обожавамм спортт тренирав 2 ипол години кошарка па не ми се погаѓаше распоредот и се отпишав моментално играм одбојка и фудбал за школо (голманка сум ) ама не тренирам во некој клуб ,поради распоредот на училиште никако не ми се погаѓа
Одбојка и кошарка сакам премногу иако сум едвај 1,60 не сум активна ама сепак знам да заиграм за рекреација
Спорт, обожавам.. Сите спортови ми се убави, највеќе следам фудбал, кошарка, атлетика, а помалку ракомет, одбојка и останато. Веќе имам спомнато дека тренирам Таеквондо (ама тоа не ми даваат на ТВ ). Инаку за школо играм ракомет (голман), одбојка, а до година ќе играм и фудбал и кошарка.
Јас сум за спорт (се додека тој спорт не е одбојка). Тренирам кошарка и карате. Кога бев помала сакав да играм фудбал, но сега не играм (всушост, не сум играла фудбал од пред 6 години).
Како бивша ракометарка ќе си кажам ракометот ми е во душа. Исто така многу сакам одбојка, бидејќи е според мене женски спорт. Немаш допирен контакт со противникот. Кошарака чат-пат гледам кога играат само Лејкерс.
омилен спорт ми е КОШАРКА... а знам со другарите понекогаш да играм и фудбал, но ми е срам другите да не ме викаат машкуданка и затоа во последно време не играм... играм за школо одбојка, а моментално не тренирам ништо... иначе имам тренирано.. кошарка, пливање и одбојка... да не се фалам али ме бидува за повеќе спортови
Омилен спорт мие кошарка..понекогаш играм и ракомет и фудбал ама многу не се разбирам од тие спортови Најмногу сакам да гледам кошарка..посебно NBA
Јас сум за спорт и секогаш ќе бидам! Најмногу од се ја сакам одбојката, исто така тренирам одбојка 4 години и секогаш гледам одбојка кога има на ТV. Баш ме интересираат сите потези кои ги прават.
Спорт?Дааа бе брат,то е финтата! Обожавам спорт посебно атлетика,фудбал и кошарка! Од фудбалот гледам само Ла лига и Бундес лигата(Барселона и Баерн Минхен),и од македонската ама само кога игра Пелистер Атлетиката ја гледам мај-август бидејќи тогаш се митинзите од дијамантската лига и кога има светски првентства и секако кога има ЛОИ кошарка гледам нашите репрезентативци ќе играат на европско или на светско таму,ама најмногу гледам НБА-тогаш ги гледам само утакмиците на моите Лос Анџелес Лејкерс секако А за тоа јас да тренирам спорт? Ахгахахахахахах то ти е исто со пропаст на светот,трупец сум за било каков спорт,како шо вели професорот по Спорт-Море мало топкај ја топката,гали ја а не ја тепај! А да зема фудбалска топка?Хахаааа ќе сакам право ќе шутнам на другиот крај од салата А одбојка..хуххху 4 пати со ред го имам посинато прстот Гимнастика исто така ништо..наместо да скокам на јарец,јас и седнувам на него... ракомет мразам искрено кажано така во основно ко бев ми се роди таа омраза и еднаш морав кога игравме да шутирам пенал и погодив шо е чудно а за мојата омилена атлетика..и да трчам и да скокам јас пак сум како желка или пингвин,како сакате.. а поддржувам да се има спорт,оти па да не? Тоа е најубавата работа според мене..Знам,мачно е тренинзи ова она,ама сепак љубовта кон спортот е посилна од сите маки кои ги создава..мали маки...Па тоа е убавината на спортот-како шо рече еднаш тренерот на Баерн Минхен,а бивши играч и тренер на Барса-некогаш победуваш некогаш губиш,некогаш ќе се смееш,а некогаш и ќе плачеш толку од спортското јас
Сакам спорт, а фудбалот ми е слабост. Во основно ме регрутираа во школската ракометна екипа, ама не беше тоа тоа. Пријател на татко ми сакаше да ме запише кошарка во МЗТ, го извисив (демек бев за Работнички тогаш). Фудбал за мене и ништо друго. Играв во наш тогашен второлигаш. Најдобрата позиција според мене, централен дефанзивец. Беше тоа време на редовни тренизи, здрав живот и кога мислиш дека нема доволно воздух на светов за да при едно вдишување ти се наполнат белите дробови. Дојдоа обврски, студии и неиздржливо темпо. Образованието беше првиот избор пред спортот. Продолжив во фудбалски екипи по општински лиги, а тие лиги се познати по касапски настроена публика, играчи со по 50 години чии лакти и ѓонови во 99/100 случаи те наоѓаат тебе отколку топката и на кои Вини Џонс може вода да им носи, тепани судии, па време беше да се избере оставање на копачките и обување на патики и претрчување на некој километар на раат или маалско играње отколку да се остане без нозе. А и најдобро е така, кога ќе се види дека нема некој финансиски бенефит од спортот кај нас. А за да се одржат здрави духот и телото па и не треба да се става рака, нога, глава во оган. Како и да е спортувајте. Она што највеќе го уживате. Она што го можете.
И јас сум дефинитивно за спорт,еве сеа веќе 7 година тренирам Кошарка три пати неделно,центарче сум си и најмногу си ја сакам Ус тоа си играм и у мало за викенди и се тоа А инаку иам тремирано 1 година ракомет и тоа знам да играм добро и играм така 2-3 пати месечно Исто и фудбал иам тренирано 6 месеци и толку *незнам зошто али одбојката никад не ме влечела