Да работам во швајцарска банка. Тоа ми е животниот сон, но само желба. Реалниот, да работам на висока позиција во Комерцијална, јака плата околу 1500 евра, скромно па шо сеа се постигнува. Да бидам со љубовта на мојот живот засекогаш и среќна. Да продолжам со сонувањето. Многу пари, навистина многу и една сопствена корпорација. Да имам огромна куќа во Америка и сопствена корпорација таму, а тука многу јака имотна состојба и бизнис како за тука, ситничи. Имоти и во Германија, Франција, Велика Британија, Канада и Русија. Да имам се што ќе посакам, се. Премногу парчиња облека, огромен гардеробер итн. знаете. И други работи, само не ми текнуваат сеа.
Неостварен сон....хм само сакам да бидам среќна, да имам среќа на сите полиња во животот понатака и другото се ќе биде ОК
Да се разбудам со личноста која што ја сакам до мене, после долга, исцрпна, бурна ноќ помината знаете како, да ме погали нежно по коса и да ми каже дека ме сака. Спојлер Ова никад немаше да ми текне ако не завршив штотуку гледајќи еден ултра лигав филм, ама шта чеш, башка хормони пукаат, време е.
Да блеснам на сцена. Не мора да биде концерт, не мора да бидам позната пејачка. Сакам во холот на факултетот да ја пеам Listen од Бијонсе како изложување на револтот према оние кои сакаат да ги контролираат нашите соништа. ... Или да бидам ѕвезда на караоке на една вечер, а Црни да ме гледа вљубено и на сите да им кажува: Ја гледате девојката која владее со микрофонот? Таа е таа. И моја е
Да бидам спортист. Али не рекреативен,туку спортист и во тело и во душа. Се би дала да се вратам како мала и да можам да се запишам на гимнастика. Би го дала и последниот здив на тој под,само да можам.. Барем еднаш...
да дипломирам, и КОНЕЧНО да се вработам, а здравје бозе понатаму да си основам своја фирма/козметички салон
Имам пишувано на слична тема .... Прво , да бидам жива , здрава , среќна , моите драги луѓе да ми бидат на број ... и за нив истото важи Да го завршам навремено факултетот , успешно ... Да си го остварам сонот кој сум го замислила , да си бидам свој човек сам газда ... Да створам ИМЕ мое лично со мој труд , со моја пот . Без лажна скромнсот цел ми е да створам авторитет од себе , да се гордеам со себе ! Да заработам многу пари ... Луксузот кој сум го посакувала да си го обезбедам .Да бидам независна , да имам убав живот , да биде исполнет со многу убави работи. А оние лошите Бог да ми даде сила да ги издржам . Никогаш да не паднам .... (Знате во која смисла ) Да си ја најдам својата сродна душа Да има и стас и став , да ме подржува да ми биде пријател и партнер. Да си основам фамилија . Семеен дом. Да помогнам кому можам колку можам има уште толку работи , знам уште ќе се создаваат со текот на времето апетитите ми се се поголеми .Само здравје ќе видиме што планирал Горниот за мене ... Да уживаме во моментот а овие цели нека бидат само мотив плус за чекор напред .... И за глава гордо и високо крената со секогаш искрената насмевка на лице ...
Да работам на струка-ми се чини дали и ќе биде.... и наааајголемата желба-која нема никогаш да ми се исполни----да е татко ми со мене
Да имам милиони, свој остров и авион Уште од мала сонувам за ова , ама јас сонувам реални работи кога тогаш ќе ми се оствари овој сон, за почеток имам ниви ако се излие Вардар и поплави Лисиче може и острови да станат
Да станам успешна адвокатка/судијка и да го пропатувам светот..сеуште неостварено но имам голема надеж за во иднина Рано ми е уште.