Суштински, да заминам од Македонија. Би отишла и во Зимбабве само тука да не сум Инаку, сакам да живеам во Германија и тоа ми е неостварен сон.
Неостварен сон ми е да сум богата.. МИЛИЈАРДЕРКА! Најмногу од се го сакам тоа, не ми треба ништо ама баш ништо. Само парите ќе ми бидат доволни да си стекнам повеќе нешта во животов.
Затоа ли твоето корисничко име толку ми „врти“ на германски? А мојот неостварен сон е... не знам навистина. Некои соништа ми се немаат остварено затоа што сеуште не е време да се остварат.
Да нуркам подлабоко во водите на актерството...Да одам по стапките на мојот миленик,Лилич....Да си ја претворам еден ден собата во голема библиотека со милион книги...Секогаш ми фалат книги,никогаш задоволна....
Неостварен сон ми е да пливам со делфини и да освојам некоја медаља у пливање! Овие се барем меѓу приоритетните...