Паа сон кој се надевам да го исполнам е да одам во Париз со другарките Има време за тоа, али уште сега си правиме филмчиња
Единствен сон сега ми е да го заврашам школувањето и после да си станувам во 10:00 како директорка некаде...
мојот најголем сон хммм ги има многу: сакам да помагам во хуманитарни акции на пр на деца би го направила тоа кога би имала свои пари, сакам да доживеам накоја незаборавна авантура со превиок адреналин... мојот животен сопатник би сакала да е совршен маж кој би ме разбирал со поглед и сакам да има доверба во мене... и уште што ли не...
Сакам да сонувам,сиништата се понекогаш тоа што те прават жив.Имам многу соништа кои сакам да ми се остварат најголем сон ми е кога ќе ги завршам студиите да заминам во Лондон и да станам еден од најдобрите психолози.Се надевам дека мојот труд ќе се исплати
Со Мисирот мој, здравје, еден ден, да основаме среќно семејство, со два мали патуљаци што ќе трчкаат низ домот. Да станам успешен представник на белиот мантил, и да се гордеам со тоа. И да потрошам неколку месеци, или пак година, да ја доживеам Куба во секое свое светло
Да најдам вистински пријатели...да бидам барем еднаш во животот навистина среќна-да нема некој што ќе ми ја уништи среќата...да бидам со човек што навистина го сакам и со кој големите проблеми ќе ми изгледат како малечки
Дефинитивно да станам врвен спортиста...да ја сонесам Македонија во врвот. А други две работи се, моето семејство да си го среди проблемот што го има и да останам со саканиот.
Да одам во Шпанијааааа многу го сакам шпанскиот јазик , откако ке завршам факултет да работам во банка и да си останам засекогаш со моето срценцее.
Сакам да ослабнам, да завршам факултет на време, а со тоа и да се вработам како што треба и секако да бидам успешна и во работата и во семејството
Да завршам факултет,да си најдам добра работа,да ослабнам 7-8 кг.,да си купиме стан со дечко ми и да си се земеме
Да бидам среќна. И да бидам со тој што го сакам.Дефинитивно најголем сон ми е тоа. Сакам да завршам факултет,па потоа да бидам професионален актер. Да создадам семејство
Да бидам успешна,богата и сакана . Тие три работи тешко заедно одат ама сепак тоа е тоа што сакам . И да го прошетам целиот свет ,да нема место кај што није стала моја патика
Фала богу дека да завршам Факултет Ама еден од најголемите соништа ми е да носам некое презиме од некој шпанец Ептен ми се срцкасти