1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој е рецептот за убаво тело....

Дискусија во 'Фитнес' започната од shaa, 24 ноември 2010.

  1. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Јас мислам прво до организмот е.
    Можеш да јадеш кооолку сакаш, ама ништо да не ти се фаќа, само коски на тебе.
    Имам една ваква друагрка значе јаде се тостови, чипсови, компири и се калорични ама слаба, случка.А може па се што ќе изедеш да ти се фати, и вода ти се фаќа што се вика.
    Таков е кај мене случајот. :D
    Е сега ако си во првата група нема потреба да се замараш, те наградила мајка природа.
    Ама ако си во втората за убаво тело малку повеќе труд треба.
    Треба да се одбегнува мрсна и калорична храна (тостови, чипсови, благо, смоки, хамбургери, пица), повеќе овошје и зеленчук, месо во умерени количини, јагленохидрати исто, да се прави баланс, и сето тоа да се комбинира со редовно вежбање.
    Е драги мои тоа е рецептот за убаво тело (според мене). :D
     
    На meruska, MorticiaAddams, lackygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    20.853
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе тотално, ама да ти кажам јас имам братучетка што сака да се здебели ама не може, пие секакви апчиња за дебелеење и одвај 50 кила има, нема што не јади и тоа по мнооогу кога ја гледам и заблазнувам дека може да јаде што си сака по 2 леба денот јади верувале или не, а таа ми вели е да сум јас ко тебе :) дај ми некое кило :lol: а мене кутрата се ми се фаќа :(
     
  3. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Абе мисла дека работата не е се ми се фаќа, ако го трошиш тоа што го внесуваш нема да ти се фати.
    И сите секс сте спомнале како состојка во рецептот, ами некој што ја нема т.е не ја користи таа состојка, тој треба тоа да го замени со танцување и скокање на јаже, таков рецепт препишувате м? се зезам, не постои рецепт туку ЗДРАВ НАЧИН НА ЖИВОТ, а тоа како сакате сфатете го, а тука не спаѓаат диети, спаѓа вежбањето, водата и се друго освен ПРЕТЕРАНОСТ со јадење и прејадување со храна од било каков вид.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    За гените не се согласувам баш :^) Имаш добри гени а јадеш ко сви*а и демек добра линија имаш,зашто имаш гени.
    Гените ја одредуваат конституцијата ама наше е како ќе си го одржуваме телото.
    Имам другарка чија мајка е многу,ама многу дебела,со гради до половина,ама оваа цел живот е на диета исцрпувачка,вели не сакам да бидам како неа.Иако има и таа големки гради како мајка и и големи колкови сепак внимава многу,ама многу и пак е слабичка таман.
    Битна е исхраната и тоа многу,уште повеќе тие лошите комбинации.
    Потоа и метаболизмот.
    Активност колку можеш најмногу-толку.
    Секс-секако дека да :wasntme:
    Значи рецепт за убаво тело- е умерена исхрана и активност.Просто како грав :)
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    πа прво и основно каква ти е градбата, односно како си родена.
    второ метаболизам. пошто ти можеш ништо да не јадеш и пак да се дебелееш од вода буквално, и можеш да ждереш ко свиња и да не ти познава.
    и трето вежбање. мора вежби за да се обликува телото и да стане вакво :

    [​IMG]

    :)
     
    На Lux, lackygirl и Gordana10 им се допаѓа ова.
  6. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Ама Каша ете ти тука несвесна контрадикторност, сигурно дека ако имаш убава градба би требало да имаш убаво тело, ама џабе имаш убава градба ако не го одржуваш телото и си дебел ко стока, нема да ти се познава конструкцијата ма ако сакаш имај и најубава градба, значи сепак како и да си родена тоа можеш да го смениш (или свртиш во твоја полза) значи со истакнување на градбата или од подебела кон послаба со вежбање или без со правилно храњење или да го свртиш против тебе дарот од мајка природа, и да си природно слаб ако се запоставиш и почниш многу да јадиш сигурно нема да останеш ист. Барем јас така мислам.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Мене ова не ми е убаво тело....Јес дека девојката е слаба,ама дајте малку облини бе,што со овие манекенски тела,нити гз нити ци*ка |( Извинете ама јас да се доизјаснам :wasntme: .Секој различно го сфаќа поимот убаво тело.Некој сфаќа 90-60-90, некој не.
     
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Точно така :) барем знам по мене :rofl: јадам и џабе јадам работава :rofl: цел живот така :D Важно е дека е до градбата, а :!: најважно метаболизмот, друго се е џабе.Треба и да се внимава, да се вежба, најпрво поради здравјето, отколку поради физичкиот изглед, резултатот од вежбањето кој нормално придонесува за убавината и како што кажа Лукс, вода, обавезно за една уба фина линија :D исто по себе си знам :) премногу пијам вода. А во исхраната рамнотежа, никако прејадување :!: најосновно, покрај улогата на метаболизмот.Ете така 8)
     
  9. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266

    еве ќе ти дадам конкретен пример што сакав да кажам. имам братучетка 20 годишна, цурата стварно многу пази на себе и исхрана и цел живот по теретани е итн. Значи нема делче од телото кај што нема мускулче, целулит минимално значи вака земено е тип топ. е арно ама џабе се кога има никаква градба. значи рамна е скроз. нема половина, нема задница, има широки раменици бетер од пливачка и што дека она вежба цел живот и се храни здраво??? она е обликува да, затегната да, здраво тело да, ама згодна никако.
    затоа и си останувам на условот број еден што го кажав, а тоа е природна градба. κаква те дала мајка природа.
    како Гордана исто и јас сама на себе сум си сведок дека јадам ем многу количински, ем релативно нездрава храна и пак си имам нормална тежина. други се крстат кога гледаат колку гнетам. за тоа е задолжен метаболизамот.
    и нормално дека и телото како и се друго треба да се одржува. тоа и го кажав. вежбање му е мајката. :muscle: :muscle:

    и маца за убавина не може да дискутираме. мене лично девојкава не ми е слаба воопшто, баш си има цице и мускулче и се, според мене како што треба е , баш фит.
     
    На Li..Na му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    Јас се извинувам,можеби моето прашање не е за овде али не најдов поблиска тема за прашањето.Правам вежби неколку месеци и што постигнав е стомачните мускули да ми станат вакви,посебно горните Баш како на женичкава.
    Е сега јас сакам вака нешто слично
    Некој совет :)
     

    Прикачени фајлови:

  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Кристи какви вежби си правела? По ова мене ми изгледа дека си правела само од обичните стомачни вежби, со испружени нозе и рацете позади глава ... се лажам...?
     
  12. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706

    Правев повеќе видови на вежби,не само за горни.И за долни стомачни,но никаков ефект
     
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Пробај вака. Да ги свиткаш нозете во колената, рацете нека ти бидат позади глава и прави наизменично на левата па на десната страна кратки и брзи движења.
    Сите стомачни вежби прави ги со свиткани колена, рацете држи ги покрај телото, можеш и тегчиња да земеш. Важно е движењата да се кратки и брзи и да дишеш правилно. Би ти препорачала и да вртиш хулахоп.
    Дали ги правиш оние вежби за долни стомачни во кои ги креваш нозете нагоре прави, а потоа ги спушташ недопирајќи до подот? Тие се многу добри вежби за долните стомачни мускули. :)
     
    На AlicaInWonderland му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    Фала многу на советот,од сега се фокусирам само на долни стомачни за да ги средам.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lady.Rose

    Lady.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    51
    Убавината е релативна работа. Според мене, секој кој си внимава на храната, си јаде од се умерено, си пие многу вода и зелен чај и вежба соодветни вежби за неговата градба има убаво тело, без разлика на гените. Е сега, за да имаш бомбастично тело, требаат и гени. Под бомбастично тело подразбирам умерено широки раменици, гради, половина, колкови, убави нозе.

    Секој треба да си го извлече максимумот од своето тело ( а тоа се постигнува со здрава исхрана и вежбање) и да си го сака и да биде самоуверен бидејќи тоа е она што го прави човекот. Секој кој го направил тоа е поседник на УБАВО ТЕЛО.
     
  16. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Ахам. И Дедо Мраз постои

    Не се тешите вака. Неможеш да се дебелееш од вода, и неможеш за ждереш се и сешто и да не ти се познава. Не е се во количината, него во видот на исхрана.
    Ако ждерам по цел ден зеленчук, овошје и здрава храна секако дека нема да се дебелееам, а ти ако јадеш двапати дневно, еднаш хамбургер со мајонез, еднаш пржена храна....нормално дека ќе ти се познава. И се е се во калориите. Можеш да внесеш 500 калории со еден куп мрсно, и 500 калории од здрава храна....јасно е дека не е исто и со првите 500 доаѓа и салце и целулти и незнам што...

    Рецепт за убаво и здраво тело е многу едноставен: вежбање и здрава храна. Каква градба и да имаш, со вежби и здрава храна ќе имаш и убаво тело, добро обликувано и најбитно здраво. Не е поентата да бидеме слаби и ко мртовци да изгледаме во фаца
    Далеку од сикс пек, ама и гума околу половина не е пожелно ич :) Златна средина

    Си ги вежбала само горните мускули ваљда. "Обичните" стомачни што ги правиме, оние горе/долу со раце позади глава се за тие горни стомачни мускули.
    Батали ги тие и прави вежби најмногу за долните стомачни и странични
    За долните најдобра е оваа: легни на грб, раце под газ и нозете испружени. Така испружени нозете кревај ги нагоре полека (цело време се прави и стегнати) и после полека долу....пак горе, пак долу.....ама долу коа ќе ги спушташ не го допирај подот. Ме сфати за кои зборам, нели? :) овие се најтешки, ама најефективи и толку за тој долниот дел од стомакот, а не оној под градите

    едит: сега видов дека Мимс одговорила....јас читам по ред и трчам да одговорам, ама нека стои, може ќе се најде :)
     
    На eli25, mims-89 и kristii им се допаѓа ова.
  17. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    [​IMG]


    дали е ова нормално ? :o
     
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Кога постои Каша, |( не знам, струкот и е убав, ама со мускулите на нозе претерала и не е убаво за гледање, што дека од половина на горе е убава и затегната, а од полвина на долу катастрофа, а што е финтава со девојкава?
     
  19. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Не се согласувам со вас . Не мислам дека само храната влијае на здебелување и слабеење . Нормално тоа е главна причина но зависи И од метаболизмот и самата индивидуа .Пример со една од школо , секој ден јадеме заедно тостови , смоки , чипсови . Девојчето некогаш ако поминуваш до него , нема да го видиш од штое слабо . И таа ми вика , колку јаде а неможе да се здебели . А кај мене ако се нервирам одма слабеам , ако сум психички во ред и ако не се карам континуирано ако не се нервирам , до 55 кила најмногу имам , храната не ми влијае ама баш никако . Колку и да јадам масно , сендвичи ја неможам да се здебелам само маснотии во крв ќе добијам ( имав , сеа треба да одам да дадам крв да видам дали уште имам ) . Едно време бев на здрава исхрана , само зеленчук заради маснотиите , и не ослабев уште сум 55 кила .

    А за убаво тело , ако ти имаш широки нозе , колкови ако сакаш уби се од вежбање нема да ги смалиш или зголемиш , прво мора да имаш убаво тело од мала , па со вежбање да го намалиш целулитот , салото .. :hai:
     
  20. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Индивидуална перцепција за убаво тело. Некој сака облини некој несака, некој сака строги порпорции некој не...
    Најбитно е да е здраво и да се убаво чувствува во него :) тоа е тајната на рецептот (храна и физичка активност)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.