Не тренирам моментално ништо ама обожавам спорт. Трчање, одбојка, ракомет, пливање, планинарење, бадминтон, возење на велосипед, а во последно многу интересно ми е и пинг-понг. А ова пролетното време ми е баш за спортување
Спортски игри Не сум некој премногу спортски тип. Гледам натпревари исклучиво кога игра репрезентацијата, тие не ги пропуштам. Од спортување обожавам да возам точак
Спортски дух дефинитивно.... Омилен спорт кошарка - мојата вистинска љубов тренирам кошарка веќе неколку години
Прашај кој не е Не,озбилно многу сакам спорт како мала тренирам фудбал Да,да фудбал Потоа се префрлив на одбојка,но ми помина бргу желбата а и немав време поради школото.Инаку сеуште ме бидува за фудбал па може да се пробаме
Јас тренирам Одбојка, многу ми се допаѓа овој спорт и презадоволна сум за тоа колку кратко време колку научив. Пред две години почнав да тренирам во моето училиште кадешто наставниците по Физичко не тренираа таму тренирав цело 2 години послекоешто решив да почнам да тренирам во друг тим. Кога почнав да тренирам професионално сватив дека нипто незнам за џабе 2 години сум тренирала во моето школо а ништо несум научила деа восуштина незнам ни топка да мавнам. Презадоволна сум од новиот тим кадешто моментаално тренирам-Јанта!!!
Омилен ми ее Јавање на коњ Да гледам најмногу сакам да гледам:тенис,ракомед,кошарка,пливање,скокови на вода. А најмногу сакам да спортувам: да јавам на коњ,да пливам и да играм тенис.
Обожавам секаков спорт!Многу сакам да спортувам уште од мали годинки,едноставно сум била енергично детенце. Иначе тренирам одбојка и едноставно го обожавам спортот!!!Па затоа одвај го чекам летово да дојде да можам пак со другарките во камп да играме на песок одбојка! А за следење најмногу следам тенис.Следам,за да си го поддржувам Ноле.