Јас сум негов и Скопје е мој град... Да,мене Скопје најмногу ми се допаѓа,не дека е мој,но градот има дух,градот живее.. Да бидам искрена има моменти кога едвај чекам да го напуштам,толку ми е досаден и преку глава,што се би дала да го напуштам..И ќе го напуштам.Но каде и да сум пак си чувствувам една празнина во срцето,ми фали дома,ми фали Скопје..Колку само се радувам и ме обзема топлина кога ќе го видам знакчето Welcome to Skopje Има Скопје недостатоци,но јас си го сакам таков каков што е Mи фали преполната улица Македонија,во зима убаво украсениот плоштад и миризбата на костени која е раширена ми се чини се до Камени мост.Во лето пак,сите облечени во лесна облека,се жалат од топлото и пијат од околните чешми,пензионери седнати на клупите во жена парк разговараат и им даваат храна на гулабите...Преубавата глетка преку Вардар,накај Кале и сега новите изградени објекти.Чичко Стоилко,секогаш кога ќе се чекаме,се чекаме кај чичко Стоилко..Секогаш убаво украсената Партизанска,Ленинова во есен...После убава забава,јадење во Мекдоналдс,најубавиот сладолед од Ескимо и најубавото кафе од Кофи Шоп.Колку сум јас самата заљубена во својот град,можам да напишам уште 23324432 страни,но доста е,мислам барем дека е доста.Ако не е,ќе го надополнам со слики мојов пост Spoiler Spoiler Spoiler
Цела Македонја е убава! На ова мало парче земја има толку прекрасни глетки,толку убавина собрана на едно место,убавина која што не е сеуште целосно откриена,а за жал уште долго ке остане така
Скопје,Маврово,Охрид,Берово и обожавам да одам во селата ,секогаш кога одам во Македонија,мислам кога се враќам одам на досега напроените места, а , и братучед ми секогаш ме води во различно село убаини
Цела Македонија ми се допаѓа!!! Можеби во градовите не е толку но има некои места во шумичките кои оставаат без здив!
Да признаам сум видела само мал дел од Македонија и од тоа што сум го видела најмногу ми се допаѓаат Струмица и Охрид. Претпоставувам дека Маврово и Крушево се исто така многу убави, па би сакала да ги видам .
Охрид Не дека сум од таму ама најубав ми е па Маврово исто така мн ми се допаѓа има свеж воздух мир и спокој
Што да ми се допадне од Скопјево подалеку не сум видела а да Крушево т.е. само шула мина ја памтам кога јадевме,земавме послужавници како во затвор редица од почетокот на салата до крај Се надевам дека кога ќе работам ќе имам доволно пари и можности да го прошетам светот.