Супер е темата, само што се полни со глупости. Баш може да се најде за некој што сака евтино да посети места (посебно низ Европа) што до пред некое време ретко за кого беше достапно.
Јас. Позитивно. Си резервираш преку апликацијата, принташ или покажуваш код на тел и толку.. И цените им се пристапни
Нема класичен повратен билет, ќе си ги купиш одвоено. Те земаат на разни автобуски, ако е поголем градот може да има повеќе локации. Ама си пишува ова на сајтот кога резервираш, со мапа и адреса. Од искуство, оди 20-30 минути порано и убаво разгледај, знае да застане автобусот и на погрешен перон
Имаш на картата адреса каде те земаат. А за перон и на нас ни се случи претходниот пат да застане на друг. Среќа па се гледаат од километар кои автобуси се нивни и нема шанси да утнеш
Мислам дека автобускиот превоз е сепак најевтин, зависи и за која дестинација станува збор, но за подалечни, на пример за Европа, со оглед на тоа дека со свое возило треба да платиш патарини и гориво, не е исплатливо многу. Со свое возило сме иделе и патот навистина кошта. Сега и авионските билети се многу поевтини од порано, ако начекаш добра цена во моментот, може многу економично да поминеш.
Секаде каде што патуваме гледаме да отпатуваме евтино, а на сметка на тоа да го добиеме максимумот Зависи што сакате да добиете од патувањето. Како потрошена сума на пари најевтино е со бус преку агенција. Here is why: вообичаено патот е многу поевтин, отколку што би го плаќал да одиш со редовна линија со бус, а нема визер до конкретниот град. Сместувањето е исто така евтино, затоа што групите вообичаено се сместуваат во некое предградие или населба близу градот. Агенциите најмногу користат од факултативите. Ако сте доволно вични можете да го искористите превозот и сместувањето а да продолжите таму сами (такво супер искуство имавме во Прага, единствено патот е исцрпувачки долг). Од друга страна пак, кога патуваме без агенција ги планираме според авионските билети на визер Поскапа карта од 2000 денари не сме платиле. Но, иако е евтин визер треба да се предвидат и др трошоци за транспорт каде што секаде се различни. На пр од аеродром Тревизо Венеција до градот карта е 22 дур повратна. За Будимпешта е 5 евра...тоа е трошоци што треба да се предвидат за да не се изненадите. За сместување airbnb или букинг секогаш имаат нешто според сечиј буџет. Ако ве интересира за некоја дестинација слободно пишете ми на инста за tips and tricks и што е must на дестинациите кај што сум била. @__gabrielle______ на инста
Па нејефтин начин е уште од дома да си испланираш каде ќе одиш,за спиење,за јадење...Пошто ако одиш така на слепо можеш да платиш многу повеќе а сепак да не добиеш многу за тие пари.Исто така и превозот.На пример од аеродром до хотелот може да биде поефтино ако се оди со метро наместо со такси...Исто така и храната на некои туристички места е многуу поскапа во однос на некоја друга обична продавница...
Tripadvisor, Airbnb, Booking, Wizz air, Ryan Air и Google. Во мојот случај во сопствена режија секогаш ми било поисплатливо и поефтино. Не сакам да патувам долго тоа ми скратува од времето што можам дa го поминам на новата дестинација, а и имам ограничен број на слободни денови за да ги трошам во пат. Една од клучните работи е раното букирање за ефтино сместување и лет, спиење во airbnb и хостели, истражување на места за хранење на tripadvisor. Највеќе хранење во локални кафетерии и ресторани каде одат локалните. Карти за градски транспорт со повеќе возења што може да ги користат повеќемина заштедуваат доста. Повеќето градови низ Европа имаат Free Walking Tours, тури од по неколку часа кои на крајот земаат бакшиш колку што ќе им дадете. Влезниците за музеи се единствен трошок што нема како да се намали, па истражуваме и ги избираме оние кои не интересираат најмногу.
Дури и за музеи може да се помине поефтино или гратис. Повеќепати сме влегле во последните два часа пред затворање во одредени денови во неделата, кога некои музеи даваат бесплатна влезница или таа е со голем попуст. Не е занемарливо, имајќи во предвид дека цените на влезниците се некогаш и по 20 евра. Исто, следи Светскиот ден на туризмот на 27.09., кога мислам дека сите музеи имаат бесплатен влез. Може на некој ќе му значи оваа информација. Лани оваа привилегија ја искористивме за Ватиканските музеи. Овде е бесплатен влезот и во последната Недела во месецот (како ден). Има финти за се'.
Јас кога сакам поефтино да си поминам носам си јадење од дома не кознаје колку де ама теглички си купам џемови, ајвар, мусли....