Некои го добиваат без никаков труд, некои генетски, некои со премногу труд.. сето тоа зависи од метаболизмот, не секој има ист метаболизам кај секого е индивидуално.. некој може со години да се труди и да не успее доволно.. некој пак од првиот обид успеал.. нема точен рецепт за Убаво,префектно,секси тело
Здрав режим на исхрана , вежбање , исфрлање на алкохолот од употреба (една чашка е дозволена ,повремено ) , елиминирање на стресот ...
А ако немаш 'добар и пропорционален скелет' тогаш ништо од бизнисот? И што е за тебе добар и пропорционален скелет, има ли негде дефиниција за тоа? Или можеби познатото 90-60-90 за женски? Вака, убаво тело е секое здраво тело и она во кое вие се чувствувате убаво. Единствен рецепт за тоа е да не се споредувате со никој, затоа што верувајте никој во потполност не е задоволен од своето тело. Пред некоја година бевме на гости со мајка ми кај нејзина пријателка чија ќерка е манекенка. Е сега реално никогаш не сум се туфкала за моето тело, немам некој вишок килограми ама сум ниска. И кога ја видов ќерката со нозе колку мене цела онака малце си набив комплекси и и кажав на мајка ми. После некое време ми кажа дека пријателката и се пожалила дека нејзината ќерка манекенка си набила комплекси поради моите поголеми гради и тенок струк Значи стварно ние женските сме за нигде. Така да додека се осеќате вие убаво и здраво во своето тело тогаш рецептот е погоден!
Ај, ај, пецкај , барем 4 феминки пред мене го напишаа истото со други зборови ама ти баш за моето мислење се фати да контраш . Па што е генетика ако не добар скелет ? Исто ко машко да праша како до добро тело а типчето има тесни раменици, епа и да се убие од вежбање тело триаголник нема никогаш да има, таква му е среќата. За мене е добар скелет јаки коски, широки раменици, тесен струк, широки колкови и долги нозе но секако има и многу други варијанти на убави женски тела . Освен што ме пецна остатокот од текстот ти е супер .
Не јади после 7-8 навечер, не прескокнувај појадок никако. Обично на сабајле се јаде овошје.. не пиј вода 1 саат пред или после оброкот. Овошје не јади после 4-5 поручекта а навечер вечерај нешто полесно, како салата само не многу солена и кисела. Редовно јади и повеќе оброци но помали.. и пиј многу течности. Вежбај или насабајле кога ќе станеш или вечер пред да легнеш... но подобро е насабајле. Избегавај многу калорична храна и пијалоци.. и тоа. Вежбај повеќе од 40 минути.. или кратки вежби по 10 тина минути секој ден (склекови, стомачни и некои за нозете) и тоа е тоа.. мене барем ми успева. Доволно ми е еднаш да повозам неколку километри со велосипед па одма промена да видам
Гледам многу одговори дека било до гените, но нека не ве обесхрабрува тоа! Пред упорноста и волјата ќе потклекнат гените се се постигнува ако се сака, ако си доволно мотивиран и сакаш да го постигнеш. Вежбањето 30%, Исхраната 60%, a 10% се гените!
Па и не се согласувам баш дека е се до гените. Јас имам добро тело (што е дар од гените ххаха) но од што сум голема мрза по цел ден на од јадење па на кревет ме мрзи да мрднам а не па да вежбам се направив прасе. И неможам да се спасам од мојот вечен проблем а тоа е стомачето, не е којзнае колку големо ама.. а поради што бев дебелка порано за спомен ми останаа стрии, да не заборавам и да не се угојам пак до толку хаха.
МИслам декa нема нешто што е може да се постигне со многу труд! Сите што се потпираат на тоа дека гените им се прераспределени да бидат дебели и креваат раце се само мн мрзливи! НЕ викам дека е лесно да се постигне убаво тело, тешко е да се постигне тоа, но не невозможно! Редовно вежбање(секојдневно)+ здрава исхрана+витамини+2 литра вода на ден+убав ручек+појадок-ВЕЧЕРА=убаво и здраво тело! *п.с алхохол, благо,чипсови,фаст фуд и остали грицки во ограничени количини, пример 1 неделно, но не од се по едно туку распределба. Со мн труд и мака мислам дека сигурно ќе има резултати!
Правилна исхрана, и вежби за тело 5-6 дена во неделата. Ако сакаш да дадеш пари еднаш, а не секој месец по теретани, мој совет е да си земеш Total Gym. Јас го имам дома и сум презадоволна, а ти треба пола саат во денот за да ги поминеш сите вежби (што и не мора, може само дел). И вода по 2 литри на ден. Освен тоа, не е толку заморно како трчање, фитнес и сл. А кога вежбаш и не јадеш толку, зашто си викаш дека за џабе ќе ти биде сиот труд, па не ги враќаш калориите што си ги потрошила. Јас уживам кога вежбам, сакам тоа да го правам и генерално сум задоволна од изгледот на моето тело, освен кога ќе ми текне да си купам мајонезче - тогаш ми се чини дека нагло се здебелувам hehehe
Гени - за да имаш предиспозиции да го стекнеш. Големо изобилство на секс - за да успееш да го обликуваш како што треба. Во недостиг помага и џогинг или танц Заљубеност - за да не ти се јаде ич. Пих! И животот е поубав а сите сме џоа - вакво!
Пред се желбата и упорноста се најпотребни.Правилниот распоред на храна,односно нивната групација во протеини,јаглехидрати,скроб и секако овошја и зеленчуци,без притоа нивно мешање во оброкот(пр. протеини со јаглехидрати ) ке даде одлични резултати,па дури и на оние помрзливите кои не се многу по движењето и спортувањето.Доколку на правиот начин на исхрана додадете некој спорт или тереатана/пилатес/аеробик.. и сето ова стане дел од вашето секојдневие,го одржувате во континуитет,резултатите ке бидат постојани.
Од личен пример ... само мајка природа и гени. Ова и кога си јадете нормално скоро се, не сте нешто затресени за вежби и сл., диети воопшто ... итн. Но убаво тело може и да се создаде со добар режим на исхрана, вежби ... без стресови и добар секс.