Многу искуство бе девојчиња сте набиле. Секој знак сте го пробале и тоа повеќе пати, па можете да кажете кој знак најдобро се бакнува? Туку, јас не знам кој знак најдобро се бакнува, ама ако го следиме зодијакот и компетентните на темата, то ест, ако можеме да им веруваме на астролозите и нивното мислење за страста и умешноста во кревет на хороскопските знаци, тогаш најверојатно, најдобри бакнувачи се: - скорпии - лавови бидејќи тие се сметаат за најжешки во сексот, а секој знае дека добар бакнувач е и добар љубовник под чаршавите. Инаку, дефинитивно е многу индивидуално и хороскопскиот знак апсолутно нема никаква врска, особено што и во бакнувањето, како и во многу други работи треба да се најде компатибилен партнер. Она што за една личност ќе значи совршен бакнеж, за некој друг ќе биде... meh.
Сите освен Водолиите. Не дека сум ги пробала сите знаци, ама според моето искуство Јарците и Скорпиите се најдобри.
Каква глупа тема Инаку вагата најдобро се бакнува, не ради експериментирање, туку јас сум вага и по тоа знам Ама можеби не сум компетентна доволно за да кажам, ова децава денешни цели списоци водат, каде сега јас ќе им кажувам....
Скорпија Барем така ми викаат дека најдобро сум се бакнувала а тоа кој како се бакнува хммм Овен и Скорпија
Хахах темава бе... Од скромно искуство можам да кажам дека рибата не ја бива, катастрофа. Водолијата не ја ни памтам, досадно беше. Со еден овен не биваше, со друг беше таман. Близнаците мене ми се најокеј, али до сега никој не ми го заменил бакнежот со еден Јарец. Уф, страшна работа, поздрав јарци!