Имам многу соништа се надевам дека еден ден ќе станат јаве. Ова се малце за подалечна иднина.. Како прво сакам да го завршам факултетот на време и да се вработам и секако тоа што ќе го работам да е нешто што ќе ме исполнува и ќе ми причинува задоволство. Потоа сакам да си ја пронајдам својата сродна душа, т.е. „вистинскиот“.. и да биде баш онаков каков што одсекогаш сум го замислувала, да ме поддржува во сите мои планови и идеи и се што ќе правиме да правиме заедно.. да патуваме, да лудуваме, и да се забавуваме, да го прошетаме светот сами и после тоа да направиме убава свадба по мој вкус онака како што јас одсекогаш сум ја замислувала. И потоа да си имаме 2 дечиња, прво машко па потоа женско.. и да си бидиме среќно семејство.. да се сакаме како првиот ден се до староста. Тоа е мојот сон.. не барам многу, се надевам дека ќе ми се оствари.
Мојот најголем сон е да станам пеачка. Да се отселам во Велика Британија и да живеам таму. Сакам насекаде низ светот да имам концерти и да сум инспирација на милиони луѓе низ светот. Хм, може би ќе ми се оствари тој сон еден ден
Да станам актерка , најголем сон уште од мала дај боже да се оствари , да ми биде колега Џони Деп ауу
најголем сон ми беше да станам miss world .до.пред некој година а сега сон ми е да се вработам да има сопствена кола и стан и маж што ке ме цени и почитува...
Да завршам факултет, да најдам работа, да се омажам и да имам три деца, две машки и едно девојче Да патувам, да научам да пливам.
Иако низ темиве по форумов го имам кажано 100пати ке си кажам и овде Мојот најголем сон е еден ден да возам голем камион и да ја прошетам Европа па и пошироко разнесувајќи роба.За кој имам и соодветна возачка дозвола со потребните категории да заработам и да изградам убава куќа со убав поглед да оформам семејство и да сум си жив и здрав
Најголем сон... Кога посакувам нешто круцијално само по себе е тешко достижно, неизвесно и големо. Таков е и мојот сон на кој му недостасува муграта на денот. Можеби некогаш ќе се разбудам со неа и ќе знам дека реалноста потсвесно е во координацијата со надежта која суптилно тлее во секоја духовна клетка. А можеби тоа ќе се случи скоро, па нека е и побрзо од моето очекување.
Da dojde toj den koj si go odrediv da odam (edno 10god. odnapred) vo penzija i da odam da ziveeam (po 6 meseci) onamu kade veke podolgo mi stoi na um.
Да сум богата и славна личност да се препуштам на ужувањата што ги нуди животот, да имам сопствена фирма и ветувам дека ако некогаш имам нема да ми работаат за 8 000 плата и ќе бидам несебичен и сосем нормален сопствник а не ко овие само да понижат и навредат..