Епа еве прва кометирам Јас си имам многу соништа - Сакам да завршам факултет - Па да си најдам убава работа - Да си имам своја куќа - И да сакам да го прошетам целиот свет Па се надевам дека барем нешто ќе ми се исполни
-Да си најдам добра работа -Да имам своја куќа -Да имам близначки -Да го прошетам целиот свет, а особено да отидам во Парис
да го прошетам светот, посебно New York i Istambul, да отворам своја фирма да имам близнаци ( не е важно дали машки или женски )
Да успеам!Да оставам некаква трага во историјата..Да видам се,да прошетам се,да помогнам на многу луѓе..
пред се да бидам среќна да го најдам вистинскиот партнер да имам убава голема куќа со голема градина да појдам на карибите да имам близначиња иии една убава спортска кола
Да летам. Ок, не. Можеби звучи нереално, глупаво, и ко оние гускине без два грама мозок, мисици со плитки мозоци, а длабоки деколтеа...Но јас навистина посакувам мир во светот. Мир...мишн импосибл, нели е? Посакувам сите пакости, зло, немири да исчезнат. Зошто да се убиваме? Зошто да се мразиме? Зошто да живееме во страв? Сакам и да не постојат религии, вери, држави..Сакам, да, и места како Нарнија да постојат...Каде што, би живееле без предрасуди..Каде што историјата на народот, не би била битна...Ниту дали ќе си Македонија или фиром...Каде што со тебе ќе се однесуваат човечно, без разлика на тоа дали си маж, жена, дете, па и животно. Сакам...ма ни јас не знам што сакам. Сето тоа ми се чини нереално, невозможно, а и е. Би рекла...да се редуцира бројот на злобни луѓе. Можно ли е? Во сите има добрина...барем малку, но сепак има. Сакам...оооооо, пливам во океан на фантазија и невозможно. Доста Ангела, престани. Не си самовила, ниту пак имаш магично стапче. Се што можеш да сториш, е да типкаш бројчиња и да го донираш она што го имаш во хуманитарни акции. Но судејќи по природниот прираст, наталитетот...драга, безнадежна си. United we stand - for peace in the world.
Сега за сега единствен сон ми е да можам да заминам некаде,по можност во Австралија ,да најдам работа,убаво да се снајдам и срекно да си живеам со моите најмилички...
Многу сум скромна -Да завршам факултет -Да се вработам на брод -Да го прошетам светот -Да се омажам во Америка прилично скромна сум
Во мојата листа на желби го додадов и Tomorrowland, летово ќе биде во Белгија За ова лето не верувам да отидам ама наредното ќе одам секако !
Да имам успешна кариера и да ја работам работата што ја сакам Да се омажам со НЕГО Да патувам низ светот И исто како феминката над мене и мој сон е еден убав walk-in-closet полн со штикли!
да живеам на некоја ваква плажа, по можност со тој што (моментално) го сакам, а ако не со него ќе се снајдам таму некако, always an optimist едноставно на вакво место според мене, не можеш, а да не бидеш среќен.. изолирана плажа каде што нема да морам да се справувам со градот, злобата, оговарањата, каде-вечер моментите и слични глупости што вообичаено и (не) по моја вина ми го окупираат денот. ах пусти сништа, but one day who knows ...