Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој факултет да го одберам?

Дискусија во 'Образование' започната од elenapfp, 7 февруари 2010.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    ^^
    + колку што разбрав, на правен ќе се намалува квотата догодина.
    Кога јас се запишував, примаа 600, а сега наводно ќе ја намалеле бројката.
    На економски не знам како се организирани, ама моиве другарки секогаш се жалат дека на некои предавања ако задоцнат, нема да најдат место во амфитеатарот за да седнат, па ќе мораат да стојат.

    Кај нас, во прва година не сместуваа во најголемите амфитеатри, ама уште по првиот семестар многу колеги не фатија услов, па се намалувавме се повеќе и повеќе. И сега не ставаат во тие најмалите училници.

    И на двата факултети се запишуваат многу студенти, економски и правен секогаш се фул. Нема втор рок за запишување, уште при првиот сите места се потполнуваат. Ама работата е колку ќе бидеш во тек со наставата и колку навремено ќе ги чистиш испитите. Па после димпломирањето, секој со своја среќа.
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.960
    Допаѓања:
    81.294
    Пол:
    Женски
    Искрено, геодезија не ми е баш најпогоден за девојче, ама ако имаш желба - go ahead, ама да знаеш дека и нема баш врска со конструктивната насока на ГФ, која мене ми е најатрактивна.
    Како што спомнала Плавуша, ти треба математика, ама многу, значи треба да си ја имаш во малото прсте - впрочем, така е и општо, на сите технички факултети. :)
    Eкономскиот факултет не го љубам, па нема да коментирам, а и најискрено - немам доволно познавања (читај, не ме интересира многу таа област).

    Е, тука многу се согласувам. :D
    Јас си "фрлав" паричка (ама имагинарна, во мислите :D ), и пред да "падне", си кажав - одам на ФЕИТ, па макар се убила од решавање математики, физики, задачи во С++ и сѐ по список - знам дека еден ден ќе ми се исплатат маката и трудот, а "изгубеното" време ќе ми се врати тродупло. :)
     
  3. HappilyLoved

    HappilyLoved Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    17
    Точно така ;) А на виден индекс не се мачкаат очи ;)
     
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    А, бе, и кај мене има такви....

    Пошо пеер, сфаќаш пеер, јас ништо не учев. Седев пеер на 9 гаг до сабајле и право на полагање дојдов. Ама пеер, не ја пипнав книгата, нишо не знам пеер, тапа сум.

    И оп, вади мистериозна 9ка. |(

    Пеер, на среќа, јебига пеер. Тоа е тоа. Битно ти викам, книга не пипнав со мал прст.

    Ма иди бре на друг да ги кажуваш тие приказни, за 6ка може и ќе заокружиш и напишеш на среќа, ама за 9ки и 10ки салам учење треба. :wasntme: Срам им е да кажат дека учеле, црни срамови е тоа дека учеле... Не е во мода да учиш, јок. :D Како и да е, океј е, ти учи си и гледај си го твоето, а ние нашето. :)
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  5. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Јас се двоумам помеѓу фармација и општа медицина, во Скопје, за тоа што го прочитав погоре дека во Штип било потешко отколку во Скопје, посебно на овие медицинскиве факултети колку што разбрав, не сакам ни да коментирам. Ако беше така немаше сите со 99.99 бода да се тепаат да влезат на медицина во Скопје :)
    Туку, што мислите за овие два факултети. Јас сум средно фармација и до пред некое време бев 100% сигурна дека сакам на фармација да продолжам, но заслушав многу демотивирачки муабети од типот факултетот е претежок, работа ќе се најде во секој случај, ама не е платен трудот. Јас добро се распрашав и во мојот град дипломираните фармацевти во аптеките земаат 12 000 плата, а оние со средно 10 илјади :fubar:, а од друга страна нема фармацевтски компании во кои би можела да се вработам, а со таков факултет не сакам да завршам во аптека за 200 евра, а воедно да изигравам и чистачка таму :envy:
    ОД друга страна, медицинските науки од секогаш ме привлекувале, па знам дека факултетот што ќе го одберам ќе биде од областа на медицината. Јас искрено многу повеќе перспектива гледам кај општа медицина отколку кај фармација, посебно би сакала понатаму да специјализирам за кардиолог. :)
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.216
    Допаѓања:
    102.435
    Пол:
    Женски
    Епа другарки ја еве и овде да раскажам за жолтата зграда на партизанска, Архитектонски, вечната ноќна мора на нашите дечковци и на девојките на нашите колеги....Шала на страна, јас имав многу мака, многу се изнамачив додека дипломирам, но ете и тоа се деси, пред три дена дипломирав.... :rofl: Не, не завршив 5 години, немав толку нерви.... :D
    Значи вака стојат работите од прва рака, ништо веќе не е како порано, јас велам потешко е а колегите од пред мојата генерација велат полесно е, значи од мојата генерација започна ЕКТС програмата и мислам дека работите отидоа во неповрат, како и да е, и денес да одбирам не се сомневам дека повторно би одбрала истово. Но мора да знаете, припремете ги родителите добро, сумата која секој месец треба да ја одвојуваат од скромните македонски плати е значителна. Зошто? Епа вака, треба да пристигнеш на факултет, некогаш и со такси со оглед на тоа што најчесто со себе ќе треба да понесеш добар патнички куфер полн со материјали, картони, лепаци, гипсови, хамери, скалпери, лењири и слично, а да не го заборавиме и лаптопот, неизбежно средство за кое исто така треба да се одвои подобра сума на пари за да ги задоволи потребите во графика, со оглед на тоа што имаш предавање до 8 планирај минимум два оброка на факултет, неизбежно за да издржиш е кафето, ако не си видел со каква вода се прави кафето ос афтомат може и да поминеш со неколку макијатца во текот на напорниот ден, но некогаш на подолга пауза мораш да се сместиш во Еспресо, Браво, Бастион или во Бифе, потоа оние материјали од погоре, дневно би те коштале отприлика по 250 денари, во најмала рака...Се на се секое утро не излегувајте од дома без 500-че, не за друго да не треба да трчате до дома или да се срамите да позајмувате и слично...Овој факт е особено битен за колегите од другите градови, ви кажувам од најлично искуство. Книги, не е како на Правен, немаме еден куп книги кои мора да бидат купени лично од професорот, мене некогаш и мерак ми беше да купам книга со корица, а не да учам од фотокопии, но спремете се дека ќе треба да ги ангажирате родителите околу превод од српско-хрватски....И секако доколку сте педантерија невидена и не можете да издржите еден ден со неизмиена коса и не можете да замислите да јадете без да ги измиете рацете малку ке треба да ги смените навиките, но ке се навикнете, понекогаш ке треба да се помирите дека нокта ке ја поминете на факултет без вашите удобни пиџами....Излегувања? Малку ке се ускратат, можеби некогаш и ке ги замените со некоја цртална на факултет....знае да биде забавно и тоа :D Ако ве интересираше дали после 3 години ќе може да работите, верувате подобро нешто од тоа нема, праксата е она што ви е потребно.... Еден искрен колегијален совет, после 3та поработете малку, барем година дена па потоа продолжете, така ке знаете што всушност вие работите бидејки многу работи не се исти како што е на фаултет, дури потоа продолжете, дали на истиот факултет или на друго место сами ке одлучите. Најважно од се е дека ништо не е као порано, затоа побарајте совет од колеги кои студираат по новата програма околу факултетот а околу знаењата дефинитивно колегте од пред ЕКТС знаат многу повеќе...Со среќа!
     
    На Goody, nekojasizenska, Sugamama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Не е шала, сериозно, има многу вистина во оваа реченица. Ако не успееш да го сватиш арх. разбереш неговото темпо на живот дека никогаш нема слободно време е тогаш навистина ќе е ноќна мора.
    Со среќа нека ти е а јас само ќе ти кажам да го земеш и Мастерот, ќе ти треба, ќе видиш и сама и за некој месец ќе почнеш да размислуваш. Не дека ти требаат нерви, туку упорност ;)
     
  8. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.996
    Допаѓања:
    11.672
    Пол:
    Женски
    Ако бираш помеѓу Штип и Скопје- избери Скопје. Во Штип ништо не учат. Нивната анатомиичка брои 100на страни, а нашите анатомиИ накај 800. Анатомија не праксираат на лешеви, туку на обична кукла, каде артеријата е сина, а вената црвена. Па утре да те видам распознај што е вена, а што артерија. Може во Скопје нема да бидеш 10.00 (во Штип ќе си), ама утре ќе станеш човек, доктор со знаење. За сите предмети е така.
    Во врска со прашањето општа медицина- фармакологија...
    Нека не те плашат толку. Фармакологија факултетот е тежок, како и сите медицински. Ама подобро организиран факултет од него нема да најдеш. Системот на полагање им е прекрасен. Познанички мои се таму, си добиваат и стипендија од 100 евра месечно од Алкалоид.
    Поголеми ти се шансите да најдеш работа со фармакологија отколку со општа медицина (без специјализација :!: ). Доколку не специјализираш општа, ќе работиш како амбулантско лекарче за бедна плата. Кардиологијата ти е преубава гранка, ама многу мака ти треба. Стаж од неколку години, добра пара и просек секако.
    Одбери си што те влече тебе повеќе, а занемари ги муабетите дека е ненормално тешко. Со добра организација на времето и упорност, за се ќе си имаш време. И учење, и шетање, и одмарање и за другарки и дечковци.
     
  9. icegirl

    icegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    29
    Значи воопшто немој да се довумиш. Јас имам другар што е на психологија(втора година е мислам) и вика дека не било тешко. Инаку во принцип секој факултет бара да се згрее столчето и да се научи(секако некој со полесен материјал некој со потежок). Така да оди на тоа што те „влече“.
    Е сега доаѓа мојата дилема. Се двоумам помеѓу ветерина и земјоделски факултет, а скоро и да не видов дека некој пишал за овие два факултети. Повеќето бараат за филолошки, правен, економски и останатите популарни. Ме интересира дали има некој што студира не ветерина или на земјоделски факултет да ме воведе малку во таа насока(има ли многу тежок материјал, каков просек бараат итн)
    Благодарам однапред :D
     
  10. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.996
    Допаѓања:
    11.672
    Пол:
    Женски
    Од крајност во крајност си отишла :) . Немам некој познат на ветерина, ама по кажување е прилично тежок.
    Е земјоделски е друга приказна. Ако учиш 1 ден пред испит ќе имаш 6ка или 7ца. А ако учиш два дена :!: , ќе имаш 10ка. Заебанција жива ти е земјоделскиот.
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.216
    Допаѓања:
    102.435
    Пол:
    Женски
    Секако дека планирам да го земам мастерот, но нека поминемалку време, не сакам да изигравам експериментално глувче, сепак сум прва генерација и видов многу глупости токму поради тоа што ништо не е дефинирано....Сега засега да видам аир од додипломските, па после ке му ја мислам за мастерот....Штом ми делиш совет претпоставувам си дел од колегите, можеби помала од мене некоја генерација, како и да е, со срека и на тебе па да си дочекаш работа и да видиш што навистина значи архитектурата, не како што вели Тихче две линии и воздух помеѓу.... :D
     
    На starinnights му/ѝ се допаѓа ова.
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    :$ фала на комплимент ама ти си помала. Мм го довршуваше по ЕКТС и точно знам што се дешава таму и што значи архитектура (ако сакаш да правиш пари само приватно).
    Нема аир од додипломските, само ќе си обичен цртач на некого за 200 евра и ќе се утепуваш од работа а тој со овластување/лиценца ќе ги потпишува проектите и ќе го бере кајмакот. Да си во втората позиција ќе можеш да се пазариш :)
     
    На nekojasizenska и starinnights им се допаѓа ова.
  13. garudamon

    garudamon Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    62
    Јас ке морам да ти се изнасмеам извини. Значи јас сум од Штип,лани бев запишана таму на ФПТН, одев само понеделник и среда на факултет и имав 10.00 просек со една десетина учење од она во средно. Се отпишав и сега сум пак прва но овде во скопје(ништо не ми беше признато од штипскиот, за што не ги ни обвинувам). Овде морам да потам стол и да спијам по 6 часа за истите оцени.Тоа дека таму собираш поени не го негирам тука земам оцени и без испит точно, ама сите поени ми се од испити, не како во штип копи пасте од википедија оп семинарска 20 бода од редовност уште 20 и да одговореш 10 прашања на било кој колоквиум или пак испитот имаш 6ка. Така да тоа што го пишуваш тука, уз дужно поштовање, нема врска.
     
    На Zaljubena111, happygirl и Hipica им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.216
    Допаѓања:
    102.435
    Пол:
    Женски
    Епа не би се сложила со вас колешке....Ако порано се работело на факултетот денес не се работи, она што вашиот сопруг го научил сега само го завршил, она што ние сега го учиме е сосем друго....Не е дека плукам по школата, повторно ќе кажам, да бирам денес повторно би избрала ова, но едноставно не е како по старите академски студии. За пример ќе ви кажам дека имаме неколку предмети кои треба да ги заменат старите добри вежби по проектирачките предмети, а воопшто не го прават тоа. Дури во трета година се среќаваме со некакво проектирање за кое немаме никакви основи, јадни Зорица Блажевска и Анета Христова Поповска, се среќаваат со вистинско разочарување кога доаѓаме на нивните предмети. Нема повеќе веби, сега од семинарски учиме како се проектира...Зарем на работа правите семинарска, не проектирате? Знаете што проектирав јас прво? Ни повеќе ни помалку, Институт за Архитектура, туку така без претходно да се обидам да испроектирам ниту најмала шупа.... Нејсе, на работа го научив сето она што ми беше пропуштено....Се надевам дека во иднина ќе се сменат работите, најискрено се надевам за доброто на сите идни колеги... :D
     
    На starinnights му/ѝ се допаѓа ова.
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Не ме разбра што сакав да ти кажам али ај нема врска.
    Тој го зема мастерот откако после 10 год го продолжи факултетот. Значи стара школа е, и после по ЕКТС му беше смешно кога ги гледаше колегите кои се губеа во простор и време :wasntme:
     
  16. female.3

    female.3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    37
    јас сега заврсувам средно и сите 4години сум многу добра... сакам да запишам стоматологија во Штип но не знам дали воопшто да пробам поради просекот.. дали некој има информации дали само со одличен просек можам да се запишам или може и со многу добар?
     
  17. Iva.T

    Iva.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    957
    Ехх, се надевам дека еден ден и јас ќе бидам на арх. факултет..
    Ама таа пуста математика дали ќе ми дозволи, ќе видиме.. ;( :rofl:
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.216
    Допаѓања:
    102.435
    Пол:
    Женски
    Драга од другата страна на тастатурата имаш една веќе бивша студентка од Архитектонски, Дипл. Арх., без ни трошка знаење од Математика, положив од втор пат, значи го преслушав предметот во втора година и положив. Ако јас како ученик дојден од Средно уметничко без ни еден единствен ден поминат на час по математика ти кажувам дека можеш да положиш тогаш верувај можеш да положиш, си постојат професори, приватни часови и на крај ќе успееш, не вреди заради една никаква математика која постои само една година да се откажеш од твојот сон. Само да ти опишам сликовно колку јас "знаев" математика, на првиот час прашав како се пишува Синус, па види ти сега колку јас сум знаела математика, не се откажувај бидејки можеш и покрај тој непотребен предмет да се запишеш па и да завршиш. Имаш потполна подршка од мене! ;)
     
    На starinnights и Iva.T им се допаѓа ова.
  19. Chivas

    Chivas Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    132

    AngelOfArh имам едно прашање до тебе :)
    Дали после завршувањето на арх. факултет (после 5 години минимум ) треба да работиш 2 години , т.е да волонтираш за да се стекниш со лиценца ? :?: Така разбрав јас , и затоа да си прашам еве од прва рака :)
    Јас се двоумам помеѓу архитектонски и градежен фак. и бидејќи сум матурантка собирам еве повеќе информации за на крај да се одлучам. Иако повеќе сум за градежен (т.е геодезија ) затоа што сум крајно изреволтирана од ова што се случува.Дете што му оди цртање, што се труди , оди на приватни часови во текот на целата година да се припрема и + на тие часовите што ги организира факултетот на лето .... и за на крај тоа што се мачело да не успее да влезе затоа што не е син на некој си бизнисмен јак , чие што дете не знај ни да се потпиши на листот а не пак да реши еден тест за интелегенција..... :x :puke:
     
  20. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Да, не мора да волонтираш, можеш да си работиш - црташ само што ќе немаш овластување/лиценца т.е нема да можеш да потпишуваш проект
     
    На nekojasizenska му/ѝ се допаѓа ова.