Моето мислење за значењето на буквално владеење од сите аспекти на англискиот јазик во странство е на високо ниво, ама мене сите постови ми се за во Македонија, во темава ги подразбирам факултетите низ државава, а странство ех тоа е друга приказна не само за јазиците, за сите области!
Што направи ти бе, англиски џоа српски, па сите знаат. Јас во овие 3 години на факултет заклучив едно само, сите се фолираат дека знаат англиски ретко кој вистински има познавања, ЗДРАВИ, граматика, конструкција на реченица, РЕЧНИК на зборови. Убаво ни викаше нас класната во средно, никој не знае англиски толку многу колку што милите дека знаете. И во право беше. Знаеме, ама некои базични познавања, ретко кој е елоквентен и има добри познавања. Прво немаме добар речник, со недоволно зборови. Барем англиски не е македонски, имаш милион сининоми за еден поим. Таков англиски коа ќе чујам со акцент свиричински па, ми се крева косата, за мене тоа не е англиски, тоа е бучкуруш. А за муабетот дека со јазици нема просперитет, не се согласувам ИЧ. Не е ова темава, офф сум, само сакам да кажам дека од овие муабети дека само економисти требаат на државава и правници, ми се се*е, да ми простите на вулгарност, ама заради тоа, има вишок на правници и економисти, со лопата да ги ринеш, кадри чљ, битно имаат диплома они. А во главата што имаат?
Моето мислење се поклопува со тоа на Плавуша. Но, донекаде Штом живееме во Мк, нормално дека ќе зборуваме за нашиве македонски услови, а не за како е во САД, Швајцарија, не знам ти каде. Не треба тоа да се меша. А, точно е дека во нашава земја, имаме еден добар суфицит на студенти на Англиска книжевност, ПиТ, па и правници, а и она што јас го студирам - економисти. Секоја факултет си има своја тежина, сите кукаме додека да завршиме, али сепак економистиве, па и правнициве, ги ставам на поперспективно место од јазичариве. Зошто? Зошто јас пример со мојов факултет, можам да работам во банки, штедилници, како сметководител, менаџери во најразноразни фирми, секаде е потребен економист во денешно време, па и крај краева, и ко професор можам да работам. Тоа е многу поперспективно од опциите да бидеш преведувач, професор, и евентуално да си отвориш приватни курсеви по некој јазик (доколку имаш финансии, нели). За толкувачите не ги мешам во прикаскава, оти малце се во Мк, а земаат многу дебела пара за тоа што го работат. Не се согласувам со Плавуша кога вели дека не се потребни преведувачи, ако ти го знаеш англискиот колку-толку. Потребни се, за преведување на документи и такви ствари. Ти ако водиш некој бизнис, и се занимаваш со бројки како економист, да не ти сама ќе си ги преведуваш документите ако ти е потребно? Како не. И уште нешто. Англиски 1 и Англиски 2 на економски ни одблизу нема да ти го доловат бизнис инглишот како што навистина е. Тоа се само изборни предмети, кои се таму за да пополнат кредити, професорките се од Филолошки, те тераат да читаш текстови, и да си решаваш вежбички само колку време да помине. Башка што тестовите може да ги реши и да положи дете од 5-6 одд. Така да, ама ич не се надевај дека нешто ќе научиш англиски на економски.
Па тоа и јас велам бе , дека во Македонија ретко кој вистински знае англиски, иако вака кажано „на хартија“, 2 милиони го знаат џоа Англичани ... Види уште еднаш, ќе сфатиш дека тоа е како одговор на кажаните работи на РусокосаСедумнајсе.
^Oпрости, изивни Не сум те сватила што всушност сакате да кажете, ГОСПОДИНЕ И сум испушила да кажам, нешто кој факултет и да г избирате, НАЈБИТНО после тоа дали има работа со тоа што го сакате, е дали виситнски тоа го сакате. Без мака нема наука, ама јас би додала и без љубов нема наука. Барем за мене џабе и просперитет и се, ако го учиш без тронка љубов. И ако запнеш за нешто силно и со интузијазам, еден ден ќе има feedback за таа мака, т.е тој просперитет.
Еве на пример јас се двоумам токму помеѓу овие два факултета . Филолошки или економски?? Работата е во тоа што и едниот и другиот е преспективен до некаде. Со јазици си имаш занат, се негде овде,онде можеш да преведуваш и од дома. Има еден куп работа на интернет само побарајте.Башка фирми итн... А економски навистина има многу работни места, ама рака на срце има премногу економисти, што сепак има суфицит. Некои ми велат јазик си е јазик нема да погрешиш, други пак економски ти е појак.Што ќе одберам останува на мене!
Да не сум офф, само да се надовразам на претходната дискусија за тоа дали е перспективно знаењето на англиски јазик. Според мене е, и тоа многу.Добро, колку што може да биде перспективно нешто кај нас, затоа што факт е дека со било кој факултет е потешко да се најде работа и да се просперира. Ама како што кажа Најти тоа е глобален јазик и не може ни под разно да се споредува со некои јазици кои не се толку зборуваат, нема веза што се ретки и као демек се оди по таа логика, ретко кој ги зборува. А едно е некој да тврди дека знае англиски а можам да се кладам дека некои понепознати зборови и фрази нема да знаат да ги кажат. А сосема друго е да дипломираш на филолошки, е само во тој случај си го изучил добро јазикот и го знаеш.
Точно, останува на тебе. Кога ги сакаш и двата, одбери го она што повеќе те влече. Ако ги сакаш повеќе јазиците одошто економијата, тогаш оди таму. Ако повеќе сакаш да учиш од книги од 500-600 страни, повели на Економски.
Јас се двоумам помеѓу фармацевтски факултет и природно-математички ( аналитичка биохемија или применета хемија). Што мислите, со кој од овие два факултети можам да најдам поубава работа, т.е. кој е поперспективен? И конкретно за овие два смерови на ПМФ, кој мислите дека е подобар и што е разликата меѓу нив? Не сум баш добро информиана за ПМФ, па некој ако студира на некој од овие два смерови може слободно да се изјасни со негово мислење
Запиши се на фармација. Имам една другарка заврши на ПМФ на некој од овие смерови и тоа со многу добар просек 10.00. Прво беше демонстратор таму неколку години, но како и секаде со врски други примија за асистенти. И после тоа 3-4 години и сеуште бара работа и неможе да најде.
Што е поентата да се запишеш на некој факултет со кој ќе бидеш по сигурен дека ќе најдеш работа кога истиот воопшто не те привлекува. Може и ќе го завршиш но никогаш нема да бидеш доволно добар бидејќи тоа што ќе го правиш нема да те исполнува, а многу добро знаеме дека сме најдобри во она што го правиме од срце. Одберете факултет кој ве влече, за кој сте сигурни дека ќе му се посветите целосно, а понатаму за работа секој со својата среќа. Не мора да значи дека, на пример, ако има многу правници во државава, нема да најдеш работа со Правен факултет.
Јас се двоумам помеѓу туризам и етнологија. И двете ме привлекуваат, но не можам да се одлучам за едно од тие. Што мислите вие, кој факултет е подобар?
Јас мислам етнологија ти е подобар избор, мене туризмолог и не ми е некоја професија. Сепак твој избор си е. А инаку јас се одлучив за ПМФ-аналитичка биохемија. Некако најмногу ме влече тоа и имам чувство дека ако се запишам на фармација ќе направам љуфка во животот, што се однесува за вработување после факултет. Така да ќе биде ПМФ 99%, се надевам дека до август нема пак да се премислам
Архитектонски VS. Правен Се прашувам дали некој од вас некогаш бил во иста дилема. Годинава сум матурантка и нормално година и на животен избор. Е мојот избор ќе беше многу поедноставен да не аплицирав на ФОН за стипендија. Работата е во тоа што, бев целосно решена дека архитектонски на Кирил и Методиј е мојот единствен избор, соодветно на тоа ги одбрав и интерните и екстерните предмети. Конкретно за истиот, она што отсекогаш ме плашеше е што ако не успеам. Од причина што, освен желба, не знам колку сум способна да го издржам она што од мене се бара. Во математиката сум просечна а во уметноста и не многу талентирана. А да не го споменувам и приемниот испит. Па често се фаќав себе си како размислувам: "Дали желбата е доволна за факултет каков што е архитектонскиот?" Работата со правен на ФОН е тоа што нормално, стипендија од 2.000 евра и те како ќе те натера да се подзамислиш. Не дека немам претензии кон правото, но не знам дали доколку ја немав стипендијата некогаш ќе го одберев Јустинијан. И пак се враќаме на дилемата, што е поважно, желбата или способноста?
Starinnights, најважно е да ги усогласиш желбите со можностите и да не дозволиш стравовите да те водат при една вака битна животна одлука. Sо архитектонски имаш многу повеѓе перспектива а со правен посебно на FON не знам баш.....Kога веќе трошиш 4-5 години од животот потроши ги паметно, можеби ќе вложиш повеќе труд во студиите по архитектура ама ќе имаш повеќе можности во животот. I за овде и за во странство. Kога веќе си ги одбрала екстерните за на архитектонски , со среќа. Tоа ќе ти биде еден показател колку си добра по тие предмети а за се друго ќе учиш, и математика и уметност затоа одиш на факс , за да научиш нели ? Zапомни дека стипендијата на FON не ти вреди многу кога знаеш дека во наредните 10години приватните факултети на Bалканот нема да бидат ценети Sо среќа сонце, се надевам дека барем малку ќе ти помогнат моите размислувања
Praven ili filoloski Девојки ми треба ваша помош. Матурантка сум и се двоумам помеѓу два факултета правен или филолошки. Јазиците многу ми одат и ако запишам тоа би студирала превод англикси француски и шпански. Од друга страна многу го сакам правото и би сакала по завршување да работам во банка. е сега сите ми велат дека со правен многу било тешко за работа и самата знам дека со превод одма би нашла. мислев на варијантна да студирам еден редовно друг вонредно но тогаш не би имала време за себе. ми треба ваша помош, совет и мислење. благодарам однапред