Форумџика на годината 2020

Кој е рецептот за убаво тело....

Дискусија во 'Фитнес' започната од shaa, 24 ноември 2010.

  1. shaa

    shaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    7
    Вака девојки....зодна сум,висока ....сакам да си го зацврстам телото почнав да вежбам ама незнам како најдобро да си го зацврстам телото поточно незнам како со исхраната и во кој дел од денот е најпогодно да се вежба...ви благодарам :)
     
  2. bestrasnost123

    bestrasnost123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    28
    најдобро е да се вежба наутро и да не јадеш пред легнување инаку стомачни тегови и пилатес за зацврстување моја другарка пак практикува трчење
    да не јадеш пред легнување :D :) ;)
     
  3. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.824
    Пол:
    Женски
    РеСцептот за убаво тело е здрава исхрана, здрав живот, вежбање, упорност, трчање... и секс секако :D
     
    На Anacid, Saraa и IamSexyAndIKnowIt им се допаѓа ова.
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.202
    Допаѓања:
    41.192
    за појадок нема некој поспецифичен рецепт- сирово овошје најубаво би било
    рецептот е- за ручек- 2 јајца се варат, салатата се сецка на ситно, не се додава зејтин, малце сол по вкус(кој како ја преферира)

    за вечера се зема 100 грама месо, се вари, се земаат 2 компира и 1 морков,и ги вариш и нив! одкога месото ќе се свари, се сервира во чинија, и се декорира со секцани компири и морковче, и за крај може да се напиете една цедевита!

    вака х15 дена + фитнес и мислам дека убавото тело нема да ти избега :lol: :* (диета и фитнес најубава комбинација)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.009
    Дечки да си прашам

    Слаба сум доволно, немам проблем со тежината освем може два-три килца да ми фалат. Одам на фитнес за зацврстување на телото. Е сега, сакам да имам оформено тело, не мускулесто туку соодветно обликувано. Дали освен фитнес има друго решение, колку фитнесот треба да се практикува ( колку време и отприлика колку пати неделно ) и дали може телото да ми стане не мускулесто туку онака убаво обликувано ?


    Ако ме разбравте што сакам да кажам :P :P
     
  6. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2.940
    Допаѓања:
    5.008
    Pink јас мислам да идеш на пилатес ако сакаш, тоа убаво ќе ти го истонира телото, и ти ако не сакаш мускули не мора да правиш многу стомачни да дигаш тегови, тоа сигурно не го правиш нели :D :D Можеш да се запишеш на некоја боречка вештина, ако те интересираат на пример како карате или можеш онака да џогираш или трчаш за викенд.. И една меѓу најбитните работи да се храниш правилно. Да внесуваш доволно количество на витамини, минерали и белковини а да гледаш да не внесуваш големо количество на масти и шеќери ( мислам на оние од чоколадите, колачите - шеќерите што се природни од овошје на пример, слободно јади си :) ) Значи треба да имаш правилна исхрана, да не јадеш многу брза и сува храна, да јадеш манџи, супи, овошје и зеленчук ( нашол кој да збори. :lol: ) да не јадеш премногу или премалку и кога ќе ти текне, да не јадеш храната премногу зачинета, пресолена, презагреана и слично. И внесувањето на ПРЕмногу витамини може да доведе до хипервитаминоза што е заболување што се јавува при внесување на премногу витамини во телото што може да доведе до некои лоши и непосакувани ефекти, и исто не треба да внесуваш ПРЕмалку витамини затоа што и тоа може да доведе до авитаминоза - друг вид на заболување што се јавува кога внесуваш премалку витамини и исто резултира со разни непосакувани ефекти. Разбра нешто, така? :D Извини за рефератов, ама се надевам дека ти помогнав. :*
     
  7. marijana..maca

    marijana..maca Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    3
    и вака да се јаде секој ден исто 15 дена... а се слабее ли ??? :D :D
     
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.202
    Допаѓања:
    41.192
    па за 2 недели со сигурност 4 кила ќе стопиш :D :D :D :D :* :* и не мора баш исто! еден ден спанаќ, манџа итн :) имаш диети овде, побарај си некоја убава :)
     
    На marijana..maca му/ѝ се допаѓа ова.
  9. NikaPetreska

    NikaPetreska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4
    Здрава исхрана и редовно вежбање..!:)
     
  10. trendy

    trendy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    172
    да јадеш здрава храна,да трчкаш покрај вардар :rofl: (за Скопјанците), да вежбаш на сабајле кога ќе станеш да се разгиба телото,ама да не јадеш чоколада :(
     
  11. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    631
    Пол:
    Женски
    Се зависи од метаболизмот,јас порано јадев што сакам, и колку сакам, не качував ни килце. Со годините метаболизмот забавува и оп еве ги килограмите. А да вежбам , па што знам , не сум тој
    тип. Не е на одмет здрава храна нормално.
     
  12. karamelka

    karamelka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    За убав изглед секако треба многу да се внимава на исхраната , кога јадеш многу можеби нема моментално да ги качиш килограмите и си велиш , е што убаво си јадам колку сакам и пак си имам убаво тело , но верувајте дека подоцна секако ке ги согледаш резултатите. Тоа го зборувам од искуство. Наутро си јадам нормално и од ручекот, благо никако, само избегнувам да вечерам и секако практикувам фитнес , резултати има , ама секако треба многу упорност.
     
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.737
    Recept za ubavo telo

    jadenje normalno-(pojadok rucek, vecera i 2 uzinki)zdrava hrana, moze i malku blagicko dava energija

    vezbanje, pesacenje, djoging, trcanje sekako 3 pati vo nedelata po 30 minuti koristenje na anticelulitni tretmani-onie za razgraduvanje na masnite maslagi, i za celulit-koja gi nema blazese i :rofl:
    [mod-kirilica:2em54ew8][/mod-kirilica:2em54ew8]
     
  14. sunnygirl

    sunnygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    19
    http://www.bodyrock.tv/

    На овој сајт девојката секој ден дава нови вежби. Кажува како да се изведуваат правилно
    и кажува како да се прават ако си почетник. Целта на вежбите кои почнаа од вчера е спремање за да изгледаш убаво до лето. Навистина е супер. И навистина помага. (Ако не друго барем видете ја девојката каква е, веб страната и е оддамана и можете да видете како и се менува телото. И да не заборавам ова е девојка која порано имала мн кг. (да не речам била дебела :lol: )

    Ова во комбинација со Диета „5 фактори“
    што ја има на фемина во диети и фтнес е совршена комбинација.

    Тоа е мојот рецепт за убаво тело.
     
    На kristii му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.343
    Пол:
    Женски
    Знаете кој е мојот рецепт за убаво и посакувано тело?
    Потребно : две кила мотив, кило инспирација, пола кило зацртана цел, одредено време во зависност од целта која што сакаш да ја постигнеш , определени денови и час во една седмица и избрани различни вежби за деловите кои сакаш да ги обликуваш за сите денови и пет кила верба и надеж и неограничени кила забрането помислување на неуспех.
    Подготовка: пет дена во неделата пред вежбањето загревање, по можност трчање 5 минути во место, растресување и растегнување и ги мешаш тие состојките кои ти се потребни, ги правиш избраните вежби мотивирајќи се со целта која сакаш да ја постигнеш неразмислувајќи на неуспех.
    Редовно вежбање и следење на твојот успех редовно и со постигнатите резултати се поттикнуваш понатака и понатака .
    Без откажување, без ГОЛЕМИ количини на мрсна и калорична храна.
    Има многу начини како на природен и здрав начин да и одолееш на храната , а од омилената храна не мора да се лишуваш, јади ја полека и во помали количини , убаво изџвакај ја и нема да ти штети.
    Се на се овој е мојот рецепт ако сакаш примени го , ако нешто те интересира дополнително прашај слободно ;)
     
    На vlubena и Juicy им се допаѓа ова.
  16. kostic

    kostic Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    15
    Да се родиш убав(а), животот да ти е исполнет со убави моменти и случувања,да си опкружен секогаш со луѓето кои ти значат,малку спорт и рекреација,да не си премногу самокритична и добра,лесна,здрава храна. ЕКСТРА КОМБИНАЦИЈА :)
     
  17. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    273
    Па до негде и гените.
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    411
    Здрава и разновидна исхрана, зачинета со секојдневно физичко разгибување (немора тоа да биде 50 минути фитнес вежби и сл.) ВОДА многу ВОДА и убавото тело е пред тебе (кога ќе се погледнеш во огледало нормално :rofl: :rofl: :rofl: )
     
  19. Girl-love

    Girl-love Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    17
    епа јас сум малку слаба...би сакала да покачам уште 3-4 кила...ама како :worried: кажете ми некој начин ве молам :(
     
  20. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.830
    Пол:
    Женски
    Волја и упорност ;) Се друго е гола вода :D