Сега јас ќе ви го кажам. It was my little secret. -Вежбај во денот 3 пати по 15 минути.(Задолжително секој ден) И тоа прави го околу 3-4 недели и после ќе ти биде навика па никогаш нема да забораваш да вежбаш! -Јади умерено. Пр.Доручек-Лесен појадок,Ручек:Било што но да не биде многу калорично и после + овожје. Вечера:Едно парче леб со нешто за мачкање и + млеко. Најважно е да не прејадувате бидејки ќе ви биде тешко да вежбате. Доколку немате мотивација секој ден да вежбате залепете си ја собата со слики од В.С и ќе има јака мотивација верувајте! Ако сакате да знаете нешто повеќе пишете ми ЛП јас барем во оваа сум искусна и можам да ви помогнам!
е па треба фино да се испотиш како за се во животот за да резултатот биде видлив, али со добра организација на време и воља се се постигнува нели?... па и ако се храниш здраво и си го имаш генот за витко и згодно тело тогаш си во предност
За жал со ова мислење витомир со тебе не можам да се согласам. Секогаш кога дискутирам за ова се напинам, значи не можеш да се помириш со тоа, е сеа ваков сум се родил и не можам ништо да сменам. Е можеш! И те како можеш, можеш многу да направиш за да го смениш твоето тело, не е само да се родиш со убаво тело и да го немаш можеш да го добиеш. Ова од искуство го кажувам. Не дека јас сум имала којзнае какво грдо тело, па сум го средила, туку тоа дека навистина секој има различен физички изглед(нели според типот на телото), ама за да имаш навистина убаво тело мораш и малку да се помачиш. Ретки се тие кои се природно надарени со убаво тело и без воопшто труд што успеваат да го одржуваат такво.
Убаво тело (според мене нели) се добива само со убаво испотен г*з Убаво кажале дека без труд ништо не се постигнува
Витомир пробај и храни го тоа тело со калорична и мрсна храна, благо и грицки и не мрдај од кревет, па ќе видиш дали си роден со убаво тело. Човек не се раѓа згоден или дебел, тоа се одржава. Гените играат улога тука да, и метаболизмот како главен фактор, меѓутоа ако не си го одржуваш телото ќе си се појави целулитче тук-там и ќе висне стомаче. Доста со приказните, големи сме веќе
Јас се согласувам и со тебе и со Витомир-има луѓе штп се раѓаат со криви нозе (и да спортуваат во детството,пак ке имаат криви нозе,јбг),со криви коски што колку и да вежбаш тоа нема да се поправи! Ама од др страна,благодарение на спорт и рекративност може да се постигне убаво тело-да се среди целулит да се стегне,да се одржи убава става. Ама факт-или имаш или немаш правилно тело.
Да, во ред ако станува збор за такви недостатоци кои е невозможно да се сменат и врз кои лицето што ги има никако неможе да влијае на нив, јас зборувам за она врз кое може да се влијае со вежбање и исхрана.
Зборам за генетика јас сум задоволен,нормално треба и физичка активност,здрава храна,не бадијала докторите не зборат дека треба да се спортува,инаку се сложувам со тебе. Уште нешто да кажам нема врска ова со темата,еве погледни ги црнциве какви убави бели заби имаат природни,а некои колку и да ги мие пак нема да му бидат толку бели,се надевам дека ме свати што сакам да ти кажам.поздрав
И метаболизмот е тука многу важен. Луѓе кои се генетски предодредени да имаат брз метаболизам имаат убаво тело. Познавам едно три-четири такви девојки кои кога ќе ги видам ми се плаче. Особено едната од нив. Абе чоек, само нешто џвака, кога и да ја видам, сем шетање, не практикува некоја физичка активност, ама телото и е, гледај и плачи. Со здрав начин на живот, метаболизмот може доста да се забрза, но генетскиот фактор тука не игра мала улога... Здравиот начин на живот може (и те како) да допринесе за поубаво тело, но освен генетика постојат и други фактори кои не можеме да ги контролираме, а имаат свое влијание врз нашиот изглед.
Џабе му е генетиката на некое дете кое во живот не пробало физичка активност и од мало само седи пред компјутер и јаде нездрава храна во обемни количини. Ќе личи на атрофирано прасе и покрај супериорната генетика . Впрочем не е точно дека генетиката воопшто не се менува, има вежби со кои можеш да се извишиш и да ги прошириш рамениците (зборам за коските до 20-тата година), и двете сум ги правел и нормално си дадоа резултат. Генетиката е одлична база ама таа база треба да се одржува со редовен тренинг и правилна исхрана инаку за 20 години пепел ќе ти отиде генетиката. Црнците се посебна тема да не ги мешаме непотребно и да се задржиме на нашите простори .
- Обавезно вежбање, пешачење, движење, одржување кондиција и виталност... - Умерена исхрана, одбегнување на се што е штетно и нездраво... - Одржување на хигиена, нега на коса, кожа и нокти... -Повеќе насмевки и помалку стрес.
Јас иако сум родена со добро тело не сметам дека гените се пресудни за убаво тело,бидејки секој може да го добие,некој со помалку а некој со повеќе труд.
Знаеш вежби за извишување?? Е ајде брзо кажувај по ЛП да не ја полниме темата, од кога сум во потрага по ваква нешто. А да не бидам офф топик за убаво тело се знае вежбање без изговор и здрава храна исто без изговор и помалку стрес, толку едноставно и некои сеуште не го применуваат. Незнаат што губат
90 посто е во исхраната 10 посто вежбање тоа е тоа, нека ме надополни некој со исхраната која е најздрава да се јаде итн и темава може да иде под клуч
Vezbanjeto ne mi pomaga :/ Znaci veke 2 ipol nedeli nemam jadeno nisto blago i resiv da oslabnam do letoot edno 8-9 kila (ako e mozno). Pocnav da odam na fitnes i sekoja den vezbam po 1-1:30 min i toa go pravam veke 3 nedeli no nema nikakov resultat bev 60 kg a sega sum 59 :// ne jadam blago kako sto kazav ne jadam leb samo salati takvi raboti i pak nema nisto rezultat , pomagajte !!
Vezbanjeto ne mi pomaga :/ Најпрво треба многу трпение,најважна работа при слабеење е здрава исхрана и броење на калории до 1200 на ден доручек ручек и вечера обавезно а за ужинка нешто овошје зеленчук од месо може пилешко,мисиркино обавезно овошје и зеленчук што помалку пржено зејтин,шеќер мислам на белиов а наместо тоа може мед,леб да избегнуваш исто и грицки чипс ова она благо исто.Нема фаст фуд тоа обавезно.Ако имаш некој други прашања,вежби за по дома пиши лична порака..поздрав
Мојот фитнес ден (+ мотивации) здраво, сакам да прашам, се спремам да почнам да вежбам и до јуни да изгубам околу 10 кг и да се затегнам. 155 cm, 54 kg сум и сега ми треба совет што да почнам ги имам insanity, brazil butt lift и 30 day shred?
Секако дека генетиката игра голема улога во оформување на телото но секој што ќе се потруди да изгледа добро ќе изгледа добро. Добро, некој тоа може да го постигне и со легачење... Под добро тело не подразбирам совршенство бидејќи навистина постојат работи на кои и неможе да се влијае но тело со многу целулит и тело со плус многу килиграми за мене претставува одраз на голема негрижа. И да, со редовно вежбање и со правилна исхрана мора да има подобрување...
Дали знае некој колку калории има во 100г готово пире, во варена соја и дали е ок да се мешаат овие два вида јадење?