cek be angelce,zavrsi ti prvo osnovno,pa sredno,pa posle ke mislis za fakultet imas vreme da gi ubedis,ako ucis redovno i si pametna
Да станам актерка...макар во театар...основно и средно значи од 6г до 18г активно одев на драмска ,играв мн претстави за приредби паѕронати....чуството кога ќе излезев пред публика и ќе чуев аплаус....неопсливоо ни трема ни страв...како да бев во друг некој свет...за жал касно е за мојот сон...талентот и желбата си тлеат во мене...но кога би имало некоја аудиција за филм не би се двоумела ни секунда...за жал во нашава државичка таа професија ретко е ценета и платена ....
Имав доста... Да си купам некои работи кои никогаш не сум можела да си ги купам Да глумам во некој тин деликвентски филм Да работам во циркус (т.е пред циркусот како гатачка) и така да си шетам слободно наоколу по државиве Да имам способност бар на еден ден да бидам невидлива/да се преселам астрално до некои луѓе чисто онака да видам што праат Да имам право да сменам/донесам барем еден закон во светов ... И да имам љубов, онака замислена, чудна, помалку луда, на чувство тажна, но со среќен крај.
Да бидам здрав и жив = остварено(засега) Да имам најпрекрасна жена = остварено да имам ќерка = остварено да имам син = остварено да имам супер работа = остварено да си купам мотор = остварено Да бидам астронаут = неостварено да бидам кошаркар = неостварено (скинав лигаменти) Да е Македонија обединета = неостварено (ама веројатно ќе биде некогаш) РК Вардар да стане европски шампион = ...loading...
Можеби не хотел ама, B&B Книга бар една мислев да напишам, сега не ми е ни битно тоа. Исто беше и за сликање..на платно. Ни тоа не ми е битно. И други работи имаше..сигурно е пишано негде тука низ темите Немам поима. Се променив. Старите соништа исчезнаа и не смислив нови.
*Да го видам Меси *Да одам на утакмица на Барса *Македонија да стане светски првак (било да е фудбал,кошарка или ракомет) *Да патувам 1 год.низ светот
1. Да одам на одмор на егзотично место. 2. Да одам на утакмица на Барса и да го запознаам Меси. 3. Да одам на концерт на Дејвид Гета. (овој ќе ми се оствари) 4. Да одам на крстарење низ светот.
Иако цело време сонувам со отворени очи, се обидувам секогаш да си ги остварам соништата и целите кои ги имам зацртано. Еден од моите неостварени соништа е да го посетам Лондон па можеби и со @vitamina ќе пиеме чај и англиски појдок ќе имаме. Се надевам дека еден ден ќе го остварам и овој сон.
Маце, тука сум јас мило. Ако решиш да доаѓаш викај слободно, бритиш чај, бритиш фуд плус огромна прошетка не ти бегаат .
Па во овој момент посакувам да ми се оствари сонот да положам за кола уф можеби на некој му е смешно, но мене ми е многу страв да возам, а не сум ни положена, а и сакам да патувам, многу нови нешта да видам
Да го завршам во Израел тоа што го почнав пред години..веројатно никогаш нема да ми се оствари.. И да си купам куќа на Хаваи. Работам на случајот, за некои 30 год ќе биде
Да се преселам оттука, на концерт во вип публика на Владо Георгиев еден ден, а може и на кафе со него, не одбивам