Доколку веќе постои темава, може да се избрише. Сметам дека е интересна тема за дискусија. Кај некои парови секогаш истиот прв попушта. Кај вас кој прв пишува после кавга? Дали е тоа знак на слабост или на зрелост? И колку најдолго сте издржале без да се јавите? Кај нас скоро секогаш јас прва пишувам, ама не затоа што сум виновна, туку затоа што не можам да заспијам ако сме скарани. Тој е типот што ќе молчи и ќе чека „да се смири“, а мене тоа молчење ме нервира повеќе од самата кавга. Не мислам дека е слабост да пишеш прва. Пишувам „ајде да разговараме“,а не „извини“ Најдолго сме издржале 10 дена. За мене тоа беше вистинска тортура и не не можам да го разберам, како тој истрајува во неговата упорност. Знам дека ме сака, но сепак не попушта.