Се зависи од метаболизмот, ако има брз метаболизам,може човек и се да јаде и пак да не му се познава ништо.Да, најважно е здрава храна и вежбање, но ако организмот е склон кон дебелење, колку и да внимава човек, па дури и да вежба, пак нема да има убаво тело.Правилно е здрава храна и вежбање, се согласувам, но се зависи и од самиот организам.
Се согласувам и јас, затоа што сум жив пример. Јадам се, буквално се, благо, солено, грицки, многу солена храна, брза храна, и здрава храна јадам значи се и тоа количникси многу, а немам ни 50 кила. Незнам дали е до метаболизмот затоа што и немам екстра брз метаболизам или е до тоа што постојано вежбам нешто. Дали е тоа пилатес, џогирање, пливање ... ама постојано вежбам и не внимавам на исхраната. Е сега после 6 месечно јадење и лежење качив две кила, ми се појави малку целулит на бутовите и мало стомаче ми се оформи. По два месеци се средува, готово веќе но повторно само со вежбање без регулирање на исхраната. Неможам да се откажам од храна едноставно
Мимс до тебе е И како да ти кажам, блазе си ти Многу ми е смешно - рецепт за убаво тело. Каков рецепт?! Еден ли постои? Секој треба да си го знае својот рецепт за стекнување на убаво тело. Не слабее секој подеднакво и не се билда секој за ист временски период. Од тука и оние статии искрено ме нервираат - јади ова, јади она, прави она, прави она? Не сакам бре! Не ми одговара мене се од тоа што „треба да правам“. Јас за себеси точно знам што ми треба и за 3 дена одма прво симнувам 2 килца вода и глупости и потоа вистински слабеам - да не јадам после 6 поручек и да се движам редовно. Плус што во лето ич не ми се јаде, само зеленчуци јадам и јадам споро, ко врапче, и ете, тоа ми е спасот за одржување. Џогинг, хулахоп и Кармен Електра, и шибам. Малку ако се опуштам, се знае што следи, колку што брзо можам да се средам, толку брзо можам и да се поправам ако не внимавам. Ама дали би му дала на некој совет да го прави истото? Не знам искрено пред се затоа што немаат сите ист метаболизам ко мојот. Можеби единствен совет кој би го дала е да се тренира желудникот и да не се навикнува на многу храна, да се јаде здраво, да се голтаат помали залаци, а за вежбањето? Секој си знае по себеси. Па и не издржуваат сите подеднакво. Бивши спортисти сигурно поинаку вежбаат од оние кои се аматери, да не речам.
абе срцко јас јадам буквално све и многу ретко вежбам и слаба сум и немам лошо тело зависи од метаболизмот сестрами многу малце јаде ама што и да јаде за неа се лепи а за убаво тело нема неакој рецепт ако е негувано и стегнато не се многу важни килограмите
1Леб Не 2Газирани сокови НЕ 3 После 19 часот јадење никако 4 Пржена и брза храна Не 5 Благо Не а за вежбање трчање фитнес да не правиме муабет тоа секако треба да се практикува
На сабајле доручек обавезно, по можност овошје !! за ручек салати и навечер зеленчук трчање, пливање, спорт некој или па аеробик, фитнес 3пати неделно, алкохол никако!, многу вода пиење, благо не !
Имам брз метаболизам и јадам буквално се, и не внимавам многу на исхраната. До негде и генетски е, бидејќи никој во фамилијата нема со повеќе килограми, а и мајка ми на свадбата имала исто килограми колку шо имам јас сега. А и постојано сум активна, пешачам, возам со точак, често одам на планина... Јас баш би сакала да се здебелам уште неколку килца, ама едноставно колку и да јадам не можи
Специјалистот Глоси... ви го претставува магичниот трик за слабеење. *Напишете една реченица на вашата тастатура и притиснете 8+ енетер и очекувајте -1 кило. И така секој ден. Неее, секако дека се шалам. Со седење и со чкрапање по тастатура сигурно нема да имате убаво тело! За да имате убаво тело треба убаво да се испотите и секако да внимавате на исхраната, тоа е рецептот нема друг!
пиење многу вода, кардио вежби и конечно запазување на хранливата вредност пред било што да се изеде али некако ко за џабе тоа да е ставено на секој производ
http://hitportal.com.mk/Zabava-detail/t ... -treneri/# Женски ги има некој правено вежбиве еве пишува и брзо слабеење!А шо велите?
Баш го имам спуштено видеово и еднаш почнав да ги вежбам и на 10 минути се одкажав зошто многу се уморив и испотив и дека пред тоа имав вежбано. Ќе ги правам денеска и сигурна сум дека има ефект зошто многу се потиш додека ги вежбаш,а и не се баш некои лесни вежби, плус вежбаш со тегови и 40 минути. Вреди да се вежбаат, а резултати тек после месец вежбање можат да се забележат, побрзо не ми се верува.
Zdravo jas sum ovde nova na forumov samo zaradi ova od iskustvo mozam da vi kazam deka vezbive od linkov se prekrasni ne samo so ke oslabite tuku i teloto ke vi se stegnit i tocno e tka posle mesec dena mozes da zaprimetis deka deluva Jas gi praev i uspeav pozdrav i milo mi e ako pomognav nekako
i uste neshto ke zaboravev: NIKAKO NEMOJ DA GI VEZBATE SEKOJ DEN ke se nabildate mnogu i ke imate muskuli ko popaj i plus toa ke vi se naviknat muskulite na istite vezbi i nema da ima golemi rezultati. Nie gi pravevme ovie na fitnes taka ni rece instruktorot pozdrav
Рецепт за убаво тело ,хмм па сепак зависи од генот тоа е неминовно но не пресудно.Упорноста за спортот,внимавање на храната, и се разбира тренинг треннг соодветен ....... за да се постигне посакуваната цел .Џабе би било се, кога нема да се вклопат овие работи заедно .
Мнг вода мнг физичка активност.. здрава исхрана без газирани сокови без брза храна без мнг благо навечер после 7 јадење никако мнг лесно звучи вака ама јбг трпи за убавина -.-
Рецептот за убаво тело: -Вежбање секој ден најмалку пола час најмногу 2 часа... -Здрава исхрана (овошје,зеленчук...) -Пиење вода (помага во побрзо согорување на мастите) -Се препорачува да не се јаде после 19 часот.