најубаво е да вежбаш навечер,или кога тебе ти е згодно,,но се вели дека кога вежбаш тогаш кога тебе ти одговара,и кога имас енергија..итн...тогаш најмногу ефект ќе има...јас би ти препорачала навечер.последно да јадиш до 18 часот...да не јадиш многу леб,да не јадиш благо,по малце но без претерување,да пиеш чаеви,...зелениот чај е за ослободување од штетни материи на организмот,те прочистува,повејќе пати ке одиш по потреба,и ке се чувствуваш по убаво...
Здраво феминки. Веќе долго време сум гостин на овој форум но дури сега се зачленив. Вака и јас цело време барам начин како да го подобрам изгледот на моето тело па така барајќи нови вежби на интернет со сопругот ја откривме страната на Зузана која се вика bodyrock.tv. Секакви вежби, најразлични видови од стомачни, за гради и слично. Мора да ја посетите, верувајте ми.
Избалансирана исхрана, многу овошје, зеленчук и вода.Без масни и тешки јадења, внимателно со тестенини и благо и никако јадење касно навечер. ПЛУС вежбање во теретана минимум 4 пати неделно.Резултатите ке ги забележите веќе по еден месец, а ако ова го прифатите како начин на живот, а не како режим -после извесно време нема да можете да си го препознаете своето сопствено тело
А јас како да си ја усогласам исхраната и вежбањето кога секој ден сум втора смена на школо и кога си доаѓам дома преморена сум. Дајте некој совет ве молам. Сакам да вежбам, летото одев 2 месеци на теретана и ослабев, ама сега неможам никако да си избалансирам.
Умерено јадење,вежбање на оние делови кои сакате да ги средите,и користење на најлон на истите додека вежбате,умерена исхрана и без диети. Имајте на ум дека и од сексот се губат баеги калории и свашта,само немојте на момакот да му се избаците облечена како космонаут со цел да си го тонирате телото.
Секс по 2 партии на ден, нормално жената он топ! Скокај па види дали нема да ослабнеш Шала на страна, за убаво тело пред се треба карактер според мене, после следува здрава и правилна исхрана и секако редовно вежнање и движење. Мрзливоста е главна причина зошто сме буцки или зошто се избегнува вежбањето или движењето, демек се немало време, абе ајде, кого лажеме.
дефинитивно ова е најтешко нешто, .. значи ти останува сите обврски да ги завршиш навечер мислам (учење, домашни, итн..) и насабајле пред школо ако имаш услови надвор трчај скокај, или дома прави вежби пола саат секој ден. а за храната пред школо нешто лесно (овошје, зеленчук и сл.) и појадокот во школо избегнувај тостови, сендвичи, буреци, носи си од дома ако ништо друго две јаболка на 3 часа по едно и дома коа ќе дојдеш јади ама мој совет немој леб, ако неможеш пробај помалце. Шишето вода до тебе и мене многу ми е тешко втора смена ама еве се усогласувам некако.
Правилна исхрана и квалитетни тренинзи. Правилна исхрана- Сооднос меѓу протеинот и јаглехидратот. Протеин 3 грама на 1 кг. Јаглехидрат 1 грам на 1 кг. Да подобјаснам-АКо имаш 60 кг, дневно ти се потребни 180 гр протеин и 60 грама јаглехидрат. Нормално ова е за девојки. Квалитетни тренинзи-Кардио 30-40 мин, 5 пати неделно. Вежби со повеке повторувања во серија (15-20), 3-4 серии. Со оваа програма секоја девојка би изгледала лудница.
Без ова ништо не правиме. :geek: Според мене умерена количина храна без ништо да се ускратува туку едноставно да се внесува во помали количини. Пожелно е да се јадат: Суви сливи, грејпфрути, банани, цреши, кафеав ориз за да се забрза метаболизмот и да се поттикне согорувањето на калориите. И најважно- многу вежбање со особен фокус на деловите кои ни се критични. Не мора да се запишувате на фитнеси и сл. кога може да прочепката не интернет, некое старо списание или да отворите вежби на Ју Туб и ќе најдете 1000 вежби кои ќе ги адаптирате на своите потреби. За почеток 30 минути дневно се потребни па натака ќе зголемувате. Преку викенд активирајте се: Отидете возете велосипед, планинарете... Супер фамилијарна рекреација или одете со другарки. Доброто тело не ви бега.
Јас секој ден навечер одам на кеј,еден ден возам ролерки,еден ден точак,еден ден трчам.. се е океј,само нездравата храна неможам да ја тргнам! -.- прееска сум се изнајала благо и грцики! инаку,имам слика од моите нозе,сакам искрен совет од вас да слушнам,но несакам тука да ја ставам сликата..кој сака ќе му ја пратам по пп,и сакам искрен совет!
Додека не ставиш контрола над храната која ја внесуваш, колку и да си активна, сама си ги саботираш резултатите. Јас на пр. бев голем љубител на тестенини, ама откако сватив дека само штета си правам со нив на телото, со недраго срце се откажав од нив, и резултатите кои ги посакувам ми се поблиску. Едноставно секогаш кога ќе помислиш да земеш нешто такво да грицкаш, помисли на таа храна како на свој непријател кој ако го прифатиш во моментот ќе те оддалечи од целта. И секој пат ако се сетиш дека тие глупости кои ги внесуваш во телото се таа кочница која ти стои на патот и те дели од изгледот кој го посакуваш, ќе ти станат одбивни, и полесно ќе дојдеш до резултатите. Мене па колку ми е лесно да се откажам од храна, јас не можам да се натерам да јадам, а сакам да качам малце мускул, и морам со сила .
Висока сум 180..Имам 65 кг..Тоа е ок у врска со мојата висина, меѓутоа имам спојлери..Како може да се отстранат?