И јас потврдувам за близнаците. Може за ништо друго не го биваше, ама за бакнувањево Spoiler да не речам лапањево
Глупости,што има хороскопскиот знак врска со бакнувањето .Точно дека некои карактерни особени се карактеристични за одреден хороскопски знак но бакнувањето не ми се верува.
и јас мислам дека хороскопскиот знак нема некоја врска со тоа, ама еве според мене мислам дека најдобри бакнувачи се овните и лавовите
Овните се онака, ок, биковите исто ок, али ми фали драж некоја, близнаците ми се многу нежни и би прошле за некоја патетична детска платонска љубов, раковите дито, нежни, емотивни, не ги бива многу, лав не сум имала, девиците се одлични, ваги - уф перфекција, шкорпија - е ова е кулминација на сета страст собрана во едно, стрелци - јако богами, јако, јарци - немам поим, водолии - едно големо УФ! не дека јас сум , али мажите водолии се фрикови бре! ги обожавам, и риби - солидни, многу солидни. И шо кажав сеа? Ништо. Си го кажав моето искуство. Се ви е јасно Не знам кој знак најдобро се бакнува искрено, ама јас мислам дека водолија ипак. Да не се лажеме сеа. Ми треба бре да ме потегне за дупе, да ме залапа ко да не ме видел сто века, да ме попали инстантно а не да се шљапаме со саати и после утредента да го пцујам за херпес евентуално да си прикачам лигавче за прекумерно лачење на плунка. Јок
Милам сите не дека сум ги пробала само девица сум пробала ама сите феминки издвојуват барем по една што значи сите се добри!
Стил на бакнување според хороскопскиот знак Овен: Луѓето родени во овој знак се сметаат за страсни личности, па затоа нивниот бакнеж е енергичен и впечатлив, брз и страстен. Бакнежот на Овенот никогаш нема да го заборавите. Бик: Припадниците на овој знак бакнуваат сензуално и бавно. Тие се нежни, но не премногу, со долгите бакнежи ја будат страста и ве носат кон уживање. За време на бакнувањето ќе ве галат и ќе ве допираат. Уште долго по бакнувањето ќе се сеќавате на нивниот бакнеж. Близнаци: Близнаците секогаш се подготвени за игра. Во бакнувањето припадниците на овој знак никогаш нема да ве разочараат. Стилот им е разновиден и брзо променлив. Бакнувањето за нив претставува игра и забава, односно дел од нивната комуникација. Рак: Ретко се случува припадник на овој знак да се охрабри да го направи првиот чекор. Не оставаат силен впечаток по првиот бакнеж, но нивната нежност ќе ве натера да останете долго во нивните прегратки. Лав: Сè што треба да направите кога се бакнувате со Лав е да се препуштите и да го оставите да ве воодушеви. Цврстиот и одлучен бакнеж ќе ве маѓепса, но морате да оставите тој да ја води играта. Девица: Бакнежот што ќе го добиете од личноста родена во овој знак ќе биде совршен. Внимателен и со многу чувства, бакнеж од кој тешко ќе се „одлепите“. Девиците се наклонети кон перфекција, така што, штом токму вам ве одбрале за бакнување, тогаш очекувајте го најубавиот бакнеж што некогаш сте го искусиле. Вага: сакаат комплетно да го задоволат партнерот и ќе направат сè за да го направат тоа. Бараат целосно учество од партнерот и она што го даваат сакаат во иста мера да им се врати. Нивниот бакнеж е единствен и посветен само на вас. Скорпија: Скорпиите се можеби најстрасниот зодијачки знак, затоа очекувајте „огнен“ бакнеж исполнет со многу страст. Тие нема да останат само на бакнување. Тоа им е силно оружје што ќе ве намами во нивниот кревет. Заборавете на сè друго и едноставно препуштете му се. Стрелец: Стрелците се посветени љубовници, даваат многу и бараат многу. Многу сакаат да се бакнуваат и често сакаат да пробуваат нови нешта. Нивниот бакнеж е спонтан и прекрасен. Јарец: Припадниците на овој знак нема да ги задоволите со едноставен бакнеж. Тие сакаат префинети и елегантни бакнежи. Често сакаат да експериментираат, па затоа од нив очекувајте невообичаени бакнежи. Само недовршениот бакнеж може да ги натера да побараат повеќе и да им бидете интересни. Сакаат да го имаат она што не можат и упорни се додека не го добијат. Водолија: Водолиите сакаат да бидат запаметени. Затоа имаат различни стилови на бакнување, сè со цел да воодушеват. Ако го посакувате нивниот бакнеж, цело време треба да бидете поинакви или едноставно да глумите дека сте недостапни за нив - тоа ќе ги полуди од страст Риби: Во бакнежот на припадникот на овој знак ќе ја почувствувате сета љубов што тој/таа ја има за вас. Нивните бакнежи не се спектакуларни и воодушевувачки, но затоа се полни со чувства. Од нивниот внимателен и нежен бакнеж долго време нема да сакате да се одделите. Од мое искуство, би ги издвоила лавовите, посебни се.
Е не знам за сите што биле во хороскоп и дали сум имала од секој знак за да споредам, ама ете од досегашното искуство Овен и Скорпија
Е за ова потполно се согласувам . Според мене Рак. Преубаво се бакнуваат. И Водолија. Така две водолии кога се споивме..абе не може да се опиша . Перфекција!
Не да се фалам ама јас ко Јарец (и сите други Јарци) од појаките сме ...... Иначе хм...дефинитивно Стрелец