите странски сопственици, Французите Алатини и нивниот инженер Шарито, кои овој рудник го експлоатирале меѓу 1913 и 1923 година.
    Меѓу другото, тие рудата антимон, со највисок квалитет, ја користеле за потребите на француската воена индустрија за изработка на челични цевки на топови.
    Антимонот и другите ретки руди од Алшар биле познати уште во времето на првите човекови цивилизации.

    Лево, на двесте метри од Алшар има еден вечно зелен рид на кој не смее да стапне ниту човекова нога ниту преживари.
    Во земјата на ридот има талиум, отров многу поопасен и од арсенот (го има во помали количества), од кој, ако се внесе во организмот го соборува секој крупен добиток што се напасува таму.

    Уште полево од Алшар и од ридот, се наоѓаат извори со топла вода, а наспроти нив, на крајот на селото Мајден, селаните експлоатираат некаков бел минерал со кого ги перат алиштата, ги мијат садовите и ги чистат сите простории во своите домови.
    Овој природен правкаст минерал го има во неограничени количества.
    Волшебниот маѓепсан терен околу Алшар, познат меѓу староседелците како Црвена Долина, е вистинска енигма за научниците.

    Тоа е исто така значаен флористички локалитет којшто се карактеризира со присуството на растителните видови: алшарска темјанушка (Viola allchariensis) и арсенската темјанушка (Viola arsenica), кои претставуваат македонски ендемити.
    Локалитетот, под името Алшар, е запишан во Списокот на CORINE биотопи за Македонија''.

    Извор - http://kurir.mk/makedonija/vesti/48506- ... covestvoto
     
    lattie and TheIdealMe like this.
  14. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Joined:
    Jul 24, 2011
    Messages:
    255
    Likes Received:
    122
    Вљубена сум во Хераклеа и делот со Водопадите и Охрид покрај езеро.
     
  15. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Joined:
    Jul 14, 2011
    Messages:
    763
    Likes Received:
    653
    Абе Македонија цела е најубава! :inlove:
    ама вака највеќе сум за Куманово (што се подразбира :P ]:) ), а второ на листа е Крушево, од градчињава. А иначе најмногу ми се допаѓа југо-западниот дел на Македонија, посебно издвоен е Пелистер. :)
     
  16. Justice

    Justice Истакнат член

    Joined:
    Oct 17, 2011
    Messages:
    340
    Likes Received:
    91
    Скопје,но и Охрид е многу убав град ;)
     
  17. CaperucitaRoja

    CaperucitaRoja Истакнат член

    Joined:
    Aug 30, 2011
    Messages:
    467
    Likes Received:
    320
    Gender:
    Female
    Јас гласам за цела западна Македонија!
     
  18. Afronija

    Afronija Активен член

    Joined:
    Nov 23, 2011
    Messages:
    51
    Likes Received:
    9
    Скопје, Маврово,Берово :)
     
  19. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Joined:
    May 11, 2011
    Messages:
    3,458
    Likes Received:
    7,886
    Западниот.
    Крушево, Прилеп, Битола.
    Можеби затоа што горе-долу скоро сите градови сум ги посетила.
    Од источниот само во Струмица сум била, така да врз основа на посетата на еден град не можам да бидам повеќе за источниот дел. Ах да, и на Пониква сум била.


    Ама Скопје си е Скопје. :inlove:
     
  20. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Joined:
    Jul 17, 2011
    Messages:
    758
    Likes Received:
    3,660
    Западно-Мијачкиот дел и делот околу Прилер се препреубави. Многу убава земја си имаме само што за жал луѓето се ужас и тотално несвесни (бар повеќето).