Да бидам успешна , да имам добра работа , семејство , добар маж и слатки дечиња и да заминам на пат околу светот .Малку барам
да завршам факултет да се запишам да постдипломски,да стекнам знаење да патувам да имам добра работа и да се омажам со тој што го сакам ,дечиња,куќа,коли итн
Да бидам здрава, успешна и самостојна жена. Што ќе може да си ги дозволи сите помали и поголеми луксузи што ќе ги посака благодарение на својот труд. Да имам здрав и близок однос со луѓето што ги сакам. Да изградам цврста фамилија, што ќе се држи заедно. Да имам постојана среќа тоа ми е најголемиот недостижен сон. Зошто среќата е најмалку постојана.
Да успеам во животот, да бидам реализирана, независна жена, а сето тоа ќе можам да го остварам само доколку имам добро здравје. И секако, добро здравје да ги служи и моите најблиски. Сакам само да имам еден убав, пристоен живот кој ќе ми пружи можност за задоволување на моите не толку големи потреби (па и за понекој луксуз)
да завршам со факс. да се омажам за сегашниов господин и да си створам фамилија, да си отворам сопствен кафиќ и да напишам книга..(книгата е почната до 50 страна сум..ако некогаш ја допишам девојки ќе добиете по еден примерок )
Да бидам среќна, да бидам успешна и да ме служи здравјето. Друго не сакам. Ако ова го имам, се само ќе си дојде..
Да си најдам убава работа, добар маж кој што ке ме сака почитува и се останато и тоа ми е сосема доволно. Се останато ке си дојде само. А да, и да си ги изживеам годините најубаво што можам.
Да го завршам факулетот пред се, а потоа, да бидам самостојна, успешна, да ја имам работата за која посакувам цел живот, убава плата итн. И после тоа, да си оформам семејство, да живеам во убава куќичка (онака како што си ја имам замислено јас) и до мене да имам маж кој ќе ме почитува и сака. А паралелно на ова, сите околу мене да се здрави, среќни, задоволни и сложни. Се ќе си биде на свое место ако има разбирање и почитување.
Да завршам факултет.. не не прво средно па факултет.. Да одам у Париз,Лондон,Копенхаген, и така да го прошетам светот..Да имам едно дете и тоа да биде машко со убави сини очички..
ИМАМ МНОООГУ ЗНАЧИ МНОГУ СОНОВИ АМА НАЈГОЛЕМ ВЕРОЈАТНО МИ Е ДА ПАТУВАМ ПО СВЕТОТ САКАМ ДА ОДАМ НА ПОСЕТА НА МНОГУ, МНОГУ МЕСТАА АА ИНАЧЕ СИ ИМАМ И БЕЗБРОЈ ДРУГИ СОНОВИ...
Имам најмногууу соновии тое сакам да патувам да одам во австралија сиднеј кај мојот брачед.1 имам другии сонови т.е сакам да појдам кај едни 1D и да патувам во Лондон, Париз, Доминиканска р. и така да се прошетам по светот. имам и другии кои неможам да ви кажамм.. 1 сон сум имала кошмар!
Ухх колку соништа имам јасс.. Првин да завршам средно па да се запишам на факултет Да завршам факултет да си најдам убава работа , потоа да го прошетам светот незнам тоа ми е еден од најубавите сонови , посебно да ја посетам Шпанија. После да си оформам семејство , со убав маж кој ќе ме почитува , и цени , да сме среќни , здрави , да има разбирање и почитување<3
Мојот најголем сон е кога ќе пораснам да имам маж кој ќе ме сака премногу и ќе имам дечиња кои ќе личат на него.А и најважното,да имам среќа и здравје.
Да има правда во светот првично. Ама пошто то е буквално невозможно, сакам да успеам на работно поле, да прошетам на многу места и да имам богато (умствено богато) семејство...
Да постигнам во животот се што сум посакала, да имам успешен живот поминат во интересни моменти, необичен и вреден за биографија можеби
-Да одам во Мајами -Да одам на концерт кај Енрике -Да имам голема куќа -Да имам огромен плакар облека и многу други (ме мрзи да ги пишувам)