Не на самиот час него зборот ми е после час ќе задеваат некого оти не можел да рипне 150 цм. Имав пишувано еднаш поодамна дека во основно ме задеваа јер ни дојдоа таму од некаде да ни прават тестови за физичка спремност а јас имав меѓу најслабите резултати во клас. Или дека не можев да рипнам 150 или не знам колку беше во далечина. На тоа тестовите имаше еден да направиш неколку пулапс што е една од потешките bodyweight вежби, јас ниеден не можев. И ете ти после, си го јадев. Ма и не само од ученици, и тие што нѐ тестираа ми рекоа дека сум физички преслаба. Знам и дека кој те задева, за што било ќе те задева ама барем ебаго сам себе да не се осеќаш несигурно што на 13 години ко девојче не си успеала да направиш PULL UP.
Дури и на факултет кај што учиш по струка ќе се најде некој предмет што ти се чини некорисен и неинтересен, но сепак има некоја поента зошто е во програмата. Јас можам во секој предмет по нешто интересно да наоѓам, ама мислам дека можам да ја одвојам Филозофијата како непотребен, I mean, мене лично тие дефиниции и филозофии ми беа многу нејасни. Сепак, не би рекла дека треба да се исфрли од програма.
Во основно, Веронаука. Во средно, Бизнис. Многу теорија, без никаов план за практична примена, бубавме дефинции до точка и запирка.
Животни вештини и то како ми бил корисен мене. Не се согласувам дека готвење и плетење сд глупости. Да, предметот не беше реализиран како што му доликува, но доста работи научив. Во некои училишта готвеле и во кујни на училиште и слично. Иновации јас сум имала во основно. Правевме бизнис план, без наставникот прво да ни даде пример. Не знам која била замислата на предметот, но мене тотално бескорисен ми беше. Имавме оценки. Во основно и средно образование нема предмет без оценка, освен сега со новата програма одредени изборни. Ми се допаѓа што има градинарство, шах, повеќе јазици...
Те замислувам како си пукала. Имаш искуство вакво или онакво. Искрено интересен предмет бил, не знам зашо бескорисен викате бил ради искривените пушки ли? Ние па не праевме Pull up или згибови не знам и сеа дали можам, неам пробано. А и демек многу јаки и навежбани типови биле тие шо можеле да напраат у школо, абе ајде.
За предмети од кои ме болеше главата. Математика треба да биде задолжителен само во основно. Физика и хемија треба да се изучуваат само во средно и на факултет. Не му требаат на секој равенки и формули. Нерви си кинев. Трауми си влечам. Физичко нека си постои, но да биде повеќе теорија. Нема поента децата да фаќаат топка, а да не се добро запознаени со спортските правила. И да има контрола врз одржувањето на предметот бидејќи е еден од најголемите извори на булинг (долги години патев).
Која генерација сте вие што сте имале некаков си предмет за животни вештини, прв пат слушам дека такво нешто имало кај нас. Всушност баш си мислев цело време дека фали такво нешто, час кај би се учело основни нешта околу готвење, нутритивни вредности, перење, пеглање, штедење, буџетирање, плаќање сметки, итн. Можда звучи банално, ама повеќето малолетници ништо од тоа не знаат. Реално, ни еден предмет ништо посебно не ми бил корисен освен за муабетење на одредени теми. За сите работи што ги имам работено требало да знам да пишувам, читам, собирам и одзимам. Ете толку од школо. И основни познавања од компјутер и англиски што сама си имам стекнато. Ама ако мора да бирам од гимназија дефинитивно најнепотребен ми беше латински. И вовед во право. Па и етика, логика, социологија, менаџмент, филозофија,.... учев сè и сешто. Предметите премногу се фокусирани само на факти. На географија ќе научиш каде се наоѓа некоја планина и какви карпи постојат, ама не и што можеш да правиш во секојдневието за да ја заштитиш планетата. На биологија ќе научиш секој најмал дел од телото како се вика, но не и што можеш да правиш за да го одржуваш здравјето. На социологија ќе учиш секакви дефиниции, но не и како да се справиш со разни социјални ситуации и чувствата кои ти се јавуваат поради нив. Едноставно школото е премногу формално, не се искористува максимално и реалистично за да биде од вистинска корист. Има деца што ништо позитивно не извлекуваат дома и од блиска околина, па кој курац тогаш одат во школо ако само треба да научат дефиниции и равенки.
Може сега нема, но кога јас учев средно, имавме предмет без оценка, како што кажав иновации и претприемништво. За колку биле корисни зависи и од реализацијата. Животни вештини беше само изгубено време, зашто кажав што правевме.
A во основно сте залемувале струјни кола, сте врзувале, па да ти светне сијаличката? Тоа беше по ОТП или ОТО, предметот. Леле, абе мачења. Само сувопарна теорија учевме и како што сте спомнале, зошто не не учеле за штедење, зошто биологија се учи толку многу за секој орган, а не се учи како да се заштитиш од болести на црн дроб, канцер, итн? Многу луѓе со завршено средно не знаат една уплатница во пошта да си потполнат и плаќаат на трето лице да им потполни.
ОТП.... Или сега по ново - Техничко образование. Не гледам никаква корист од изучување на тој предмет. Што ќе ми е на мене да знам како се прави струјно коло. Се сеќавам дека во основно имавме анонимна анкета за тоа кој предмет ни е најомилен, а кој најнеомилен. Сите гласавме за отп како најнеомилен предмет. Историја... Освен тоа за македонската историја, не гледам потреба да знам ништо друго. Што добивам ако знам за Спарта и Атина? Физика... На кој му користи? Што ако учев за формули, кога не ги користам.
И филозофија и математика се тренинг за мозокот. Не можам да замислам школо без природни науки, иако и јас не сакав да решавам математички проблеми, и тоа како се корисни in the long run ако студираш и се насочиш кон нешто што е тешкичко. Искрено, не мислам дека треба да постои предмет за основни работи ко пополнување уплатници или не знам нешто такво секојдневно. Животни вештини се учат секој ден, не треба да се седи над книга да се буба како се пржи јајце. Ние имавме таков изборен и океј беше интересно ама не мора да биде задолжителен. Исто се согласувам и бизнис со претприемништво беше некако неубаво реализирано. Единствени нешта што мислам дека фалат се психологија со сексуално образование.
Не се сложувам, тоа што кај нас е распуштено образованието не значи дека на некој не му беше потребно учење за органи во понатамошното образование. А тој што не знае уплатница да напише богами ни органи знае. ( а се сложувам дека е премногу теорија, повеќе сум за пракса)
Интересно е како сите упорно верглаат дека ништо практично не се учи во школо што ќе ни треба за секојдневен живот, а при првиот обид да се научи нешто практично (предметот Вештини за живеење) се исмејува и се посочува како глуп, лесен и непотребен предмет. Инаку за прашањево, пробав да одберам некој од моите предмети, и ако го исклучиме Етика во религиите (заради фактот што е избутан поради пропаганда) не можам да се сетам на некој непотребен. Секако има такви кои ми биле досадни, ама не можам да ги наречам непотребни. Потребно е да се има знаење од секоја област и тоа го приметувам токму во областите кај што немам никакво знаење (на пример музика). Како да шеташ ќорав во светов. Инаку за предметов со пукањето се сложувам дека е непотребен. Ама смешен ми е фактот што постојат луѓе што со полна свесност за вакви предмети со пушки ќе кажат дека југословенското образование било бисер над бисерите. Инаку не мислам дека образованието треба да се темели само на ,,корисни" работи во секојдневнието. Никој во својот секојдневен живот не користи нешто што се учи од петто одделение нагоре. До тогаш сите знаат и да пишуваат, да читаат, да пресметаат дали ќе им остане кусур во продавница и да застанат ако свети црвено на семафор. Сите знаеме колку се гради општество со луѓе што завршиле петто одделение и што знаат само ,,корисни" работи. Посакувам да не беше ова толку распространет муабет и децата да не беа принудени така да гледаат на школото уште од старт. Со малку помала одбивност кон страшните равенки, дефиници и лектири можеби и ќе имаше повеќе луѓе што ќе си пронајдат нешто драго за себе на овој свет, настрана вештините и способностите.
Па ова второво е вистина, баш ради првото. Освен што нас не не интересираа пушки, специјални војни, хемиски и биолошки оружја ( бар мене лично)... нема друг предмет што можам да го најдам како бескорисен. Ако учиш средно стручно, учиш стручни предмети, ако сакаш општа култура- гимназија, и тоа е тоа. Нити религии, нити иновации, ниту останати измислени предмети сме немале, во нереформираното македонско образование.
Jas odbrav latinski vo sredno, imav takva zhelba. I sama si go uchev od kniga zashto profesorot beshe tapa, nishto ne ni predavashe.
Има латински шо не е изборен вон медицинско средно? Оти мене пример крајно корисен ми беше за анатомија, физиологија и други стручни предмети.
Искрено, сите што сме завршиле гимназија и немаме право да се изјасниме на темава. Треба да е општа програмата, што сме друго очекувале.
Ние бевме, малку деца па и изборен ни беше без право на избор (како гласаше мнозинството ни беа изборните)