Јас се сакам цела од пети до глава, мојата нога права и косата бушава, моите уши, нос, заби и сите останати органи . Не патам од никаков комплекс па да се трудам да го прикријам, или пак да имам одреден дел кој што најмногу го сакам. Се мислам едно 15 минути, дури и песна смислив и заклучив дека очите си ги сакам најмногу, а до некаде и задникот (иако знае да прави проблеми-да не го собира во тесни сукњи и фармерки ). Очите можеби заради тоа што има перфектен вид, џоа сокол сум, и заради тоа што никогаш немам константна боја. Варираат во повеќе нијанси, а и обликот е добар и моите убави, густи и долги трепки. Задникот го сакам оти ми е народски кажано тртлест, а најмногу го сакам поради тоа што и после изедените милион сендвичи, хамбургери, пици, печења, палачинки, торти, еклери и т.д. немам целулит. Добро де, не да немам воопшто туку само со ептен јако стискање се познава, но за тоа сум им благодарна на мама и тате, заради гените кои ми ги пренеле. За добрата мускулатура и цврстината на задникот е задолжен Петко, често го масира а и често ме доведува во ситуации кога морам да го активирам .
Нозете, иако малце сламкасти, ми се допаѓаат како изгледаат. Струкот, па што да не. Рацете, ама само горе, бидејќи доле кај зглобот ми се тенки, бетер од сламчиња.
Јас најмногу се гордеам со мојот задник. а и лицето не ли е лошо. од деловите од лицето усните и очите ми се омилени.
Косата ако ја сметаме како посебен дел од телото, одделно од главата И забите си ги сакам. И струкот, малечок
Ма јас у глобала цела си се сакам и си се галам велејќи си - ај шо си ми убава, битно да си здрава! После бањање имам крајно нарцистичко - хедонистичка сеанса со моето тело, шо би се рекло, сам себеси го сакал. Се мачкам со млеко за тело бавно и си се посветувам максимално. Ми иде да си ги бубнам рамениците и рацете, па потоа контам колку ми се нежни и нозете, ма ми иде и нив да си ги бубнам Стомакот да не правам муабет, стегнат, мазен, абе мераци! А за дупето па ич ич да не ви го спомнувам! Ма цела си се сакам. Дај Боже да сум здрава пу пу - од здравје има ли нешто поубаво?
Mислам јас мојта уста не ја ни приметувам,ама многу женски и фрлиле око... Спојлер Богами и на фоумот има такви.