Со години ја користев Опера ама последниве неколку месеци сум на Chrome. Ама пак Опера ја користам нешто како резервен браузер
Го користам Хром ама денеска ептен бавно отвара и сменето е кога отворам нов таб, ги нема веке на квадратчиња тие страни што највеќе ги посетувам а и фејсбукот не ми се отвара или кога се отвори после 20мин изгледа како копирано во word . Само кај мене ли е или и кај вас е така сменето?
Го користев Google Chrome, побрз е некако од Firefox, ама кај Firefox ми се допаѓа тоа што сите страници кои секодневно ги посетувам, можам уредно да ги подредам во bookmarks. Малку сум перфекциониста, се мора да ми биде организирано, инаку во спротивно се нервирам. Па така сајтовите ми се подредени по категории. Прво одат социјални мрежи и мејлови, па сајтови со занимливости, па сајтови за музика, па сајтови за филмови, па за рингтонови и слики за мобилен, па сајтови на весници и медиуми и дуууури на крај последен ми е ставен сајтот на правен И си ставив Firefox persona со цветови
И јас моментално го користам Гугл хром,до скоро го користев фајрфокс ама почна нешто да ми кочи. Добар е хромот инаку
Користев Гугл хром до пред два дена али почна мн да ми кочи и сеа си ја користам Операта и мн ми ее побрза..
Сите ги имам користено почнувајки од Интернет Експлорер, Мозила, Опера, Сафари и дефинитивно најзадоволна сум од Гугл Хром. Најбрз ми е и наједноставен
Mozilla Firefox - По барза е, постабилна е, нема краш (не паѓа системот) и други функции, кој користи мозила, знае за што зборувам...
Порано го користев Firefox,ама сега веќе подолго време го користам Google Chrome иако не гледам некоја разлика во брзината на интернетот,ама така малку попрегледен ми е Google Chrome