Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој предмет во училиште ви бил некорисен?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Billy Idol, 12 ноември 2023.

  1. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    43.168
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не е до предметот, туку до програмата и професорот. Во сите има нешто корисно. Со то шо имав можност да сменам две основни училишта ми се потврдило ова. Ќе образложам во друга прилика.
    Сега сум пак во некоја фаза на учење и баш размислував на темата колку непотребни информации сме учеле, на памет, а по цена на тоа не сме ја разбрале главната поента на предметите.

    Цртките, формулите, револуционерите до последен, колку овци колку кг сирење даваат на која планина, дефиниции од а до ш...ќе ги научи чоек, ама толку, одма се заборава.
    Од фокусирање на небитното, се пропушта битното. Не знам за постарите, ама мојата генерација гледам дека основни работи не ги знаЈме. Никаква општа култура немаме.

    Од друга страна професорот е тој кој треба да те мотивира и да те натера да размислуваш критички. А во најголем дел од случаите и да те интересира некој предмет ќе се демотивираш, оти нели мора на памет 45 цртки да учиш за 5ка.

    Ако морам да изберам еден - Социологија. Боооринг.

    *уба тема Били.
     
    На Ambitious, Ajronmen, Mishela и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.314
    Допаѓања:
    13.247
    Пол:
    Женски
    99 - та сум, а како школска генерација 2006/07, последната генерација осмолетка што беше.

    Предметов беше изборен, мислам дека у 6 то одд беше ако се сеќавам добро.

    И требало да е корисен предмет ама не беше воопшто, само глупирања имаше и ништо друго. :|
    Па затоа и викам дека безвеза беше и непотребен скроз.
    Ја не викам дека е глуп и непотребен, туку реализација немаше никаква.

    Не знаете шо се дешаваше на час, затоа реков на час не личеше тоа и како да викам дека океј беше и сме научиле нешто коа врска немаше од тоа.
    У заебанции и глупости помина цела година.

    Секако наставникот е крив тука, место да стаеше ред и да беше наставник у права смисла, па да напраеше да е интересен предметот, кој всушност и треба да е таков и да ти задржи внимание, он свашта дозволуваше да се праи на час и да го зафркаваат него учениците, место корисно да се потрошат тие 45 минути и стварно да научиш нешто што во иднина би ти се нашло.
    Жално е вака што беше.
    Да, по предметот "Техничко".

    И тој предмет интересен беше, па со оние куферчиња со разни материјали, обожавав да праам макети. :inlove:

    Кај се сетив сеа на ова, ми се праат пак вакви работи, ваљда ги има уште да се купат, појма неам сеа дали учат децава такви предмети со новиве програми.
     
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.118
    Пол:
    Женски
    Багабонтите што го правеа часот по Вештини калакурница се истите што сега велат дека ништо корисно не научиле во школо. :) Да ја имале стварно таа желба да научат, ќе научеле.
     
    На Ketchup, crimson и theowndemon им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.776
    Допаѓања:
    169.492
    Пол:
    Женски
    Јас имав избор меѓу вештини на живеење и техничко. Мислам дека требаше бар едната година да одберам вештини на живеење. Зошто се учеа многу корисни работи (кои ги научив покасно сама), ама би било фино училиште да го нуди то. Техничко исто ми се најде во поткрепа на креативноста и вештина на раце. Ама пак, професорите ете се труделе. Сегде кај шо имав одбивност кон предмет и ми иди да речам дека бил непотребен - секогаш предметот имал лоша реализација и друго дете во друго училиште мисли спротивно.
     
    На Ketchup и crimson им се допаѓа ова.
  5. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Се сеќавам само на добри, јаки професори кои ме обележале.Тие другите, бледи и незаинтересирани ми одзеле знаење, физика, на пример....како никогаш да не сум ја учела....додуша има уште, ама ај..:D
     
    На Mnik и Malesia им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.010
    Допаѓања:
    81.347
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека не е толку до предметот, колку што е до начинот на реализирање на програмата. Конкретно за мене, тотално бескорисен беше етика. И навистина можам да кажам дека најголемо влијание имаше професорот кој ми предаваше. Се пишуваше наслов на табла, ја читавме лекцијата еднаш и тоа беше сè од часот. Девојчињата потоа лакираа нокти и сите си правевме што сакаме. Јас цел репертоар романчиња од Агата Кристи прочитав таа година на етика. :D
    Предметов беше изборен во средно и сама си го одбрав, никој не ми е крив. Сакам филозофија и затоа го одбрав тогаш, мислев ќе има нешто интересно. Ама стварно не очекував дека до толку ќе биде лошо. :x

    На факултет не ми текнува да имав некој до толку бескорисен предмет што воопшто не ми користел досега. Некако без разлика колку и да ми звучеле бескорисно во моментот кога сум ги учела, потоа со текот на годините сè си најде примена за нешто.
     
    На Srckata28 и poi им се допаѓа ова.
  7. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.093
    Допаѓања:
    55.827
    Пол:
    Женски
    Размислував на темава и можам да издвојам само еден: веронаука. Пред и после часот се прекрстувавме и кажувавме молитви. :| На религијата не и е местото во образование, барем не на ваков начин, и не се сите православни христијани.

    Друго не би рекла дека е бескорисно, се си има некаков удел дури и да не се сеќаваш на се после завршување на образование, во најголема мера се учиш да размислуваш. Јас гимназија учев и имав многу различни предмети, и кога би бирала пак би одбрала исто бидејќи едноставно обожавав да црпам знаење од различни области. На крај се насочив кон економија и таков факултет завршив, но премногу обожавав да учам биологија и хемија на пример. Не сакав да се изолирам кон одредена област и да бегам од знаење од нешто друго.
    Секако имаше и предмети што помалку ги сакам и не ми беа многу интересни (латински, теоријата во ликовно, физичко во основно), но не би рекла дека нешто е сосема бескорисно. Голем удел има и каков е професорот/наставникот.

    Кај нас повеќе фалат практични предмети, особено во основно. Имав пишано и порано на слична тема, ни треба предмет каде што децата ќе поминуваат повеќе време надвор и ќе учат да садат сопствени растенија, да одгледуваат овошје и зеленчук на пример.
     
    На crimson, Malesia и MissChievous им се допаѓа ова.
  8. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.006
    Јас од дополнителна активност (така ги викавме тие часовите без оцена) во средно имав стрелаштво, новинарство и уште една не се сеќавам како се викаше меѓутоа зборевме за скриени пораки во книжевни дела, цртани и филмови; и новинарство ми беше еден од најинтересните предмети општо, дури размислував понатаму да целам кон таа професија.
    А во 4та ми беше омилен филозофија, првиот предмет кој со задоволство и интерес го учев, па дури и отидов да се запишувам на факултет насока филозофија, меѓутоа во моментот таму на запишување дознав дека постои историја на уметност и the rest is history. Среќа не се запишав на филозофија, се уште стојам на тоа дека во реалност нема потреба тој предмет да биде задолжителен.
    Иако многу од предметите не ми користеле во животот, не значи дека треба да се исфрлат од програма, самата интеракција со секакви тематики го оформува човекот и му создава интереси и идеи. Само многу е битно како се одвива наставата, каков е пристапот на професорот, дали стварно се предава и учи или ради реда се протуркува до крај на годината.
     
  9. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.314
    Допаѓања:
    13.247
    Пол:
    Женски
    Точно кој сака да научи, ќе научи ама викам сепак и до наставникот беше што конкретно тој предмет лошо се изреализира, а можеше да биде сосема обратно.

    Мислам, возрасен чоек, по години и дедо можеше да ни биде, да дозволиш да те мајтапат дечишта невоспитани и да си ќутеш само, да ги толерираш на глава да ти се качуваат. :|
    Таков мирен човек си беше ама не треба да си дозволи авторитет никаков да нема над ученици, а они му ја искористуваа попустливоста.

    Оценки рандом онака си ставаше, 4 ки и 5 ки, небитно заслужени, незаслужени, без врска некако.
     
  10. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.343
    Пол:
    Машки
    Етика во религиите. Побескорисно од ова амин.

    Имало и други предмети во основно и средно кои не сум сакал да ги учам или едноставно не ми фаќала лејката, ама сега не би рекол дека се бескорисни. Во секој (освен горенаведениот) од моите неомилени имало нешто зошто треба да се учи.
     
    Последна измена: 13 ноември 2023
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. exceptional

    exceptional Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2023
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    571
    Толку се разбираш.

    Секој предмет е корисен и го развива мозокот, не гледам поента во одењето на часови треба да се оди само на тестови и крај.
    Тоа дека е подобра социјализацијата во школите не пие вода, може повеќе асоцијален да те направи отколку да те социјализира.
     
  12. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    40.014
    Пол:
    Женски
    ОТП основно
    Во средно ми бше ликовно не заради самиот предмет, туку начинот на оценување. Не може сите да не бива за цртање, а таа не оценуваше за тоа.
    На факултет Естетика поглуп предмет амин
     
  13. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    Основно Граѓанско мислам, средно Филозофија. ОТП па јас во основно го сакав освен наставникот кој беше крипи, интересно ми беше тоа што го работевме. :)
     
    На SummerGirl и Mnik им се допаѓа ова.
  14. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.914
    Допаѓања:
    7.108
    Пол:
    Машки
    Во основно дефинитивно хемија па и физика, тотално скроз непотребно нешто што до 9то мораше да го учам исто и музичко, до 5то наместо музичко наставничката ни го заменуваше со математика или друг предмет ако не успееше да го допредава материјалот илин"да сме вежбале" математика. Имаше и некој други небитни предмети како Етика на европските цивилизации итн. мислам дека беше, мада беше опушено на час таков беше наставникот ама безврска губење време и седење по 7 часа. Граѓанско образование и тоа, тогаш воопшто не ме интересираше за разлика од сега, интересно за сега, а тогаш не хаха.

    Во средно Бизнис, го совладував материјалот со висока оценка ама ниту ќе ми се најди тоа што го учев ниту ќе мие потребно некош во животот. Па секој знај дека раководење со бизнис со себе носи и одреден ризик, или ќе биде или не. И тука само губење време и дремење по 7часа. Овај предмет ни беше и за матурата, среќа ни ја откажаа со ковидот.

    Сите овие ми се залуднo учени, добро физиката до кај некаде не зошто студирам нешто поврзано со тоа, ама другово безврска.

    Треба многу реформи во образованието. Се учат многу непотребни работи и предмети, па дури и сега на факултет нешто сосема различно ни предаваат што никогаш нема ни да го спомнеш во иднина, исто и за основно и средно.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  15. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.486
    Пол:
    Женски
    До сега не верувам дека социологија и граѓанско некому послужиле, освен оние кои се определиле за тоа.

    А лично, физика после гимназија никогаш не ми ја притреба, џабе толку стресови8)
     
    На VDT2906, Billy Idol и SummerGirl им се допаѓа ова.
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.684
    Пол:
    Женски
    Заборавив да пишам... Филозофија. Учев во четврта средно. Кога ќе ми текне на Платон, Аристотел, Сократ, Плотин, и др. (facepalm) Каква корист имам од тоа што го учев? Тотално непотребен предмет.
     
    На poi, Tanjamm и _beautyy_ им се допаѓа ова.
  17. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    6.652
    Пол:
    Женски
  18. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.231
    Допаѓања:
    40.042
    Пол:
    Машки
    Во првиот пост пишав за основно само... па да се дополнам.

    Ги исчитав вашите коментари и комплетно заборавив на Социологија колку што беше небитен предмет.
    Да ме праша некој што учевме на тој час, не знам да кажам.

    Сите останати, колку и да не ми се пронашле во животот, оставиле некој траг за себе градење како личност, како на пример Филозофија. Го обожавав предметот.
    Етика, исто така. Се погоди професорката да го предава со љубов. Од тука ми се втемелени некои морални и етички постулати по кои сеуште се раководам во животот.
    Да предаваше сувопарно без стварно да се интересира, да објасни во сржта на предметот, може и мене би ми бил досаден.

    Од друга страна Бизнис ми беше тотално промашен предмет од страна на програма и предавање. Но, секако, многу може од корист да биде ако се учи по добра програма и правилно се насочат учениците.
    На тој предмет може да се предава се што треба, од закони, до бизнис план за како да се отвори свое претпријатие.
    Ни треба повеќе претприемници. Многу деца имаат капацитет да почнат да се бават со тоа по завршувањето на средна школа, отколку со продолжувањето на факултет.
    Истите повеќе ќе научат од интернет, него ли од школо.

    Латински мене ми беше скроз промашен и за ништо не ми се најде во живот. И онака само поговорки пишувавме. Но, на тие што се на медицина, може да им користи.
    Овде попрво би рекол дека е моја лична грешка што го одбрав.

    Математика, Физика и Хемија се стручни предмети во гимназиско образование, освен општата математика која се учат основни работи и секој треба да ја знае. Геометрија, Биноми, Полиноми, Корења и Вектори. Ова се основни работи кои се користат во било кој технички сектор, само што е компјутеризирано.
    Дизајнер да бидиш, ти требаат вектори.

    ОТП исто беше спомнато... Тој ми беше омилен предмет. Дури и на натпревар бев и освоив второ место на републичко ниво, и тоа не по ОТП, туку по Електротехника, а јас основно бев.
    Како и да е, знаат сите кои одбрале технички факултети какви основи дал ОТП на предмети како Електротехника, Дигитална Техника, Архитектура, Градежништво итн. итн.
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.161
    Допаѓања:
    5.378
    Пол:
    Женски
  20. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.105
    Допаѓања:
    26.964
    Историја на уметност е толку убав правец а толку потценет кај нас... Штета.
     
    На Ketchup, Just.do.it и MissChievous им се допаѓа ова.