Insanity! Без сомнеж!! Сите три ги имам испробано, се задржав на Леандро и butt lift-от зашто моментално тоа ми треба за телото, ама Insanity ти е бомба програма за твоиве потреби! Го гориш салото и сите тие масни наслаги од проблематичните зони, а ако си доволна упорна и посветена, можеш и комплетно да го истонираш целото тело со six pack, раце, нозе, задник итн. Eднаш кога ќе ги изгубиш килограмите, можеш да се префрлиш на Brazil butt lift за дефиниција и обликување. Напорно е во секој случај, но се надевам дека твојата желба и волја да го добиеш телото што го посакуваш е посилна и поцврста од било кој изговор што може да се најде Tи посакувам среќа и да се пофалиш понатака со резултати
Наутро треба да се најадеш, појадокот е најважен затоа не треба да го прескокнеш. По 30 минути откако ќе јадеш можеш да почнеш да вежбаш вежбаш (порано не се препорачува бидејќи нема да има резултат од вежбањето). Наутро е најубаво да се вежба. За ручек не треба да се прејадеш туку треба да јадеш доволно, а за вечера можеш да јадеш нешто лесно (тестенини, супа...) можеш да вежбаш и навечер. Но, запомни никогаш не се прејадувај без разлика колку е слатко јадењето и храни се здраво!
1 - НE СЕ ПРЕЈАДУВАЈТЕ НЕ СЕ ПРЕЈАДУВАЈТЕ НЕ СЕ ПРЕЈАДУВАЈТЕ НЕ СЕ ПРЕЈАДУВАЈТЕ НЕ СЕ ПРЕЈАДУВАЈТЕ !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Јадете, ама никогаш не се прејадувајте. Оставете малку место во желудникот за десерт, ама не го јадете десерт. Нели не е ова Америка, па и десерти после ручек. 2 - Вежбајте, движете се, одгледувајте цвеќиња, правете нешто што ве исполнува. Не се залежувајте со саати пред тв. 3 - Од тоа што го јадете одбирајте го и консумирајте го само најздравото. Одбегнувајте се што е конзервирано и се што има предолг рок на траење ! 4 - Намалете (или откажете ги) цигарите, алкохолот, газираните пијалаци, шекерот, премногу бел леб и пецива, и кафиња. 5 - Правете природни маски за лице и коса, правете си домашен пилинг за тело, купете си миризливо масло за после туширање, правете си масажи. Продолжува...
Јас пак би ти препорачала да почнеш со 30 day shred. Insanity e повеќе од одлична , ама сепак напредна фитнес програма и ако немаш вежбано предходно ќе мора да си направиш модификации на одреден дел од вежбите. Плус, не се сеќавам баш добро, ама мислам дека не обраќаа многу внимание, да ти ја објаснат детално секоја вежба, па ако не знаеш што правиш лесно можеш да се повредиш или да си ги преоптовариш колената, на пример. Од друга страна, Џилијан е одличен тренер, ако не можеш да ги издржиш вежбите - имаш и модификации на истите. Програмата не е тешка ама ќе те испоти максимално и ќе дишеш како 3 дена да не си земала воздух А резултати има, и ќе ги забележиш уште пред да завршиш со првото видео. А за Brazil butt lift не можам да зборам, ама мислам дека таа се концентрира повеќе на задникот, па најверојатно подобра би била за обликување.
Мојот фитнес ден (+ мотивации) Ми треба совет од тие поискусните.. Одев на зумба скоро 1ипол месец( 2 пати неделно) а сега почнаа и по 3пати и плус бев на ун диета и така од 60 кг се симнав на 56 кг а висока сум 163 цм. Па задоволна сум од резултатите во нозете и бутовите но сепак салцето на мешето остана. А сега почнав на фитнес каде што денес вежбавме 25 мин некаде вежби на душеци, со тегови и слично и потоа бидејки ми е прв пат но сепак имам некоја кондиција вртев на елиптичен велосипед( само не беше орибтрејк друга марка беше) и вртев околу 15 минути но цркнав... Дали е тоа малку за почеток јас прв вежбав во како да кажам интезивност(незнам како да се изјаснам) 1 а потоа накачив на 2 и така 15 минути без престан. Незнам дали на фитнес да продолжам 3 пати неделно дали ке има резултати и плус вежби дома ке вежбам и на јаже по 10-15 мин и тоа. Што викате вие?
Јадете повеќе пати на ден ама помали порции, 6 до 8 чаши вода, навистина од кога почнав ова да го применувам ми се намали и целулит, и лицето ми се исчисти, вежбање или било каква физичка активност секој ден И секако, газирани пијалоци, чипсови, сол на минимум!!
... Првпат забележувам дека се имало рецепти за убаво тело.. Но, јас препорачувам од сабајле пиење свежа вода. Тоа е добро за желудникот и лицето. Физичка активност-ако сте постари можете вештини да тренирате како Аикидо, Карате, но и јогата е здрава. За млади-Пливањето е многу добро! Иако јас не одам на пливање, т.е мајка ми несакала да одам-ќе сум настинела, добро е за оформување на телото, рамениците и бутовите. Се извишувате. Можете и спортоби како кошарка, одбојка, фудбал. Да се јаде само здрава храна! Откажете се од пици, хамбургери, тостови, чоколада. Добро, за чоколади можете да јадете темно, но во умерена количина. Ѓубре храна, еднаш месечно најмногу! За доручек, можете да јадете чаша јогурт со природни НЕ ЧОКОЛАДНИ житарици. Можеби вака не би изгледало вкусно, но прекрасно е! Еднаш дневно да се јаде аронија. Многу е добра за телото. По 40 зрна на ден јадам. За некои не е вкусно, но јас уживам. И најважното, овошна бомба! Изблендајте различни вкусни овошја кои ви се омилени и би ви одговарале како сок. Можете и да додадете морков. Тој го освежува вкусот. Ако неможете да блендате, исцедете портокал, лимон и цитрон. Ни под разно да го правите со шеќер! Ако сакате послатко, додајте поголема количина на портокал. (од благите и сочните се разбира) И тоа ви е рецептот за убаво тело од Мила.
Најважно нешто е исхраната.Немојте да мислите дека ако по цел ден гладувате,држите строги диети дека ќе имате убаво тело. Треба да јадете нормално,но во тоа не спаѓаат и брзата храна и сличните работи на неа. Јас прво нешто што правам кога ќе станам наутро е тоа што пијам 2 чаши вода на празен стомак. Не ми почнува денот без тоа. Понатаму си внимавам каква храна внесувам.Да не е премногу мрсна.Истотака јадам црн леб,бел лев воопшто не практикувам. Пиењето многу течности помага и тоа како. Но да не ја изоставам и физичката активност.
Еве го мојот рецепт: 300 гр трпение 800 гр волја 500 гр самодоверба 100 гр сила големо количество протеини (зависи кај кого-како) здрава храна Сето тоа се меша и се истура во твојот череп, таму кај мозокот. Се крчка на температура од околу 37 степени, цел живот!
Многу вода, секојдневно вежбање или барем повеќе пати во неделата, здрава исхрана без слатки и печива, многу волја, трпение и сила