Некои личности сметаат дека бакнежот е физичко искуство, додека други дека со бакнежот се искажуваат емоциите и блискоста со партнерот. Доживувањето на бакнежот зависи од хороскопскиот знак, а еве што можете а очекувате. ОВЕН Впечатлив, енергичен и силен. Овој знак на бакнувањето му пристапува како и на се друго во животот – одушевено и импулсивно. БИК Бавно, сензуално и цврсто – таков бакнеж може да очекувате од луѓето родени во знакот на Бик. Но тоа е една од причините поради која врските на биковите траат подолго отколку кај другите хороскопски знаци. Биковите имаат развиено посебно чувство за допир и пред да ве бакнат ќе ве галат. БЛИЗНАЦИ Различни, интересни и брзо променливи. Близнаците сигурно нема да ве разочараат во бакнувањето. Но, пред да ве бакнат ќе мора да се многу да чекате и многу да зборите. РАК Удобно, познато и едноставно добро. Раковите не одушевуваат при првиот бакнеж, но создаваат удобност. Тие не се иницијатори на бакнежот но после нивниот бакнеж ќе се чувствувате топло и прекрасно. ЛАВ Бакнежот на лавот може да ве бутне на земја, тој едноставно одушевува и за негов бакнеж се чекаат редови. Со нив се што треба е да се опуштите и да му се препуштите. ДЕВИЦА Внимателно, чуствително и совршено. Така бакнува девицата. Тие не сакаат неред, па атмосферата пред бакнежот мора да биде совршена. Поради тоа што девиците не прават ништо половично и бакнежот им е целосен. ВАГА Вагите живеат да го задоволат партнерот. Тие истото го очекуваат и од партнерот. Секој бакнеж кој го доделуваат е единствен. Уживањето со нив ќе биде исто и после 25 години поминати заедно. ШКОРПИЈА Страствено. Тие се страствени без разлика што работат, па така и кога се бакнуваат. Со нив треба да заборавите на се друго и да уживате во бакнежот, но поради начинот на кој се бакнува Шкорпијата, тоа нема да биде тежок предизвик. СТРЕЛЕЦ Стрелците секогаш сакаат повеќе, повеќе и уште повеќе. Многу ќе ви дадат, а ако сакате да ги освоите посветете внимание што сакаат и повторете го тоа безброј пати. ЈАРЕЦ Јарците ретко се одлучуваат први да бакнат. А кога најпосле ќе го добиете бакнежот, тој ќе биде елегантен, префинет и непотполн. Тоа е единствен начин да посакате уште. ВОДОЛИЈА Нивната цел е да останат запаметени. Тие сакаат изненадни и необични бакнежи, посебно од личности кои не им се слични. Бидете што е можно поразлични. Друг начин е да се правите дека не сте заинтересирани. РИБИ Рибата ќе ве бакне само доколку мирисате убаво. Поради тоа големите количини на парфем се неопходни. Тие ќе ве бакнуваат нежно, чуствително и внимателно. Возвратете во иста мера. http://www.svastarnik.com/astrologija/1 ... ite-znaci- За риби е погодено
Ја би шкорпија. Не од лично искусто, туку од гледање на нечии усни и нивното движење. Абе шкорпија во комбинција со риби. Толку.
Хаха, гледам повеќето ги фалат близнаците и морам да признаам дека ми годат овие пофалби Инаку според мене најдобро се бакнуваат Девиците. Нежно и чувствително, а на моменти и многу страсно. Со еден збор совршено!
Досега еднаш во животот сум го бакнала знакот „забрана за свртување надесно“... и од што беше чудесно, до ден-денес боли.