Вака се наоѓам во ситуација каде што не знам како да дадам отказ од работното место,преужасно е ,газдите немаат никаков добар однос спрема нас вработение а камоли платата,минимална е... размислував за тоа на кој начин да дадам отказ,бидејќи сум по малку срамежлива мислев да го дадам отказот преку телефон,да му се јавам да му кажам дека нема да одам,покрај таков однос на газдата спрема мене тоа и го заслужува.. е сега што вие мислите на оваа тема,сепак кој е најдобриот начин за давање на отказ? се надевам дека ке прочитам некои мислења од вас
здраво, без разлика колку газдата бил ужасен сепак јас сметам дека е коректно да одвоиш барем две минути да седнеш и да му кажеш слушај заради тоа тоа и тоа јас повеќе не би сакала да работам. и ќе се договорите за условите на пример ако имаш отказен рок итн. стегни заби за тие 2 минути после ќе ти биде многу полесно. сметам дека е многу потешко да се даде отказ од негде каде што се ти е супер и добар однос но сепак мораш да заминеш поради одредена причина мислам дека е тогаш многу потешко, вака си имаш причина и немора да се чуствуваш виновна. поздрав и секое добро
Се е индивидуално. Но сепак влези кај претпоставениот и во една реченица соопшти му, на културен начин. Бар ти држи си ниво. Јас пред повеќе години бев во слична ситуација и тоа јас бев по договор на дело. Значи работев во една државна клиника по договор на дело. Директорката не ме сакаше, однос ѕверски неможеш ни да си претпоставиш. Решив си одам. И јас размислував туку така да си отидам, но на крај си викам зошто да оставам лоша слика за мене, зошто со лошо да си заминам, животот е тркало може некогаш ќе се вратам овде и ќе ми требаат овие луѓе за нешто. Побарав прием кај неа. Па уште прашува "зошто", викам лични причини, имав и еден приговор поднесено, и ми вика " а приговоров?" викам не е проблем дај да потпишам го повлекувам. Нејзе и беше многу важно да го нема, а мене веќе ништо не ми мењаше во животов. И јас стално зборев море како со мене така јас со нив, ама на крај јас си имам ниво и култура, и недозволив да може нешто лошо да се каже за мене. Од тогаш неколку пати сум била на таа клиника, и немам никаков проблем.
Се согласувам со претходните коментари.Каков и да бил,биди повеќе од него и кажи му во лице.Тоа е најмногу минута -две. Меѓутоа,пред да дадете отказ,морате прво правно да се распрашате околу тоа.Да речеме дали имате договор,дали имате некои клаузули? Дали е подобро да си дадете отказ или да ви дадат,има многу работи,меѓу кои и дека законски мора да имате потпишано отказ-ако ви даваат тие,или писмено да имате испечатено-ако давате вие. Јас не сум правник,извинете ако нешто грешам,сево ова ми е малку од мое искуство малку од блиски колешки меѓу кои и тазе случај каде колега доби на суд пошто му дадоа отказ ,го одјавија а тој не потпишал отказ(му беше кажано само усно). Еве и јас живеам за деновите кога ќе дадам отказ,ама со многу специфичен договор сум,се консултирав со адвокат во мојот случај е подобро да чекам или да ми дадат отказ или да ми престане договорот. Да се даде отказ е лесно,ама размислете прво како би се заштитиле најдобро
Точно така Ели25, има многу цаки околу документите после отказот, тоа треба детално да си информира. Јас знам дека доколку сам си поднесеш отказ немаш право да се пријавиш на завод 2 години (некој што е поинформиран нека ни разјасни подетално), понатаму треба и документите да си ги повлечеш од фирмата. Знам еден случај каде газдата со месеци го мафташе и избенуваше човеков за да не му и врати документите од инает, па потоа овој го пријави во трудова инспекција (нели како до вчера вработен во фирмата знаеше многу работи кој е пријавен, кој не и како се работи во неа). Затоа и мислам дека држи муабетот со газдата да се седне и смирено и корекно да се разговара што и како може да се заврши работата најбезболно за сите. Затоа и во погорниот пост реков животот е тркало, може ќе ти требаат тие луѓе за нешто некогаш па колку и да се лигуши, затоа не си ги затварај вратите зад себе.
Мојот прв отказ го дадов како што заслужија .Со исклучен моб ,културно пишан е-маил со образложение и запазени сите закони.Обавестен-и на време од наредниот ден само формално на работа додека да се запази рокот да се најде замена .Не велам дека пријатна ситуација-та но несакам да се натегам -расправам докажувам по телефон или пак во канцеларија.Доволно сум возрасен и со солидно искуство со луѓе и газди за да знам кога на некој треба да му се каже крај .А крај е крај ! НЕЛИ :geek:
Ако на некој му било арно немало да си оди! Најдобро е: Во недела навечер не го навиваш часовникот да ти звони во понеделник наутро и останатите денови во седмицата. Се будиш во понеделник, тогаш кога ќе се разбудиш. Стануваш, се размрдуваш, полека одиш во кујна, стваш ѓезве на шпорет за кафе, во меѓувреме одиш во купатило , се освежуваш. После се вракаш во кујна си пиеш кафенце, си проверуваш е-маил,... И се така до кај 12 часот. После се облекуваш и бараш некои безделничари да ти помине денот . И се така цела седмица. Не се јавуваш никому на работа, ако некој ти звони не одговараш на тел,... Си уживаш и си чекаш писмо да ти дојде од фирма со - ОТКАЗ! Ако те нема на работа 5-6 дена ( не се секавам точно колку беше) фирмата МОРА по закон ОТКАЗ да ти даде! Бидејки ако ти дадеш Отказ не си во добра позиција, а исто и тое ако иницираат отказ ке мора да исполнат некои други работи, не е битно. Затоа најдобро за двете страни е Отказ во кој пишува: Поради нејавување на работникот на работа (толку и толку дена) согласно закон тој и тој, на работникот му се дава откаааааааааааааз. Толку! Завршена работа! После тоа незнам !
Најдобар начин за да дадете отказ на работното место е најпрвин да најдете НОВА РАБОТА која што ќе биде подобро платена, со поубави услови за работа и секако повеќе ќе Ви се допаѓа од претходната работа... Во спротивно ОТКАЗ во Македонија не се дава, сите знаеме колку е тешко да се најде работа!!! А, начинот на кој ќе се даде отказ е лесен - му соопштувате на претпоставениот дека ке си одите од фирмата, Ве одјавуваат од Агенцијата за вработување, си ги земате документите и се поздравувате само со омилените колеги...
јас фино лепо кажувам дека си одам а од последните две работни места бидејки бев мн лута им се изнаразвикав и не појдов веке ни на тие 15 дена што мора да одиш дур најдат замена.
Добив отказ бидејќи фирмата е во лоша финансиска состојба. Ќе биде отказ со спогодба. Дали ми следува некој надомест од биро? Ајде некој што знае нека пише.
Доколку си прогласена за технолошки вишок ти следува надомест, но доколку е спогодбено, не. Подобро разговарај со нив за да ти го овозможат ова, па така во зависност од стажот извесен прериод ќе добиваш надоместок. Подобро види на сајтот на аврм. http://www.avrm.gov.mk/paricen-nadomestok.nspx
Кратко на писмено им пишуваш дека даваш отказ поради подобра понуда од друг работодавач. . Предходно по можност искористете си ги преостанатите денови од одморот бидејќи тука прават финти, и може да ти скратат некои што ти се преостанати.
Работодавачи кој дават ужасно ниски плати а уште полоши услови за работа,за отказ имаш милион причини Мојот прв отказ беше дека со зборовите дека едноставно несакам да работам,дека на интервјуто кажале една приказна,а всушност е друга
Neznam koja e potrebata od objasnuvanje zasto davas otkas. Davas otkas i tolku. Se vika letter of resignation, prevedi go i izlezi kako gospoga/gospodin. Ako dopunski te prasaat zasto togas od kulturni pricini ne bi trebalo da plukas nisto i ispravuvas krivi drini (koj veti, sto veti). Nikogas neplukaj po star bunar, neznaes koga pak ke se vratis voda da pies od istiot.