Не знам зошто, ама од поодамна ме влече Барселона... Сакам да живеам таму или макар само да ја посетам. . Да имам исправен ’рбет (без мојата глупаваааа лордоза ). Да имам детска соба. Отприлика тоа се. Не дека се само тие, ама ајде...
Да си имам рок (или ска или реге или метал) бенд, макар и да свириме само по гаражи. Ама отсекогаш го сакав тоа. Всушност, мала сум уште, може некогаш ќе имам..
Лос Анџелес! Да живеам и водам успешен бизнис таму Можда ќе се оствари за неколку години ако добијам стипендија и можност за студирање во Америка,па здравје боже да се вработам и да ги земам моите со мене,никогаш не би се вратила тука да живеам Да им направам незаборавно изненадувае на родителите со кое ќе им докажам колку ги сакам и колку им сум благодарна за секоја минута од мојот живот,за се што направиле.Се надевам набрзо ќе ми се оствари желбата.
Да бидам струјардеса или пилот, на самата помисла како јас таа огромна машина наречена авион ја полетувам т.е. ја кревам во воздух, во рацете ја чуствувам целата моќ одма ми се накачува адреналин и за две минути сум горе на небото. Ах АВОНИ мојата вечна љубов Да го прошетам цел свет, шо ќе праиш тоа е чергар у душа
Да се будам покрај море или океан, да издадам книга, Здравко Чолиќ и NeYo да ми пеат на промоција, да можам да летувам во Ница и Барселона кога ќе ми прдне и да имам коса до под гз! Ете така.
Па отсекогаш сум ја сакала музиката и сум сонувала да играм во спотовите. Потоа да имам куќа која е до океан и спалната соба да има прозорци огромни, без завеси и слично и да се гледа океанот. Да живеам во New York. Да бидам модел, манекенка такво нешто ( за ова имав шанса, не ја искористив). Да ги видам Франција, Иралија, Шведска, Финска, Норвешка, Швајцарија, Германија, Америка, Англија, Романија, Малта и мноооооооооооооооогу други. Скромно!
Неостварен сон ми е да го видам бившиот како ме моли онака како што јас плачев по него така и он по мене и тогаш кога ке ми се исполни тој сон ке можам да спијам мирно
Куќа покрај море со огроооми прозорци. Да не морам ништо друго да правам освен да цртам и да пеам, и да си преведувам книги (мојата идна професија)
Има мноогу... Ама ај ќе пишам што е најмалку возможно да ми се оствари - да имам викендица на некое егзотично место, покрај море и да одам таму со...Уффф лелее...Не кажувам...
Имам еден сон кој ми е тесно поврзан со работата што во моментов ја работам и нема да го наречам неостварен бидејќи се уште имам од животот и до последно има да му се надевам. Се надевам дека некој ден ќе успеам, поточно ќе соберам храброст да оставам се тука и да заминам на некој проект надвор од земјава, за подолго време ако не и засекогаш. Отсекогаш сакав тоа да биде Африка, како за старт, вклучително и некои од арапските држави. Во моментов ја работам токму таа работа во државава, а која би сакала да ја работам и таму. Сосема случајно испадна од нигде-никаде да се најдам тука каде што сум, па затоа и ќе останам до последно да си верувам дека кога ова ми се исполни, да си ги измерам силите за ваквата работа, можеби ќе се случи и она другото. Макар што искрено побитно ќе ми биде да се одржам во секторов подолго, бидејќи од кога почнав да го работам ми легна сеедно и во претходниот живот сум го работела ова. Пак и ми одговара на мојата природа. Се плашам само дека луѓето на кои налетав како вршат ваква функција, за кои секогаш претпоставував дека се такви, но потајно се надевав дека работите на терен функционираат поинаку... нема да ми ја уништат оваа сатисфакција што ми ја пружа работава и со тоа да ми го уништат оној сон.
Немам (мојата скромност испливува на површина ). Се што е реално е остварливо. Само прашање на време е што и кога ќе биде. Ако се сака се се може.
Исто, ама еден од МНОГУТЕ Да завршам факултет во најбрз можен рок(може ќе се оствари не знам ), да живеам сама негде, да отидам на Бора-Бора ... Премногу ги имам, понекогаш кога си ги набројувам се прашувам дали воопшто сум задоволна од нешто, ги имам едноставно премногу
Да бидам независна, да имам своја куќа или стан па и мал да е само да е мое Да бидам успешна бизнис жена и да има луѓе што ме разбираат Е сега нереална желба да се погрижи државата малку повеќе за семјното насилство сеедно какво дали физичко или пак знаеме она со карање викање навредување