1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој кого расте - со Зорица Црношија (Телма)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од sunfemina, 3 декември 2012.

  1. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Кој кого расте е нова (воспитна :D ) емисија наменета пред се за родители и деца. Водител е Зорица Црношија и се емитува на ТВ Телма во недела од 10h. Презентираат теми и добредојдени совети особено за тазе родители на дечиња.

    "Програма која може да ги вознемири родителите. Се препорачува задолжителен надзор од деца" :)

    Ја уловив случајно репризата и покрај другите содржини има и еден 'веќе виден' дел, но за мене многу интересен и секогаш забавен, а тоа е кога ги прашуваат дечињата "Што е...?".
    Палави паметни главчиња, кои можат најслатко да ме изнасмејат :D :D :D
    Прашањето во првата емисија беше "Што е казна?"
    http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=UGGQ1H6gz0o
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Значи тоа пред малку реприза беше?
    И јас ја гледав репризата, ама ја фатив сосема на крајот.
    Сакам вакви едукативни емисии. Иако сеуште не сум мајка многу се интересирам за деца и за нивното развивање и воспитување.
    Една од причините е тоа што сакам еден ден да бидам одличен родител, а другата бидејќи одлучив да бидам педагог по професија.
    Од она накратко што го ѕирнав денеска сум задоволна и баш ми беше криво што не го фатив почетокот.
    Ако станам толку рано во недела, нема да ја пропуштам емисијава сигурно. :)