Архитектонски! Иако не знам баш како функционира сигурно нуди повеќе од Филолошки, освен ако немате вишок пари, нерви и време па сакате да ги потрошите негде
Не знам на што алудираш со тоа дете на нечиј бизнисмен но мора да ти кажам дека кај нас не одат баш така работите, од 100 студенти можеби 10 ќе бидат на некој и нешто но останатите се труделе да влезат и влегле поштено. Можеш да се трудиш колку сакаш, да одиш на сите можни часови кои се организираат и пак да не влезеш ни во приватна квота. Јас имав таков пример, припремав едно девојче која од дома беше убедена дека има талент и мајка и ја убедуваше дека не и треба спремање и дека и е доволно 15 минути на ден да се спрема за да влезе, но на приемниот не влезе ни со кофинансирање, едноставно немаше талент а и плус тоа не се ангажираше воопшто, ден пред приемен дознала што ќе се црта. Знам дека ако само ги посетуваш часовите на факултетот имаш големи можности да влезеш од прва, а камоли да имаш трошка повеќе талент и да работиш малку повеќе. Градежен и Архитектонски се два различни поима, ако не ти иде цртање и едноставно не си креативен тогаш си за градежен дефинитивно, доколку си кративен и ти иде цртање бар малку нема што дабараш на градежен, таму ќе те утепаат у поим со математиките нивни.
Maтурантка сум оваа година и земав за полагање биологија и хемија. Премногу ме влече биологијата па размислувам накај медицината и се што е поврзано со биологијата. На почетокот мислев за биохемија ама многу ме премислија, дека факултетот бил доста тежок а потоа работиш во лабораторија за ефтини пари т.е за ниска плата ( а прашање е и дали работа ќе најдеш) па затоа се премислив и сега се двоумам за општа медицина, ама страв ми е дека во Ск. нема да ме примат бидејќи има доста конкуренција а јас пак имам во прва и втора година по две 4рки во свидетелство, ае државна можеби нема да ме примат ама прашање е дали и во приватна ке влезам. Друго нешто поврзано со биологијата и незнам освен ветерина, ама сите викат дека тој факултет не е за женско и дека е доста тежок. Инаку за медицината страв ми е отпосле од кога ќе завршам факултет дали тоа знаење ке можам да го применувам, сепак со жив организма се работи, не е играчка, туку голема одговорност. Мала помош од вас нешто повеќе да ми кажете да ме упатете, можеби има нешто друго поврзано со биологија.
Девојки што мислите за факултетот за природни и технички науки. Има некој запишан на овој? Ќе сакате ли да ми дадете свое мислење за овој факултет? Знам само дека има институт за геологија, рударство, дизајн.. На фармација не сакам, иако сите ми викат да продолжам.
^ И јас мислам да продолжиш, тоа од гимназии одат а не па ти со предзнаење ќе ти биде лесно тебе, ама се е до желбата можеби ти здосадило. Инаку да не мислиш на технолошко-металуршкиот во Скопје? Дојде вчера деканот кај нас на час да ни објаснува, и баш кажуваше за овие подрачја исто има и моден дизајн т.н. конфекциско инженерство (дека рече и дизајн) што на пр. нема врска со науките на факултетот, ама ете како посебен оддел си постои и ставаат акцент на тоа. Дефинитивно претежно се е биологија и хемија (значи пак не е многу далеку од фармација, ама повеќе е ориентирано накај машинското инженерство) еве ги смеровите на ТМФ Конфекциско инженерство Металургија и метални материјали Наука за материјалите Неорганско инженерство и заштита на животна средина Полимерно и органско инженерство Прехрамбена технологија и биотехнологија Хемиско процесно инженерство и линк: http://www.tmf.ukim.edu.mk/ Е а ако добро го сфатив мислам за стипендии збореше се бара просек минимум 4.00 што верувам го имаш нели и имаш шанси да добиеш, а не заслушав како одат тие работи, ама сигурно тестирања вршат...
Не знам зошто не сакаш да продолжиш, јас планирам на фармација да продолжам пред се дефицитарна е струката и потоа се наоѓа работа. Нема невработен фармацевт. Е сега што има за учење има ама тоа е
Аа, така значи. Окееј. Стварно сум во дилема, некако не ми се продолжува на фармација, што знам, интересно е, ама тешко.
здарво девојки сака да прашам дали некоја од форумов има што е запишана на педагошки факултет во струмица ..или пак знае некој кој е запишан на тој факултет.. фала ви ...
Никогаш не се откажувај од нешто само зошто е тешко. Па, многу работи во животот се тешки но кога ќе се свртиш да го погледнеш патот што си го прошол се изненадуваш и себеси самиот. На крај, ќе ти остане трудот. Ако тоа те влече не ставај вето оти е тешко. Се' од некоја гледна точка е тешко. Не прави грешки па да отидеш кај што е полесно бидејќи таа диплома цел живот ќе ја носиш. Подобро тешко, тешко ама после ќе работиш што ти е убаво отколку лесно, лесно и си заглавила до крај на живот.
Работата е што јас немам желба, немам планови за иднина, не ме влече нешто особено, за да се запишам на тоа. И тоа е лошото. Фармацијата и ме влече и не ме влече. Не знам. Треба да седнам и да размислам со ладна глава за мојата иднина. Знам дека не е работата јас да завршам факс, работата е што понатаму.
Се премислив, сепак ќе продолжам фармација.Некако најперспективен ми се гледа, но што знам можеби не е така. Ако има некој на фармација на УГД да ми пише ЛП да го прашам нешто.
Може совет? Се мислам дали да одам на правен- студии по новинарство, многу ме вади од кожа каква е ситуацијата по државниве факултети, а не секој може да иде на приватен и да положува без проблем.. Ме влечат и јазици, но сите се жалат од тој факултет. HELP....
^ Јазици, ама оди учи јазик што не го знаат сите, да не биде она англиски не е Филолошкиот само англиски, има и други јазици што се потребни, а нема таков кадар...јас знам случај девојка заврши старогрчки и латински, класични јазици така нешто се викаше нејзиниот смер веројатно уште постои, и сега работи во Суд оди на некој поневообичаен јазик мој совет, нема да згрешиш, не е само англиски, француски, германски, италијански и шпански, има голем избор на јазици
^^ Вчера баш зборуваа на вестите ке имало нов смер за Кинески јазик само не разбрав на кој универзитет. Ама за жал не е просперитетен.
^ Е не знам колку требаат луѓе што знаат кинески во земјава, доста тежок делува, а може и да ти се исплати. Не ги знам смеровите кои се точно, ама имаш доста европски јазици португалски, фламанскиот ми е мене многу интересен не знам дали се изучува, летонски, естонски, норвешки, унгарски, грчки... еве и руски да речеме ехеее јазици колку сакаш, е треба да си одлучиш сама или побарај помош од некој што повеќе се разбира во тоа да ти каже кој се бара во државава
Мене најискрено највеќе ме влече новинарството.. но не гледам некоја перспектива од него, фала за советите, ќе размислувам имам време до август до уписите Добра идеја се секако овие јазиците што не се многу популарни за изучување ..
Архитектонски! Најубавите години ги поминав таму и стекнав многу пријатели и другари кои си ги имам и ден денес. Тоа што го има на арх.го нема на ниеден друг факултет.Јесте се измачивме со тоа испитите,колоквиумите,проектите и не спиевме по цели денови ама дефинитивно ВРЕДИ!забави,дружења имаше многу и уште ги има. И 1оо пати да треба да одберам ќе го одберам овој факултет!!!