Ќе се мрднам, уште незнам на кој факултет да се запишам дали на Машински ( Индустриско инжењерство и менаџмент) или на Економски (е-бизнис). Што мислите вие? До пред некое време бев сигурна дека ќе идам на економски(тоа ми беше као најсигурна опција) но последниве неколку месеци размислувам за на машински да идам. Некако ме демотивира фактот дека премногу економисти и правници има во државава, а многу малце работни места Можеби со машинскиот ќе имам повеќе шанси за успех за понатаму Стварно незнам веќе што да мислам
Совет од мене е да идеш на машински, индустриско инженерство е добра работа Економисти има со лопата да ги ринеш...
За жал, да ве информирам, дека на Филолошки, освен овие позастапениве јазици нема други. Англиски, германски, француски, италијански, руски, полски, чешки, шпански. Тие и уште некој што имам испуштено, ги има. Ама други поспецифични, малку потешко. Пример, кинески можеш да земеш како изборен предмет, ама учи го ти 3-4 години, на крај никаде не ти пишува дека си го учел. Разговарав со една студентка од 4та година, која јазикот го слуша од самиот почеток, уште не може да седне и да чита текст без речник до неа. Никогаш не верувам и дека ќе може, не е зафрканција јазикот. Да не се чудите зошто и како ги нема катедрите. Прво нема кадар, второ нема заинтересирани и трето, сите се напикани на Англиски и книжевност. Но да ви кажам дека не треба да гледате на тоа дека секој од нив ќе заврши, затоа што нема. На кој било факултет ќе има некој што ќе заврши со 6ки, некој што ќе се откаже и некој што ќе заврши со 10ки. Мене воопшто не ме плаши конкуренцијата моментално, барем не од тоа што го гледам. Ме плаши само тоа што има мноооогу пред мене, кои го работат тоа со години и се поискусни... Ќе ми треба време за да си најдам убава работа. Или да си го фанам џадето од тука.
Се полошо и полошо.. Незнам, сакам да си одам за тоа што ми е желба-новинарство. Ништо чудно на крај да си фатам патот во Америка кај братучед ми..
Според мене економски. Економисти има многу да, ама има и работа за нив, во секоја институција требаат економисти Индустриско инженерство и менаџмент? Подобро кажано само првото, бидејќи ни м од менаџмент нема таму за разлика од економскиов. Машински има многу подобри смерови, ама работа за машинци има ли? Знам доста примери кои дремат дома, а некои од нив земаа магистратура на приватниве по економски науки, да си ја пробаат среќата со тоа, зошто машинерија-индустрија, а индустрија во Македонија? Не би рекла дека е баш развиена за жал. А економија? Насекаде Мое мислење е ова, размисли малку од овој аспект
Јас ќе идам на ПМФ за Географија и Туризам. Тоа ми е најинтересно, но планирам да си го сврзам и со Филолошки. Друго ништо не ми е интересно за учење.
Леле и јас сум у огромни дилеми.. Си викам има време, ама знам дека пак нема да се одлучам.. Сега дипломирам на приватен, и сакам да одам на ФИНКИ на постдипломски. Т.е сакав уште во прва година на електро да одам, ама се за*бав. Бев речиси сигурна дека постдипломските ќе ги запишам на финки, ама како иде времето за запишување се двоумам. Почнаа да ме разубедуваат да не избрзувам, скапи се постдипломските, барем да поработам малку, да направам пауза. Ама знам дека ако правам пауза ќе изгубам и рутина за учење и се, и никогаш после нема да запишам и дека ќе се нервирам само за таа година - две. Во меѓувреме аплицирав за стипендија на 2 универзитети во Европа, па се надевам на позитивни резултати. Инаку, не знам што да правам. И кога од прилика се конкурсите за запишување на постдипломски ? Спојлер Нема да сум тука летово , па да знам кога да си дојдам
И јас се двоумев за истиве две работи (а воедно и за Психологија) и одбрав јазици. Треба да знаеш неколку работи пред да се запишеш на Новинарство: Прво, новиот систем воведен од годинава на Јустинијан - покрај колоквиуми имаш и завршен испит. Една другарка сите ги падна, една познаничка што навистина учи и беше одлична во средно одвај ги положи со 6ки, 7мици, еден дури и го падна, па повторно го полагаше. Второ, скоро сите што студираат новинарство веќе негде работат како новинари, па така добиваат пракса, а воедно и искуство. Ако сакаш тоа да студираш не ќе биде лошо да почнеш некако, некаде. Од друга страна, јазиците ти се добар избор (не сум пристрасна ). Погоре ти рекле да одбереш некој не толку популарен јазик, но и нема баш катедри на Филолошки за други јазици освен за овие што погоре ти ги кажале. Можеш да одбереш Германски ако претходно си го изучувала, мислам дека и нема толку германски преведувачи. И сега кога подразмислив, сеуште сакам новинарство, интересна е таа работа, возбудлива, непредвидлива (за жал во Македониичкава ова не функционира баш како што треба, па скоро сите новинари се политички изманипулирани). Твое е, мислам дека и двете работи се добар избор, секоја со свои предности и мани.
На есен одам на факс, ама сеа сум во дилема на кој да одам. Веке 4 месеци сум опседната со тоа и нонстоп дудлам по интернет дали на техничкиот во Битола на информатика или на ФАМИС на инженерство и менаџрање на софтверски апликации исто во Битола. Читав на неколку форуми и препорачуваат на Технички ама таму се здобивам со диплома Диплимиран информатичар, а на ФАМИС сум инженер и сега неможам да си сватам зошто е подобро на Технички кога нема добра пракса и факултет е застарен. Совет!?
Мислењава ми се малку контрадикторни. По истата аналогија на второто мислење, најмногу студенти има на англиски, француски и германски на пример затоа што има најмногу работни места. Како и економистите, стварно и овие ги има многу, ама има и многу работа. Многу повеќе отколку со унгарски или романски. Дузи, морам да те поправам. На филолошки има и поспецифични јазици, а колкава е заинтересираноста е друго прашање. Има и унгарски, романски, корејски, јапонски, кинески, ромски... И секако дека се' што си учел ќе си стои во уверението, не може никаде да не ти пишува. А дека и на крај на 4та најверојатно тешко ќе читаш без речник голема е веројатноста. Не само што нема шала со јазикот туку и тука во Македонија немаме никаков контакт со поегзотичниве јазици. Нема многу достапна литература, на телевизија или радио не можеш да го слушнеш јазикот, а немаш ни родени говорници во околина- се' што е јак предуслов за напредување во кој било јазик.
^ Во првото мислење смислата е дека со вообичаен јазик пр. англиски, германски, италијански се наоѓа многу тешко работа, а во второто дека со економски и покрај тоа што има многу кадар, се наоѓа работа. Јазичари не требаат во секоја институција, економисти да. Плус на економски има деловен англиски, што уствари тој им е многу попотребен на фирмите отколку разговорниот. Нема контрадикција
Фала за советите Мнооогу ме влече новинарство и најверојатно на тој ќе идам. И јазици сакам, но сепак ова ми лежи повеќе на срце. Знам за факултетот што и како ново вовеле и тоа единствено ме плаши , но коа ќе подразмислиш па на секој факултет е тешко. Штом некој завршува електро и машински со тоа математиките ,ова е многу полесно И да, секако ќе барам некаде да одам на пракса.
Јас сакам да се запишам ветеринарна медицина што мислите за факултетот ? иако имам време за тоа сепак сакам да бидам нешто повеке информирнаа за него
Не ги споредувам јазиците со економски, туку само ја земам аналогијата. Ако се наоѓа тешко работа со англиски, германски... (кои може не се потребни во секоја фирма ама се доста барани) зошто мислиш дека со некој поегзотичен јазик како корејски и слично полесно би нашол?
^ Не, не мислам дека не се наоѓа туку дека потешко се наоѓа работа со популарен јазик не толку од причина што има такви кадри, туку зошто веќе кој не знае англиски. Па и германски јас од школо што учам 7 години знам да се разберам разговорно со Германец. Не зборувам за превод и толкување, зборувам за било какво друго работно место кај што треба да се разбереш и да сврзеш 2-3 збора. А со поневообичаен јазик мислам дека повеќе се наоѓа здрава работа, ете примерот што го дадов за девојката со класични јазици старогрчки и латински во Суд работи за добра плата. Друг пример не знам, ама мислам дека повеќе се наоѓа работа, фалат такви кадри. А и најнеперспективен е англискиот, па и со германски, француски и друг универзално зборуван и баран јазик се наоѓа повеќе работа. А англиски? Па веќе ретко кој не знае, а нема мене пр. да ме прашуваат граматика или поезијата на Шекспир? Ќе ме прашаат конкретно за работата, што е повеќе стручен или бизнис англиски, кој можам да го научам на курс или на самиот факултет во случајов на Економски има деловен англиски 1 и деловен англиски 2.
Ќе се вмешам малку во дискусијава. Студирам јазици (Англиски со Германски) и кога некој ќе рече „сите знаат англиски“ мислам дека ми се крева секое влакно од косата. И јас знам математика, па тоа не ме прави професор по математика. Мешаш две различни работи, едната е некој професионално да се занимава со јазици (да биде професор/преведувач/толкувач), а другата е да има основно познавање од англискиот, да речеме, за да биде повеќе квалификуван за некоја работа. Исто како што се бара познавање на компјутери и исто како да речам дека „сите знаат да работат на компјутери, па сите знаат ворд, ексел, интернет“, а тоа не е се и тоа не значи дека можат да работат како програмери. Да се надоврзам и на тоа дека англискиот е најнеперспективен и дека ретките јазици се поперспективни. Англискиот според мене е втор по перспективност, после германскиот. Во секоја поголема фирма која работи со увоз/извоз потребен е преведувач. Во секое школо и во сите приватни школи требаат професори по Англиски. На крај на краиштата, секогаш ќе има некој со некои документи за кои ќе му треба превод (можат ова да го преведат оние што „знаат англиски“? I don't think so). Го даде примерот со девојката која завршила класични јазици, знаеш колку примери има како неа? Се бројат на прсти. Старогрчки не се изучува нигде, латински само во гимназиите, и во тие гимназии вообичаено има по еден професор кој се менува на 30 години. За другите јазици и погоре некои девојки коментираа, можеби има катедри но нема материјал и со завршен факултет ти треба речник да се снајдеш. Нема книги, нема филмови, нема некој со кој ќе го зборуваш, а и да се изнамачиш и го научиш некако, тоа не секогаш ти гарантира сигурна плата.
^ Секој со свое мислење, ја напишав дека освен за превод и толкување, секој кој знае англиски а не завршил таков факултет ќе се снајде, не мора да го има факултетот. А и повеќе од тие 2-3 збора. За тие фирми што зборуваш дека треба превод и толкување, да треба, а и да треба во цела фирма повеќе од 1-2ца не требаат. А ако фирмата соработува со чешка компанија на пр. што е поважно чешки или англиски? Или со германска фирма? Е затоа мислам дека сите се поперспективни од англискиот, зошто мене што и да ми збори ќе го разберам утре и ќе му возвратам. Реков, за поголемо знаење од разговорен јазик ќе си земам деловен англиски двата дела или деловен германски двата дела, деловен руски ехееее огромен избор има. Не ми треба којзнае каква граматика, книжевност итн. што се учат на Филолошки за да знам стручен или бизнис инглиш. Така што едноставно сметам дека не е перспективен, и не знаат сите англиски колку што знаат студентите на филолошки нормално, ама за она што им треба на работното место сигурна сум дека сите што знаат стручен или бизнис англиски ќе се снајдат, не мора да се со таква диплома. Еве еден што е на Економски, повеќе знае деловен англиски од студентите на Филолошки. Има другари таму и вика ја ги прашувам онака некои поими, ама поим немаат тие. Не му треба преведувач, не му треба толкувач не му треба никој. Со тек на време сите ќе обрнуваат внимание на деловниот англиски и стручниот англиски, ако разговорниот го владеат добро. А разговорен англиски мање-више колку да се разбереш знаат сите, и со тек на време се повеќе зошто станува малтене ко мајчин јазик. И колку што е перспективен македонскиот јазик да се студира, толку е и англискиот, речиси на исто ниво ги ставам. Тоа е мое мислење, нема да ми се смени. Едноставно како што за многу луѓе други смерови на факултети не се перспективни, така за мене Англиски јазик и книжевност не е перспективен. Превод и толкување е поперспективно од тоа. Така што кој сака да се запише да студира англиски ја мислам да се запише на ПиТ. Бар некад да му вреди тоа, а не од обичниот граѓанин што знае англиски да го дели малку поголемо знаење и една диплома. И фактот што може да биде само професор. Додека со ПиТ можностите се каде-каде поголеми. На крају краева секој со својата среќа. Никогаш не се знае, дал врски, дал знаење, дал снаодливост, дал ете чиста среќа секој ќе си го најде својот пат
^ Ова што го пиша РусокосаваСедумнајсе држи вода само затоа што (како и за многу други работи) живееме во Македонија. Инаку, фино дејче, младо ем убо, не можеш за глобален јазик да речеш дека е понеперспективен од некои поретки и помалку зборувани. Мизерните услови кај нас ти го создаваат тоа мислење, а не вистинската ситуација со англискиот на глобално ниво. Инаку, денес кој не знае англиски? Па во Македонија одма ќе ти најдам 300,000 луѓе, минимум.